Мене бројот 7. До седмо одделние бев 7ма во дневник, од осмо бев 8ма. На седми септември сум родена. Неколку пати гледам таблици со број 777. Кога искачам надвор секогаш во 7. Кога ќе наполнам 17 години, се паѓа во недела (седмиот ден од неделата).И уште многу други. Го најдов ова на интернет, и барем според мене е точно. Значење на бројот 1 - Единицата претскажува јаки и самостојни личности. Иновативни се и креативни, што им обезбедува успех во работата. Ги сакаат предизвиците и секогаш се спремни да се впуштат во нешто ново. Позитивно влијаат на луѓето околу себе и ги мотивираат, поради што често се лидери на тим луѓе, иако повеќе им одговара да работат самостојно. Во секој случај, единиците можат да постигнат доста во животот. Значење на бројот 2 - Двојките се нежно и топли личности. Важно им е да постојано да бидат со саканитее, зошто само на тој начин функционираат. Во група се чувствуваат посигурно, па тимската работа за нив е идеална. Многу внимание им подаруваат на пријателите и семејството. Емотивни се, ранливи, па ако саканите ги запостават, се чувствуваат отфрлено и депресивно. Поради тога би требало да се осамостојат. Значење на бројот 3 - Личностите на кои им одговара овој број се шармантни, сакани, неодоливи. Креативни се и сакаат да се дружат. Често се занимаваат со уметност, ако не професионално, тогаш од хоби и макар како публика на концерти, драми, изложби... ако не се уметници сепак се занимаваат со нешто необично и несвекојдневно. Тројките често ја расфрлаат својата енергија на неважни работи, па би било добро да се сконцентрираат на долгорочните цели и да ја видат својата долгорочна иднина. Значење на бројот 4 - Четворките се совесни и вредни. Сериозни се се и темелни во се, па им пречи површноста и неодговорноста кај другите. Рационални се, понекогаш се резервирани и студени но не сакаат да се променат. Затоа останатите им се прилагодуваат ним. Би требало да бидат потолерантни за да можат да ги спроведат своите идеи и да ја развијат сопствената личност. Значење на бројот 5 - Петките се авантуристи кои не ги држи место. Сакаат да запознаат што повеќе луѓе и места; уживаат да се дружат и да излегуваат. Ваквитенивни особини ги прават да се успешни во организацијата на работата или во односите со јавноста, па во таа насока би требало да го развиваат својот талент. Другите често се воодушевени со нивните идеи и совети, но ако се долго на едно место- нивните мани излегуваат на видело. Рутината и секодневието кај нив ги будат нивните слабости, како што е склоноста кон зависности. Значење на бројот 6 - Личностите на кои им одговара овој број поседуваат нагласени уметнички талент, па и ако уметноста не им е главна професија, сигурно ќе им биде хоби. Одговорни сњ, великодушни и никогаш не ги изневеруваат луѓето околу себе, но не поднесуваат критика- тоа ги депримира. Поради својата потреба да им помагаат на другите можно е да станат лекари или психолози. Значење на бројот 7 - Седмиците се темелни и детални. Работите ги тераат до крај а им одговара самостојната работа. Интуитивни се и тешко ги покажуваат своите чувства, но ако му веруваат на партнерот со кого се во врска потполно му се посветуваат и предаваат. Слично се однесуваат и со пријателите; тешко прават нови познанства, но за старите пријатели се спремни на се. Значење на бројот 8 - Осмиците стојат цврсто на земја и сигурни се во себе и во своите одлуки. Имаат голема самодоверба која многу им значи на деловен план, посебно во финансиите. Способни се да бидат лидери, не се плашат од предизвици и почитувани се. Но, нивниот ѕаповеднички тон негативно им влијае на семејниот живот. Затоа е важно да се опужтат и да сфатат дека никој не е совршен, па ни тие самите.. Значење на бројот 9 - Деветките можат да работат најразлични работи, но најмногу ги исполнува хуманитарната работа. Другите во нив гледаат поддршка, а тие самите се среќни да помачаат кога и да можат. Иако се надарени за уметност, не значи дека ќе се ѕанимаваат со тоа. Отворено ги покажуваат своите чувства, понекогаш дури и предраматично, и не ги сакаат предизвиците.
elena кога си родена пробај да ги собереш бројките кога си родена на пример 28.02.1993 2+8+0+2+1+9+9+3=34= 3+4=7 е тогаш навистина те прогонува 7 ехехеех кажи што ти излезе
07.09.1996 0+7+0+9+1+9+9+6=41 41=4+1=5 He e. x) Али има некои ситници, што ме бунат. Ноќеска, кога заврши Жаде, имаше журнал и пишуваше дека е 07:07 (реприза)
Нумерологија И мене ме „прогонува“ 11, но тоа е затоа што премногу настани во животот ти се случиле на 11ка и премногу му даваш значење на бројот, како што читав 11 значи Пресврт или Доживување на Флешбек, како нов почеток и нова личност. 11 е примарен број на универзумот и претставува почеток на се.
Нумерологија Баш тоа е тоа...Нов почеток...нова личност кој ми го промени животот..Него..го запознав на 1 Мај и со него сум од 11 Мај,на 11.11.2011 праевме 6 месеци.Мојот омилен број откако го запознав него е баш 11-ка
Јас две години скоро секоја вечер гледам 00.16 П.с. Ја мразам 16-ка како бројка само поради оној проклет 16-ти октомври!
И мене ми се има случено тоа, кај мене бројот 14...ама постојано...се мислам што ли е работата во денот морам обавезно да погленам 14:14 :/
Нумерологија Бројот 11-во нумерологијата Значење -Во својата животна патека имаат големи планови за себе,постигнуваат големи успеси,остваруваат големи дела но секако имаат и падови. Сепак значително за нив е што имаат многу јак карактер,тадури да дојдат до дното успеваат да се искачат и повторно да се борат да го добијат она што го зацртале
Jas otsekogas sum mislela deka brojkite imaat golema uloga vo zivotot na eden covek. Mene vo poslednive 2-3 godini me progonuva casot 17:07. Sekoj den go "fakam". Mozebi i porano sum go gledala, ama ne sum obrnuvala vnimanie. Isto, bidejki ima 7ki, mislam deka 7 mi e suden broj, bidejki sum rodena vo 7ot mesec od godinata, a vrskata so decko mi ja zapocnav na 17ti den od mesecot. Ima vrska casot so ovie dve raboti? Hm? Sto mislite? Inaku, 11 mi e zivoten broj. Izvinete za latinicata.
Кога бев прва смена во школо, последните 3-4 недели секој ден стигнував во 07:18 а за цагерите, последниве денови фаќам 22:22
кај некои навистина има прогонување од број, на пр. кај Тоше Проески, него го беше прогонувал бр. 26, умре на 26 години, датата беше 16.10, роден е на 25. 01... Сега не е така кај сите, но кај некои навистина само еден број може да игра улога
сотогашниот дечко се фативме 23 мај се земавме 23 мај после 4 години и керками е родена на 23 јуни и баба ми исто на 23 јуни мислам дека 23 игра голема улога кај нас
Ме прогонува еден број. 3 Од прво одд. до 4 год. сум трети број во дневник. Сега на полагањето мак. и анг. бев во соба бр.3, а утре на едниот интерен пак ќе бидам во соба бр.3. Случајност или не, кој знае.