Има тема за броеви кои не прогонуваат.... Но има и личности кои ве прогонуваат?? Некои кои не ги познавате, а се секаде каде што одите, седите, шетате??? Они не ве приметуваат, но вие да??? Еве јас ке кажам прва... Една девојка, нормална, не некоја која паѓа во очи, насекаде ја гледам... ама буквално секој ден мора да ја сретнам.... Некогаш не се ни надевам дека баш на некое место ке ја видам и оп она таму... Сум ја сетнала во кафич, на рекорд, во сосема различни краеви од Скопје,на пазар, еднаш на тв ја видов.... Сама си се прашувам зошто??? Понекогаш онака ке зборам, зборам , зборам со некој и наеднаш ке се свртам (незнам ни сама зошто) и нејзе ја гледам како поминува... Колку што сум приметила она не ме ни забелезува, никогаш не ме погледнала, ама јас секогаш.....
Не, не, не е дух.... му кажувам на дечкоми секогаш кога ке ја видам, и тој ми вика абе ајде игнорирај ја, ама неможам и кога несакам нешто ме тера да се свртам на друга страна за да ја видам....
Значи и таа треба да си мисли дека ти ја прогонуваш? Случајност е тоа ,се движите на иста релација и затоа секогаш се среќавате . Јас во средно кога учев имав 100% буквално еднаков секојдневен ритуал и со некои луѓе секој ден на исто место во исто време се среќавав и тоа по повеќе пати во денот . Тоа мене дури и ми беше интересно,како да ги познавав луѓето ,понекогаш сакав да им речам :-Здраво Случајност е тоа ,нема место за паника
Ако таа не те забележува или не те гледа кога ти ќе ја приметиш, не верувам дека е нешто лошо. Можеби едноставно се движите на исти релации, излегувате на исти места, па се среќавате. Велиш дека не е упадлива и изгледа нормално...штом е таква веројатно не е пратена од некого да те следи, а ако е некоја враџарка тогаш би те гледала постојано!
мене нешто слично ми се има дешавано порано. Секоја вечер среќавав еден дечко не е дух сигурно не знам зашо каде и да одев го гледав многу ме чудеше ама сега веќе не ми се случуваат такви нешта.
Ми се случуваше да гледам како купува цигари еден човек на исто место во исто време секогаш кога си одев за дома од школо кога ќе бев втора смена-тоа лани декември месец, и почнав да се плашам, си викам што се случува со мене, и решив да прегризам усни и да одам да му кажам, почекав да си наплати на шалтер и само што се сврте се вцрвенив, ме фати страм си викам„што да му речам сега?“ и неочекувано дојде до мене и ми вика„ти тука некаде живееш?“ и ја оладив готово, ама после се запознавме, сега сме одлични пријатели, кога му раскажував што се си помислив, имаше дооообри часови со смеа -сигурна сум дека и девојката што ја гледаш, да ја застанеш и прашаш, ќе следи доолго смеење
Па можеби е знак дека треба да се запознаете, може другарки ќе станете озбилно, зошто не и пријдеш, ке си почнете муабет,ќе и кажеш како-што, може да биде интересно
Мене ми се случило сон кој сум го сонувала да го видам во јаве па после се прашувам од каде ми е познато ова или сум го видела некаде и отпосле откако ќе се помачам ќе ми текне дека сум го сонувала тоа и затоа ми е познато, а ова со девојчево што го среќаваш мене не ми се случило. Можеби навистина живеет блиску една со друга и се движите во исти релации или треба да поразговараш со девојчето и да се спријателите.
Јас мислам дека е само случајност, мислам дека не станува збор за некој дух или некоја друга паранормална појава пошто сепак како што кажуваш и други ја гледаат па така да нема од што да се плашиш. Ова е можеби само знак дека треба да се запознете.
И јас си имам вакво другарче. . Кај и да појдам налетувам на него. Во денот мора по еднаш да си се видиме. Дали во супермаркет,дали на пазар, дали на шеталиште, дали во фитнес салата, дали само онака на улица, ама ако не секој ден, тогаш секој втор ден си имаме по една средба. Мислам дека и тој го забележа тоа и дури ме додаде на фб, па сега и здраво си кажуваме.. . Мене пак не ми е страшно ова, ами некако интересно. Може сме биле некако поврзани во поранешниот живот. И маж ми ја забележа оваа појава па сега кога ќе го видиме секогаш ми вели..ете ти имагинарното другарче..ама имагинарно, тој маж од 90 кг..
wooow Да постојат и такви ситуации,и такви луѓе,и морам да те прашам колку време те следи и како изгледа ?
Па последниов месец не сум ја видела баш, не излегувам мн, ама некаде од Февруари почнав да ја приметувам, а типкава изгледа онака нормално, не се шминка, со виткана коса, повеке спортски се облака, фармерки, каичка, некоја раскопчана кошула со карнери......
Не велам дека е чудно зш се во светот е чудно,мислам дека тоа што ја гледаш е повеќе од случајност,може во минатиот живот ти била некој важна особа у твојот живот,ја да сум како тебе ќе се распрашам поише за неа
Јас сум личност која паметам многу лица и ако еден човек го видам еднаш ќе го запеметам за секогаш и тоа не ми е до толку чудно колку тоа што еден дечко кој секогаш кога сум излезена морам да го сретнам... малку е чудо ама тоа е тоа...порано мислев дека ме следи , ама сега си се тешам со тоа што си велам:Сигурно судбината сака да се сретнеме и дека ако ни е судбина пак ќе се сретнеме!! Мислам дека, немора да биде човек што не го знаеме да го среќаваме често, туку и дека ако се знаеме со некој (онака другарски, запознаени сте ама не се дружите )може често да го среќаваме (иако не живее во ист град ..како јас на пример од Скопје , а тој од Велес)постојано се среќаваме на секаде, не се знаеме вака буквално , ама по лице ДА.Мислам дека тој ми се судбина, а вие што мислите ????? Судбина или НЕ????