Не сум суеверна воопшто, ама верувајте дека на секој втори во месецот ми се дешава некоја непријатна ситуација Чудна коинциденција некоја можда, ама стварно
Мене многу работи ми се поврзани со бројот 2. Родена сум на 24.05.1994. во вторник. Втор пат со тој што го сакам го видов на 02.08.2010. И го сакам бројот...Дури мислам и дека ми е среќен. Но не верувам дека ме прогонува туку дека сум се заљубила во бројот...
Немам приметено вакво нешто,мислам дека се е подсвесно... Во денот се срекаваме со многу бројки,броеви и стрикно забележуваме еден и мислиме се се врти околу него
Погледнете го филмот, и Џим Кери мислеше така. За сите кои го прогонува некое бројче (не нашето Бројче на форумов де). http://www.imdb.com/title/tt0481369/
Мене се ми се врти околу 8. На 8ми се фатив со мачорот,во 8 одд. Тој ден кога се фативме он носеше маица со голема 8ка. Прстенот што ми го купи има 8 ливчиња( не го приметил додека го купувал). и уште многу други работи кои не се за во јавност...
Абе ај Мене никој па не ме прогонува.Lucky me.Никогаш не сум обрнувала внимание на датумите,некои анализи нумеролошки не сум правела.А и не планирам за во иднина.
е мене ме прати 565... насекаде го гледам, троцифрен број да... го собирам и испаѓа 16, нишо не можам да поврзам, ама бројов насекаде го гледам баш секој ден, по регистрации, по весници некои бројки што ги сретнувам, по книги шо читам по примерите, НАСЕКАДЕ!!!и нема ден да не го видам
мене ме прогонува 23 ...не сум приметила навистина , баш една другарка забележа дека секоја блуза тренерка или сто и да е сто ми е купено или некој ми го подарил го има бројот 23 ах ке да има нешо
И мене многу често ми се појавува нешто поврзано со бројот 7. Планирам во скоро време на лото да уплатам, можда ќе фатам 7мица
Во склоп со темата Спојлер гледајте го филмот the number 23 чекам коментари,и за тоа дали ова е возможно
Мене не ме прогунува број туку буквата М. Кај и да се завртам ја гледам. На клупата кај што седам во училише изрезбана е таа буква, одеднаш како се завртив на столчето кај што седи другарка ми видов М напишано. Тестот што го правевме по физика М буквата беше испуштена и наставничката ја имаше напишано со пенкало. Одам во ве-цето и со некој сјај или што беше, во ќошот на огледалото беше напишано М. Влекувам во училницата и децата што се во другата смена, помалите, учеле за годишните времења и на summer, двете м беа избришани. Многу прашања во главата ...
Ја мислам дека се ова со бројките е до психата.. Немав некое оптоварување со бројките се додека на повеќе места не видов дека на риби во хороскоп еден од среќните броеви им бил 2.Сега за секоја двојка викам леле двојка пак не ми се верува!!А иначе секојднневно гледаме мн бројки ама само на тие што сме си ги замислиле има даваме некакво значење
8 бројот е насекаде околу мене, 8 бев во дневникот основно, 8 пак сум и средно, играв за тим и ми го фрла тренерот дресот и го гледам 8, сега баш и не можам да се сетам ама цел живот сум 8 во се, уште од мала имам забележано дека премногу ми се јавува тој број
Дефинитивно број 13! х) Цел живот сум број 13 во дневник, и во основно, па и сега во средно. Бројот на мобилниот ми е со 13-ки, а најинтересно ми беше и кога имав 13 години на 13-ти се смував со тој што ми беше најголема љубов имаше и други работи со 13-ки порано ама не ми текнува во моментов.. За среќа не ми е несреќен број