Девојки, цел ден учев, имам премн тежок материјал за учење што ми го оптеретува мозокот ептен! Вечерва веќе почна да ми се врти од што ме болеа очите... И ај седнав на мсн да си пишам со дечкото демек да ме разведри малце... Но тој одма почна да вика требало да одам да си ги проверам очите, вака, така, не сум слушала... си кажува кажува... и му велам ај доста е, уморна сум, мислев ќе ме релаксираш! Тој ми вика “јас сум уморен, секој ден играм фудбал!“ И ми вика ти си крива за ова! Јас почнав да му зборувам дека ако сака да се кара да ме остави мене на мир да се расправа со некој друг! демек тој мислел на мене, затоа така викал, за мое добро било... ама го погоди моментот! ако мислеше на мое добро вечерва кога знаеше како ми е ќе зборнеше нешто убаво! И на крај ми рече “чао“ и се исклучи! а тоа ме повреди премногу! не можам да му простам за ова! Изгледа како мала работа ама во моменти како овој... Боли, и тоа боли многу! како да сфаќам дека не му вредам, нели?
Ах, слатки љубовни маки..секаде што ги има..и немој да мислиш дека само тебе ти се случува тоа... И јас сум правела така...и полошо...може само сакал да избегне кавга. Јас ке ти советувам ако продолжи нормално да се однесува, не му спомнувај ништо за ова, зошто е буквално ситница, си била нервозна, изморена а оној кој не е во твоја кожа нема никогаш да те свати
Сигурно бил изнервиран во моментот, како и ти па немало на кој друг да го истури бесот па ајде на тебе. А и ти баш неси била во најдобро расположение па си го сватила ова озбилно. Несе нервирај, ова се ситни љубовни кавги. Можеби му прќиснало што неможел цел ден да те види па затоа. Загрижен е за тебе, па затоа ти вика да си ги провериш очите, немој да е некој сериозен проблем. Се изнервирал затоа што неси обратила внимание на тоа, и за да не дојде до поголема кавга се исклучил. Не се нервирај ке помине
Па после подолго расправање заспав, денес некако се средија работите. Се осеќав многу лошо, знаете како е цел ден над книга да бидеш, па паметот не ми беше бистар Сепак неубави работи се случија кои се надевам нема да се повторат... Фала ви на тие што ме разбравте и ми покажавте дека не е ништо сериозно.
Вакви мали проблеми ствараат тензија во врската. Цело време ќе пазиш да не го изнервираш за да не ти се испонаша така и да не ти е тешко после... Ако се случило еднаш во ред е, има такви моменти. Но ако се случува постојано без никаква причина дечкото сака да се плашиш од него и да му се потчинуваш.