1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ме разочара!

Дискусија во 'Канта' започната од N.A.T.A.S.A, 21 октомври 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Драга моја не ти е тебе маката оти он имал картичка на страна и зошто не ти се јавил од истата,јас мислам дека во ситуацијава проблемот има две имиња СОМНЕЖ дали после толку поминато време заедно сеуште те сака како што кажува,дали сеуште си му интересна ,возбудлива како порано и НЕСИГУРНОСТ дека ке останеш можеби сама без него.Од тоа што си го напишала јасно е како ден дека твојов Дон Жуан сака да седи на две столици и пробува да ти подметне ефтини причи за мали деца,ама како и да е мој совет ти е што и да одлучиш да го направиш тоа со ладна глава,секој заслужува на крајот на краиштата втора шанса само пази да не си се претвори тоа во една навика на манипулации. Поздравче и со срека!
     
  2. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    фала георгина на советот сепак ке размислам :) позз
     
  3. taceto.m

    taceto.m Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Женска јас мислам дека мора да се разделите зошто од лагата нема поголемо изневерување штом еднаш пробал тој пак ке продолжи можеби не наскоро но пак ке почне.Кога една чаша ке се скрши и да ја лепеш пак ке бде скршена.Затоа разделете се барем на кратко за да свати дали вреди да те остави за таа негова симпатија ако искрено те сака ке свати ако не не сте еден за друг.Најбитно разговарај со него отворено но пред се ислушајте се и двајцата но без расправии онака смирен разгово и НАЈВАЖНО НЕ ПЛАЧИ ПРЕД НЕГО па колку и да ти е тешко.
     
  4. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Тоа што имал картичка само за неа мора да значи нешто, ако му била само симпатија и и се јавивувал само неколку пати немало да има посебна картичка само за неа, а тоа дека се виделе само еднаш никој не ти гарантира, ако еднаш те излажал како може да му веруваш на друго, јас мислам да се разделиш затоа што кога веќе еднаш ќе изгубиш доверба многу тешко можеш пак да ја стекнеш :worried:
     
  5. maleckaa

    maleckaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    17
    хммм...хммм...не мора да значи дека ке продолжи да ја лаже....се е тоа до карактерот на машкото....можеби да стварно ке продолжи да ја лаже,но можеби ова ке му биде "лекција" и ке му дојде паметот.и не се согласувам со тоа "Кога една чаша ке се скрши и да ја лепеш пак ке бде скршена." јас сум самата на себе пример дека не е така.со дечко ми на почетокот на врската пошто бевме мали се имаме скарувано и тоа повеке пати,и после некое време дали ни дојде паметот нз :wasntme: ама се смиривме и до ден денеска сме заедно и се ни е ок...да на почетокот можеби ме лажеше но виде дека јас ставав крај за секоја глупост шо ке ја дознаев од негова страна и се смени...после стварно го сакав и видов дека мн се кае и си реков нема да умрам ако пробам уште еднаш...и пробав...и не се каам ич...оти уште сме заедно,и супер ми е......наташа точно е тоа дека тешко ке ја повратиш довербата кај него,бидејки си го фанала веке,но ти си знаеш дали вреди и дали мозеш да останеш понатаму со него.а шо ке те јаде тоа ехеее и како ке те јаде,мн е тешко така,ке го сакаш ама нешто ке те копка во себе-јас последен пат пред година ипол,го фанав само дека си пишал со "една кокошка" и тоа не беше ништо страшно,и пак почнаа да ме маваат филмови дека пак ке биде тој "стариот"...и пак значи ипитав :?: за да се осигурам дека нема ништо...одлуката е само твоја...со срека
     
  6. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Не можам едноставно да го заборавам тоа, а ниту пак да го оставам негоо пошто се кае(можеби само лице ми прави) но неможам да го оставам не можам не е толку лесно да забораваш 4год и одма да тргнеш по друг пат! Не е лесноо! И јас сум згрешила и тој се прави како ништо да не се слиучило ноо тоа сега мене многу ме заболе! :worried:
     
  7. maleckaa

    maleckaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    17
    мој совет ти е остави го...остави го иако ти е тешко...верувај дека ако се кае навистина нема де се откаже од тебе така лесно...ке те бара и ке те моли...ке видиш.ако стварно те сака ке се потруди да ти показе дека се кае и ке ти покаже дека нема повторно така да направи,а ако не те сака нема да те побара.најдобро е така,зарем нема да ти биде глупаво да останеш со него во врска а да не си сигурна дека е само твој....ако се бори за тебе ке знаеш дека е твој,а ако се отказе од тебе ке знаеш дека никогаш не ни бил твој...
     
