Ме мрзи да си го кревам креветот после спиење. Ме мрзи да ја раскренам масата после јадење. Ме мрзи да се облекувам после капење.
Ме мрзи да учам. Ме мрзи да си го наместам креветот за спиење. Ме мрзи да си ја раскренам масата после јадење. И се ме мрзи
Ме мрзи да си ја средам собата.. ме мрзи да ја отворам хемијата мразам хемија! ме мрзи да го земам домашниот и да се јавам на дечко ми.. ме мрзи да си ги соберам пегланите работи и да ги однесам во соба. ме мрзи да се тргнам од компјутеров, а истовремено ме мрзи да куцам денес ме мрзи ама баш се! Само една работа не ме мрзеше - да си купам Mars- чоколадце
мене ме мрзе да одам на доле да се шетам со моите другарки тоа не го сакам да трчам по нив низ центарот,а исто така ме мрзе и да мијам садови а кога ке дојде денот да се туширам смрт ми е ми се стемнува пред очи од работа кога ке ја видам
Ме мрзи кога треба да се симнам да одам до продавница....да сум на приземје во куќа,немаше да ме мрзи.
ме мрзи да разговарам хахахахха ма све ме мрзи во моментов...само би лежела и би слушала музика. е така..
Ме мрзи да правам комбинации уште од сега за утрешната собиранка... А во моментов, не да ме мрзи да се облечам! Би дремела во бањаркава до бескрај.
Ме мрзи да си ги сменам батериите на часовниците. Имам два рачни часовници и не ги носам затоа што се застанати оддамна
Me мрзи, се ме мрзи. Ме мрзи да учам, ах хемија, хемија.. И кога ми те сервираа на готово досадна и одбивна си ми!
Ме мрзи да седнам и да научам нешто! Дудук сум, а имам 200 страни и тест неделава. Ќе си ја тепам главата, ај..
Да живеам! Таков ми е денот денеска. Имам добиено, времево е тмурно и ужасно, недела е... Имам само желба да спијам. Господе спаси ме.