24. Како малечка порано со една другарка седевме и пишувавме омилено бројки и цифри и јас велев дека 2 и 4 обожавам да ги пишувам и така испишав по еден лист 2ки,4ки и 24ки..И од тогаш како да ме прогонува бројов или психа(се е психа). Иако ми нема никаква поврзаност со моја дата или вредност ама многу го има околу мене. На пример два смртни случаи на блиски од фамилијата, број на новиот стан на баба ми... Еднаш кај другарка отидов, и таа имала домофон и ја барам на телефон, велам кажи кој број си, и таа се шегува вика ајде погоди..И јас откачив 24? -Таа се испозачуди, вика еј не си нормална од прва го погоди...И така повеќе други ситуации имало,сега не можам да се сетам. И навистина ме интересира поврзаноста со овој број, се надевам ќе дознаам некогаш. А, и омилен број ми 12, х2=24
12 На 12-ти ке се удавев во море во огромни бранови , 12 бев во дневник во школо , 12 починаа 3 мои роднини, на 12 ми се има се најлошо случено
neznam no koako mala imav beleg na celoto 7 rodena sum na 7 a pred nekoj den mi padna lak vrz nogata i mi se ispisa brojot 7 a vo horoskop 7 mi e sreken broj
Е што де, што напишав за бришење? Од детството ме прогонуваат бројки, поточно учебници по математика.. -.- Да не смее да се нашали човек овде, иако шо.. вистината си ја кажав : D
20 а зошто немам појма. Се она што ми се случува баш се случува на 20ти во месецот. на 20 сум родена, на 20 правев операција, на 20 се фатив со дечкото, на 20 положив за кола...
мене 11. од прво одд. до 4 год. бев 11 во дневник, тренирав ракомет и двата дреса што ни ги даваа ми беа 11, индексот ми е 8011, сега брзо купив карта за еден натпревар и на картата ми пишуваше блок11 ред11 седиште11, а интересно е тоа што бројот не ми е ни среќен ни несреќен, баш онака ништо посебно ми се нема случено поврзано со овој број, само онака да речам "ме прати"
па мојот број е 835.уште од ехеееј во средно училиште имав еден тип и регистрацијата на колата го имаше бројот 835, и од тогаш мислам па наваму тој бр.го гледам секој ден 2 пати нај малце,на сабајле и вечер ко темпирана обавезно без да сакам се пулам да видам колку е сато ама мора да е 8:35,или на тв че има нешто тел.бр.мора во цел тој бр.да го има 835,и незнам а видам број ама мора да го има и овој бр.
Не верувам во фразата дека некој број може да ме прогонува, мислам дека сето тоа е резултат на нашата потсвест, ние си правиме таква илузија, во низа од броеви ние го бараме и гледаме токму оној број што мислиме дека не прогонува. Јас не сум обрнала внимание дали ме "прогонува" некој број, но има еден што доста често излегува од мене, онака махинално. На пример, бројот 2004 и 41. Многу често кога е потребно да напишам година, било тоа честитка за Нова Година или некоја дата, јас несвесно пишувам 2004 година. На неколку пати ми се има случено да напишам дека сум родена во таа година, 16.09.2004 или Среќна Нова 2004, а тоа да е 2011!! Не верувам дека е поврзано со нешто или дека ме прогонува, се` е психа. Не само број, мое мислење е дека секоја промена во животот, секоја ситница, се` е во начинот на кој гледаме на ситуацијата, како тоа поминува низ призмата на нашата психа, и од тоа зависи каква слика ќе створиме за истата.
Прогонувај ги и ти нив Шала на страна, не е ништо страшно, сепак мислам дека сето тоа е само потсвест или можеби желба да не прогонуваат одредени броеви заради некои добри работи повразни со нив