  8. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    пробав да го оставам му реков гадни зборови што не сум ги ни замислувала ама тој ми рече крив сум признавам и нема да се откажам....
     
  9. vogue.trandland

    vogue.trandland Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Драга, можам да кажам дека сум поминала слична приказна... и ќе споделам со тебе една мисла, изрека. вака гласи : ако нештото се случило еднаш, не мора да значи дека ќе се случи повторно. но ако се случило два пати, поголеми се шансите да се случи и трет пат. и јас имав таква долга врска, од 4 години, која заврши од причина - неверство. кога сакаш некој силно, веруваш во неговите зборови, веруваш кога се колне дека не било ништо, кога ветува дека нема да се повтори НИКОГАШ и дека ти си му се... и даваш втора шанса. тука треба да бидеш сигурна во неговите убедувања, т.е. дека не се случило ништо или дека се виделе само еднаш. а јас лично, не верувам дека некој би купил посебна картичка само за да се слуша со одредена личност. јас верував, дадов втора шанса, не беше искористена како што треба... и ставив крај. понекогаш се прашувам, дали можеби требало да ставам крај при првата грешка... и знам дека не е лесно да оставиш 4 годишна врска, да се свртиш и да продолжиш. времето само се ќе покаже. дали заслужува шанса или не... и ако не заслужува, знај дека ти си најважна од се и сите. ти и твоето добро. сфати го моево искуство како најдобро знаеш, мој совет ти е - не брзај, разгледај ја добро ситуацијата, биди барем приближно до тоа што е сигурна за она што се случило и тогаш донеси одлука. не верувај на зборови... туку на дела!!! поздрав од мене и со среќа!! :) :l:
     
    На N.A.T.A.S.A му/ѝ се допаѓа ова.
  10. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    охх разни мислења разен муабет :devil: :devil: :devil: :devil:
     
  11. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Наташа, ако мислиш дека нема да се повтори направеното, дај му шанса, можеби се кае искрено. Но :!: овој пат не дозволувај да те угнетува и да ти ствара тензии во животот со тоа што нема да смееш да мрднеш од дома. Ако се случи уште еднаш ова, раскини му.
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  12. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Вечерва ке излегуваме заедно и ке видам како ке е!
     
  13. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Неможеш веднаш да заклучиш, нормално е дека сега тој ќе ти угодува да го оправда стореното. Анализирај ја врската понатаму и проверувај му почесто со кој контактира. :)
     
  14. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Нема да е веќе како што беше! Ако ме сака ке се потруди :)
     
  15. Zamzara

    Zamzara Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    32
    Дилеми нели!??? Кои само ти можеш да си ги решиш!! Или еве како би ти помогнала јас барем така ми изгледа по твоиве постови дека ова сакаш да го слушнеш:

    Прости му бе срце ..нека грешки се дешаваат..Ама биди си вниматлена за понатаму...Малку ќе те копка некој црв дали е се како што треба дали ќе можете да опстанете заедно после неговиов испад,ама ти знаеш дека тој тебе те сака,ти знаеш дека тој на грешка ставил кредит во домашниот телефон од космофон и разговарал со неа сето тоа за инат твој дека ти излагаше со другарките понекогаш.. И не се секирај сигурно нема ништо направено со нејзе тогаш кога имаат излезено,само си муабетеле и си кроеле план како да си се гледаат понатака...Ама срцка ти ги зафркна дозна им го расипа планот и наеднаш твојот дечко се свести во какви гомна западна па ќе се вади...А жив човек нели ќе мора да му се прости...Прости му бе душе,ќе видиш како ќе биде понатака.. Неможеш да ги заборавиш 4 години со него поминати и само со него!! И сама знаеш дека ретко кога смееш да излагаш сама да не речам никогаш,па затоа и се плашиш како да продолжиш сама...Не му ја мисли прости му ја, па и тебе лезет и него налезет.. А таа е крива за се ,да бе заборавиви курвата ...Она му се пика и да да знаеш има такви женски па може да ти е мислава веродостојна....Ама ти си знаеш...Терај како ти е на памет!! Ти си таа што ќе си ја реши ситуацијата , очигледно горенаведениве едногласни совети не беа доволни засто ти упорно одиш со главата во ѕид и ни каќуваш колку ти него го сакаш...Не е муабетот златна за сакањето,муабетот е за достоинството,за тебе,за твоето јас,за тебе како личност,која во моментов е погазена од некој најблизок,човекот со кого што водиш љубов,човекот кој располага со твоите чувства...Ма мизерија,уште и понатаму ќе се мислиш што да правиш,нцнцннцц...
    Ајт поздрав
    Арно викаше дедо ми : Секој башка будала :)
     
