Meне ме Прогонува бројот 9!! =// И се ми се случува на бројот 9.. Се фатив со децкоми на 09.09.2011 ..после раскинавме на 09.03.. Исто ми се случува и со часот 9 .. Едноставно почнувам да се плашам од бројот 9..!!
Мислам дека ме прогонува бројот 3. Многу важни работи во животот ми се случиле на 3ти, многу мои блиски личности имаат роденден на 3ти, мислам дека го гледам насекаде. А од друга страна ми е среќен број.
менеме прогонува бројот 13 уште од малечка, се што ми се случува е на некој начин поврзано со бројот 13 и каде и да се појавел секогаш сум имала среќа.
Мене како да ме прогонуваат 1 и 9, секогаш кога ми се паѓа таа комбинација на покер добивам најчесто голема сума , два кеца обично знаат да те зезнат зашто очекуваш дека ќе земеш а уствари ќе ги лапне некој со три од една или фул хаус јбг.
Секој ден ми се претвори во борба за преживување. Терор. Параноја. Тој ме прогонува каде стигне, ме следи по улица, ми се јавува и ми дише во слушалка во ниедно време... Полицијата не ме сфаќа сериозно, а јас тонам во страв се повеќе и повеќе. Каде и да се свртам го гледам! Страв ми е дури и името да му го споменам...27!!
Ме прогонува бројот 16! На 16 години на 16.02.2011 ми почина драго лице, за автобус до училиште одам со 16-ка, училницата во која престојувавме цела година беше кабинет број 16, исто така број 16 сум во дневник. На 16-ти еднаш ќе си го загубев животот (не по моја вина секако). Единствено не сум го проверила завршниот код, пустото и тој можеби ја изнесува оваа глупава бројка Коинциденција? - Не би рекла
Лево - десно, десно - лево. Овооооој бројов 3, ме следи. Во дневник сум број 3, родена сум на 3ти, куќата ми е број 3. Трета среќа, huh ?
Кога бев помала како основно и средно ме прогонуваа 2 и 4 На 29ти сум родена, секогаш број 14 во дневник и некој други работи на кои моментално не ми текнува! А сега откако сум на факултет, бројот 7 е тој прогонувачот се, 7мици ми се (верувале или не) од оценка до оценка, ја немам друга поразлична. Идам на прв колоквиум и на пр.имам многу поени, а на вториот "уткам" така што кога ќе ги собеарм 7мица испаѓа. Дечкоми со кој се фативме на почетокот од прва година (факултет) е роден на 7ми и сл. А денот кој секогаш ми е преубав и ми носи многу среќа, воедно и во тој ден сум родена е среда...!! Во среда секогаш убави работи ми се случуваат! ...и да, денес е среда!!!
Не дека ме прогонува, но премногу често се случува да си го напишам онака од чиста мира во тетратка. 45. Како што си црткам срценца цветчиња, така и тој број. Некогаш и со прст додека гледам тв си поминувам низ воздухот. Врска немам зошто, и какво значење ми има. Всушност нема никакво значење а самиот излегува од мене.
Па незнам дали ме прогонува,но.. Од првиот ден кога тргнав на училиште до сега,значи од прво одделение до 3та година во дневникот сум секогаш 3ти број. Коинциденција или не,незнам.
http://www.youtube.com/watch?v=HfeoINV7WCU Eве нешто смешно, да не гледаме само на негативна страна Иначе не верувам во прогонување со броеви или било какви слични ствари..Тоа е само коинциденција.
За сите оние кои сметате дека ве прогонува некој број ви препорачувам да го гледате "Тhe number 23". Според мене сето тоа е до вашата потсвест, не дека не другите броеви не се насекаде околу вас туку вие сте се втириле токму во тој број и мислите дека ве прогонува.
јас дури и почнав на интернет да барам за бројот 111, значи каде и да одев негде ќе го забележев, а и најдов нешто што пишуваше дека оваа година е година на единиците и на луѓето родени во октомври( како мене ) а и имаше некои сајтови каде што баш за тоа се зборуваше дека на многу луѓе во последно време му се повторува често бројот 111, а тој бил симбол за светата троица за ангели или нешто слично
Мене често пати ми се случува кога ќе погледнам на мобилен да видма колку е саат да биде 14:41... а не работам па да кажеш зјапам у саат па да ми помине времето, не...
Нумерологија Ве замолувамм дали некој знае да ми каже што значи бр.11 во нумерологијата..Буквално ме прогонува овај број.. знае некојј???
Ве замолувамм дали некој знае да ми каже што значи бр.11 во нумерологијата..Буквално ме прогонува овај број..знае некојј???