Пред еден месец и јас каде и да одев сретнував една иста жена, 40 и кусур години со бастун идеше. Во тинекс на каса пред мене, после тоа пак во тинекс се разминавме, па низ парк пак ја видов, после од кола повторно ја видов и уште на многу други места сме се разминувале. Сигурна сум дека таа мене ме нема ни приметено. Последниов месец, воопшто ја немам видено. Незнам дали е чиста коинциденција или пак се работи за нешто друго
така кога секогаш ја среќаваш изгледа чудно и страшно ама би требало да е случајност ништо друго. едноставно ќе ти препорачам да ја ингнорираш.
Хмм,интересно Ве читав и мене ми текна дека ми се случува,од кога се запишав на факултет,значи веќе 7 години,среќавам еден постар човек,прво кога ќе се качам во автобус и тој ќе се качи на наредната станица,сум го гледала низ Гтц,во Рамстор,на Зелено кога чекам автобус.Во неделата 2,3 пати обавезно налетувам на него....Може е случајност,може и има нешто ама ај да не си правам филмови
во секој случај језиво е ова јас кај мене во населба нон стоп сретнував едно исто девојче каде и да се свртав таа тука за да биде поморничаво сум ја сретнувала во парк,на кеј, во близина на мојот факултет .. кога и да ја видев секогаш беше сама, со истата ташна, истата јакна,со истите топуци одеше дури и во лето како и да е јас решив да ја следам да видам која е што е .. видов невидов се откажав, вртеше едни исти кругови па дури и си открив скратено патче за до дома хахаха и благодарам за ова очигледно е дека има некоја фалинка.. p.s. фантом почнав да ја викам ама стварно каде и да се свртев таа таму.
И мене така летово,еден ми понуди пријателство на фб,го одбив,потоа пак ми понуди,го одбив и после уште еднаш и го прифатив...одтогаш почнав секоја вечер чаршија да го гледам,ама буквално секоја вечер...му ги знаев сите блузи ( имаше 3 бели,едната со шарени букви,другата со нешто плаво,и третата пак со нешто шарено )...дури еднаш кај другарка ми бев,и отидов до продавничката и он истовремено влегува...еве деновиве пак почнав да го гледам,кога и да испаднам,последен пат сега пред 1 саат го видов.
Јас мислам дека тие што сретнуваме вака повеќе пати еден ист човек мислам дека имаме исти обрски, т.е исти релации.. И ајас со една постара жена се сретнувам секој ден..
Мене ме прогонува личност Каде и да излезам морам да го видам дури и на места каде најмалку очекувам млад дечко има плава коса и плави очи морбиден е не е дух и други го имаат видено веке 5-6 месеци го гледам кај и да излезам прв пат кога го видов изгледа брзаше негде се бутна во мене се погледнавме очи во очи и избега од тогаш секој ден кај и да излезам го гледам постојано ме набљудува секогаш е сам и е облечен во црно почнав кошмари да имам од него кај и да излезам кое време и да е го гледам и никој не го познава немам храброст да се запознаам морбиден е што мислите случајност или ме следи
Често гледав две девојчиња и се запознав и со двете .Имаме многу заеднички работи. А во последно време скоро секој ден гледам едно дете,симпатично е,плаво,високо,се надевам дека и со него ќе се запознаам.