  16. Mer4e

    Mer4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    30
    ох душичке јас пробувам да го сменам 4 год ама не ја бива ... ако тој те сакал а те повредил казни го те молам хахаха шала на страна кој знае што е правилно макар што сето ова сигнализира дека сака нешто со неа па може онака го привлекува... те молам направи да свати дека го губи тоа што го сака поради она што го посакува ... јас го направив тоа ... беше слично нешто на ова ама сега е поинаков... а имам другар кој максимално ја изневерува девојка му и вика правам се за да не дознае дека ја изневерувам од фактот што ќе ја изгубам, ќе ја повредам сум ја оформил онака како што ми одговара да ми биде жена и нема да дозволам да ја добие некој друг...
    За фактот што се заколнува во мајки, татковци, браќа и сестри не треба да значи ништо, затоа што немој да очекуваш дека ќе ти признае, не напротив се ќе прави за да не те изгуби СЕ... сепак не се сите исти, ти си го познаваш најдобро... а ако има следен пат батали го не ти треба ...
    п.с. кога дечко ми лаже секогаш се колни за сестра ... па сеа ти види ... ахаххаха
    прости му ама те молам биди внимателна и немој да дозволиш да се разболиш од љубомора како што ми се случи мене... свати дека животот го даваш за него и запрашај се дали вреди толку тој, за да плачеш, да се нервираш, да не смееш да излегуваш, да губиш другарки и другари...
    јас му дадов последна шанса и тој пак ја фрли на улица ... ВРЕДИ ЛИ? вредат ли тие 4 години болка и да му се докажува на некој дека тој е твојот живот и колку го осеќаш близок за на крај да те повреди како и сите други... пак ќе речам ВРЕДИ??? ако ти е добро со него смири му се ако не тогаш е вистинско време за ЧАО АМИГО :D
     
  17. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Јас би постапила така, како што ти вели малечкава! Знам дека не е човечки да го измачуваш, да чекаш да те моли, да го запалшуваш со игнорирање на неговите повици, да глумиш ,,ладнокрвност,, пред него, но мораш, едноставо мораш да тактизираш и да го убедиш со своето однесување дека си разочарана од него! Не смее битката да ја добие лесно, мора да сфати дека направил грешка која ќе го чинела прекин на вашата врска! Мора да те сфати најсериозно и со овој проблем обиди се да го потикнеш повеќе да поработи на довербата помеѓу вас! Потенцирај ја сериозноста на неговата грешка со цел да сфати дека друг пат нема да толерираш такво понижување! Во такви ситуации треба да размислуваш многу пред да преземаш било каков чекор и пред да направиш разговор со него! Ако си ги издадеш емоциите пред него тој веднаш ќе сфати дека си му простила бидејќи е многу очигледно дека си подготвена да му простиш!
     
  18. adorija

    adorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    14
    Дали му веруваш? Што ти вели внатрешниот глас? Ти најдобро знаеш со кој човек си имаш работа.
     
  19. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Јас многу одамна би го оставила..уште кога би дознала дека покрај 4 годишна врска он двои пари и време за картичка за да се слуша со некоја ку*вичка кон која имал симпатии..Па уште се виделе!ААААААААА нече мочи ове ночи ! :!:
     
  20. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Во право е Оффспринг. Мене така ми се случи. Исто девојак од ФБ и после се откри дека биле заедно месец и пол се додека не ги фатив. А таа почна да ми пишува и ми раскажа се до детали. Нстана хаос, по извесно време простив. Врската ни стана пекол, изигрувам детектив, немам доверба, се караме а не се оставаме, многу е болно. Подобро е да направите пауза, отколку само да се обвинувате. А еднаш некаде напишав, ФБ на многу луѓе им користи само за лов. Јас уште страдам од тоа.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.