Многу чудно, син ми 4 години, пред да одиме на одмор го погоди бројот на станот 14, од нигде никаде рече така. Потоа повторно бевме на одмор во друг стан со број 14. Пред некој ден отидовме да гледаме стан кој сакаме да го купиме, и син ми беше со нас, и тој е број 14. Што мислите вие за ова?
@coconaut незнам, ама знам оти кога отворив да ти го прочитам мислењето пишеше дека е напишано пред 34 минути ( бројот 34 ме прогонува 10 години ) Нема шанса до толку до минута секунда да погодувам секогаш 34 да гледам сегде и секогаш... На арно да е, што не пребарував за такви прогонувачки броеви ама тоа е, нема објаснување... едноставно број, освен кога ќе полнам 34 да сум жива и здрава да не е за лошо само...
Хахаа и мене ме прогонува број јас си го засакав и длабоко во себе знам дека има некое значење. Прочитав и на интернет секој број си има свое значење. Сепак не е само ова што го гледаме има и нешто повеќе метафизичкиот дел кој не го гледаме и сите тие енергии кои циркулираат низ и помеѓу нас. Така да си верувам и почитувам нумерологија. Пс: Сите ги прогонува/следи некој број. Некој тоа го приметува некој не.
@coconaut хахахах лелеее даааа стварно ц ц ц ај нека каже после некој дека случајно или во глава ни било. Неможеме со умот да го контролираме компјутерот нели
Мене 1 и 9 ме прогонуваат со години . Самиот роденден ми е на 19 декември , родена сум 1995-та , во 2009-та на 11.09 за малку ќе ме удреше автомобил во 19:19 часот ( кога видов колку е часот се стаписав ) враќајки се од училиште . Во средно еден период ме свиѓаа дури 9 момчиња , во 2019 скоро секој ден фаќав 19:19 , 11:11 на часовникот , некогаш и од спиење ќе се разбудев и ќе видев дека е 09:09 или 09:11 .. првите две деца ми се родени на 31-ви ( повторно 1 ) и 18-ти ( повторно 1 ) .. со мм официјално се запознавме ( се знаевме само онака од исто училиште бевме ) на 09 . 11 , неговиот роденден ( 25 . 04 > 25+4=29 ) . Родив на 18 ( 8+1=9 , а и 1 повторно се појавува ) прво дете , второ зачнато на мои 19 години ( годината на раѓање на ќерка ми поединечно пресметана > 2+0+1+6 =9 ) .. Јас веќе се плашам од деветкава . Кога и да поминам во детска , од сите расфрлани играчки , јас баш згазнувам на гумената деветка или единица ( имаат децава гумени коцкички со бројки од 0 до 10 ) . До толку е работава што дури и колата ни е со 1.9 мотор .. Имам уште еден куп случки , кога случајно или не , свесно или несвесно сум гледала 1 и 9 , особено обрнувам внимание кога нешто ќе ми се случи ( добро или лошо небитно ) дека секогаш има или 1 или 9 или пак и двете . Има нешто или нема , не знам . Од досегашно искуство , сепак има . Можеби ми било рано за на " оној свет " и затоа сум сеуште тука , а можеби е само мојата параноја ..
@CrazyGirl15 да многу убаво те разбирам, секако не е случајно ниту пак потсвесно толку што ги гледаме бројкиве. Јас до толку ја гледам 34 што кога купувавме стан со мм само стан бр 34 одговараше да го земеме. Па сега си живеам во 34ка хаха. Во една руска книга, нумеролошка пред 15 год имав прочитано дека ризични години ми биле 10,26 и 34. На 10 ме удри кола, на 26 имавме сообраќајка со мм, не многу страшна но доволно стрес ми направи, на 34 ако сум жива ќе ви пишам... Веќе почнува да ме плаши. Ме нервира дури уфф бе
Јас многу имам барано по нет што значи ова , но некако се што наоѓам , врска нема . А јас неколку пати имам избегнато да ме удри кола или да направиме сообраќајка со мм . Пред неколку години ни пукна гума среде автопат Скопје - Тетово , во возење со брзина од над 140 км/ч . Среќа па мм е искусен шофер и не е паничар во такви ситуации , па брзо реагираше и успеа да ја запре колата без да настрада некој од присутните . Згора на тоа , колата беше бензин/плин и чадеше ( подоцна видовме дека всушност пукнатата гума чадела , а ние ко улави бегавме од колата среде автопат , како на филм ) , само не се сеќавам баш што датум беше тогаш , ама знам август беше 2017 ( ќерка ми имаше околу 4 - 4ипол месеци ) . Од тогаш почнав сериозно да се плашам од 9 и 1 .
@CrazyGirl15 Па може, дајбоже ти ќе си дочекаш 91 год штом кога си имала 19 не ти се случило ништо лошо, напротив добро (си родила дете) тогаш уживај си до 91, слушај што ти велам l:
Мене ме прогонува 69 со години и не ми промаршува а да не го видам некаде,буквално го среќавам секаде
Целосно си во право за ова, НО каква е таа случајност да имаме јас и другарката во исто време 800 денари со нас? И после да го сретнеме пак тој број? Мислиш дека и тоа е психа?
Да си го кажам своето мислење. За тие што веруваат во овие работи ќе ме сфатат што сакам да кажам, а за останатите што не веруваат ќе помислат дека сум луда. Јас на бројките кои често ги гледам ги сфаќам како порака од ангелите или универзумот сеедно. На тој начин ангелите комуницираат со нас, преку бројки, преку песна, предмети итн. Има на интернет повеќе за тоа, го пишувате бројот и има објаснување што порака имаат ангелите за вас. Јас често го гледам бројот 1111. Според мене ништо не е случајно.
Јас со години на мобилниот го гледам 01:11 часот, абе секоја вечер без промаршување, добро, освен кога спијам, а тоа е реткост. Некогаш онака си скролам низ интернет и ќе се погледнам горе на екран колку е часот и оп 01:11, или пак телефонот нема да ми е во раце, ќе го земам и баш тогаш ќе се погоди пак во 01:11. Интересно е што вака со истите бројки постојано и се случуваше на братучедка ми, неа и прекина па се префрли кај мене
Луѓе веруваат дека преку броевите комуницираат ангелите што не чуваат и сакаат да ни кажат нешто. Постојат страни со Angel numbers, каде што сум читала значење на броевите, зошто и мене ми се случувало да гледам ист број насекаде, ако не друго барем мотивирачки се.
Може не е за тука не знаев кај да пишам,затоа што не ме прогонува број,но цело време ми се појавува она 11:11 кога и да погледнам на саат,без разлика,дали дома,дали на работа и не е чекање,проверување намерно,но неколку пати ми се случило да се фатам за телефон и само 11:11ми излегува од нигде ко порачано...Што мислите,има ли вистина во тоа дека е ангелски број,и она дека нешто убаво ќе ми се случува?Дали некој знае да каже нешто повеќе околу ова?