Леле се изначитав. Исто и мене една личност ме прогонува кај и да сум. Всушност, комшија ми е, има околу 22 години, и не викам не, убав е, ама тоа шо постојано го гледам ми е језиво. Поминувам покрај продавница го гледам како ме гледа, кога одам на базен и таму е, излеговме со едни другарки еднаш, на маса до нас беше, еднаш се враќав од кај другарка во 2 часот по полноќ и го гледам и он се враќа. Ај што се видуваме така ај, но кога го гледам дека излегува секогаш пред мене и кога зјапа во мене... уффф
Хахаха,интересно Инаку и јас прееска,незнам дали е игра на случајноста,стојам и пред да фатам такси го гледам комшијата од соседниот влез со еден другар,после тоа се враќам (пред неколку мин.) и онака одам нагоре и те ти го он па со истиот другар Како дежа ву нешто беше,исти личности-исто место Инаку тој многу дува и како мала му имав маче дадено и си одевме понекад заедно и сите комшивки ми велеа тргни се од него
Во Америка постои stalk krime. Aко типот ти е комшија нормално е да се гледате почесто (плус ако и живеете во помал град, тоа е нормално). По мое мислење нема простор за паника. Во МК, барем засега не мислам дека има пореметени умови од овој тип (stalkers). Поздрав
Не знам дали е за во оваа рубрика ама вака: Се работи за еден дечко што го среќавам цело време низ град, така висок, ќелав, и стално бара 20 денари за автобус, а не личи на некој што нема до толку пари. Не ме прогонува баш мене, ама ете неколку пати ми побарал пари и не ми е пријатно кога ќе ми пријде. Дали некој го познава и знае што е работата со човекот? Дали е насилен, дали бара за дрога, дали старно му се за автобус?
I mene me progonuva edna licnost i toa 24 casa toa e maz mi, kaj i da se svrtam nego go gledam Koga idev na rabota( sega sum a porodilno) sekoe sabajle ama bukvalno sekoj den se razminuvav so edna pogrebalna kola Konkordija nova pisuva na kolata.e bas jezivo mi bese ama znam deka i toj si ide na rabota i bas vo toa vreme se razmenuvame
Mene Eden bezdomnik me progonuva postar covek e plava kosa do ramena samo sobira po kantite so gjubre gleam sobira sisinja isto I posle u Vero dzambo ke kupi nes sekade go gleam u Vero u micurin naselba u centar kaj so se dvizam ne da reces me sledi tuku ednostavno se dvizime na isti mesta Ali dosea si neame skrseno nekoj zbor neznam so covek e da ne e Los da mi se zakaci a sakam da mu pomognam gleam se Trudi se maci da prezivee
Мене ме пρогонува едно машκо со долга плава κоса што го знам, често пати ми иди на сон и тоа онаκа нон-шалантно си наминува. Без да ништо да ме пρаша. А, соновите се ρазлични и мене не ми смета. Ми се чини κаκо да ми се насмевнува и не гледам на ова κаκо на нешто негативно. Последен пат на сон го видов пρед пет-шест дена, κаκо игρаме 'не лути се човече' со пошиρоκо дρуштво.
Јас во последно време гледам нонстоп еден та ист човек . Постар човек околу 45-55 години е , вози црвено БМВ 3-ка ( не х3-ка ) со затемнети стакла ( сите до едно скроз темни ) и впечатлива регистарска табличка ( 0006 ) . Значи , бев низ град , го видов , потоа имавме нешто работа во Гостивар , и таму го видов , по некое време ние за нагоре за во викендицата , тој за надоле , а до сега никогаш не сум го видела човекот горе у село . Во овие 6 ипол години како сум во куќава , сега прв пат го гледам во село . А никој скоро не продаде викендичка , истите луѓе се , што и пред тоа беа . Препишувам на случајност , може живее во околните села , па затоа така често го гледам . А тој не изгледа како да ме забележил .
Кога почина татко ми, неколку пати кога шетавме со мајка ми низ маало забележував човек кој личеше како брат да му е, многу беше сличен на него, од коса, до висина, до градба на тело, па дури и црти на лице. После тој период го немавме видено.
И јас во населба постојано гледам ист човек и не дека мислам дека ме прогонува ама буквално на секое излагање го гледам и на ми станува чудно.Значи и до продавница и до подалеку да отидам го гледам.На моменти ми личи на бездомник иако мислам дека не е, ама најчудно ми е што секогаш ама секогаш носи најлонска ќеса од продавница, значи и во 11 преку ден и во 12 навечер.