Па можно е, зависи од неговиот карактер, може е многу срамежлив и не ти приоѓа. Не е ништо чудно. Инаку, ако е навистина заинтересиран за тебе, се забележува тоа. Говорот на телото го издава. Забележуваш ли некакви знаци, сигнали?
Kako site shto kazuvat mislam deka ne e sramezliv tip, ama toa shto go krie srceto ochite go izdavat!!! (inaku zabelezuvam mnogu znaci i signali)
Епа срцко ако не пробаш нема да знаеш. Ти немора одма на главното да преминеш. Отиди напрај си маабетче , заведувај го со очите, флертувај и види од него реакција. Можеби он чека од тебе Не се срами, нема да јадеш корпа тоа беше порано корпи коа јадевме , сега у помодерното време јадеме контењери се шалам Пробај да флертуваш малку и ке си видиш. Гуд лак
Епа ај седи си.....Рачунај на фактот дека секое машко кога ќе се реши да се пушти знае дека има веројатност да добие корпа....но сепак оди и се пушта !!!!!! нема што да изгубиш ако пробаш - можеш само да добиеш
Да не ти се мешам во маката ама од мое искуство машко што е заинтересирано за врска те вика на кафе најдоцна за 2 недели. Ако веќе сте имале неколку кафиња (или многу повеќе) е ок ако сепак е можно да си му симпатична за друштво (може и секс би имал со тебе) ама не сака врска. Можеби грешам ама размисли добро. Јас имам неколку другарки на кои им делам комплименти и одам со нив на кафе ама ни на крај памет не би ми паднало да влезам со нив во врска и нормално не сум им се пуштил. Ако сепак сакаш да си рсчистиш, не мораш апла да му предложиш туку пецни го неколку пати дека ти се допаѓа друг маж и прашај го за совет . Ако те свиѓа нема да му се допадне и ќе мора да реагира. Ако пак со елан почне да ти дава совети како да фатиш друг не те свиѓа. И најпосле можеш да пробаш да му се приближиш или да го прашаш отворено само така ќе добиеш и кристален одговор кој не мора да ти се допадне. Со среќа .
Eве јас сум машко и ти кажувам дека не си во прво за тоа дека најдоцна до 2 недели те вика на кафе ако сака врска, може машкото е срамежливо.
Нормално ниедно правило без исклучок . Затоа и кажав од мое искуство (пријатели, познаници) секогаш кога машкото поминувало со месеци во муабети и симнување ѕвезди а не ја вика на кафе се завршило дека типот си дигал его и тепал време без намера за врска. Знам дека има срамежливи машки кои го кршат „правилово“ но повеќето канат во првите 2 недели (освен ако не се повеќето срамежливи што мене не ми е познато ).
Прво да ти кажам дека секако е возможно тоа да некој сака да е со тебе но долго да молчи, само поради тоа што ти си била да речеме со друг цело време, а вас односот ви почнал како другари. Пример е брат ми ќе ти го дадам. Брат ми во средно школо додека беше, многу беше заљубен во една девојка од кај него од клас. Но, меѓу нив почна како другарство и таа само така го гледаше, како другар, барем тој така веројатно си мислеше и поради тоа никогаш не превзема нешто, никогаш не и го кажа, макар што дома знаевме за ова девојче пошто е и единствено девојче за кое знаеме. Ако имал храброст тој да пристапи, можеби ќе било се поинаку, а можеби и не. Сепак си е ризик. Според мене, користи ја секоја ситуација со него, да кога муабетот меѓу вас може да води кон флерт, да речеме тој доколку понекогаш како на шала ти дава комплименти или што знам осеќаш дека покажува дека му се свиѓаш, а се тера на шала да речеме... ако така прави тоа му е штит за да види како ти се осеќаш по прашањево, за да не се зезне. Но, ако е така. Не знам како се понаша дечкото де. Флертувај со него во такви моменти, без да изгледа ко да му се нафрлаш ццц.
Да ја искористам темава се препознав лично јас во мојата ситуација јас сум таа што сака па не сака. Идеме веќе шест месеци и јас уште не знам дали го сакам или не.На моменти го обожавам он прави се да не ние досадно и се друго,едноставно кажано ме третира ко принцеза. Ама што ако... не е тој вистинскиот,ако е само навика секакви мисли ми доаѓаат,понекогаш сакам да му раскинам ама не можам едноставно после тешко ми е Би требало да почекам да видам како ќе биде или ?
Не е возможно да ги крие чувствата толку време Кој би криел толку долго, па од толку време поминато и страв и се ќе му помина, и чувствата ќе му поминат ама. И што да ти кажеме, ако толку го сакаш и неможеш да издржиш тогаш кажи му отворено дека ти се допаѓа и крај. Ако мислиш дека и тој чувствува исто за тебе ќе бидне работата, ако не, барем ќе знаеш на што си и нема да се мачиш веќе Тоа е тоа
Не ти е потребен совет. Потребен ти е одговор, а одговорот е таму негде надвор а не пред компјутер! Што неможеш да издржиш? Колку и да умреш ќе се спасиш или како викаше онаа бабана
Ќе можи да ми дадете совет ве моламм Пред 2 години се заљубив во едно момче, секогаш кога ќе го видев срцето ми чукаше брзо. Секогаш гледа во мене подолго време и изгледа нервозно а не е таков со другарите. Еднаш беше со другар и ме виде другарму и по неколку дена ми пушти пријателство на фб ми лајкнуваше слики, а овај што го сакам не ми ни лајкнува слики а на дите други девојчиња им лајкнува. Цело време мислев дека знае дека го бендисвам, се вртеше кога ќе поминев покрај него. Го прашвал детето со мене шо учи која сум па беше упорен да дознае дали го сакам и му кажал дека го сакам.. И му реков да му каже дека не го сакам него, дека друг сакам ама незнам што се случи, дали му кажа. Бевме собрани поќе деца од училиште и тој цело време во мене гледаше. И секогаш ме гледа кога јас не го гледам него, а еден другар негов ми рече дека бил срамежлив и немал досега ни една женска. И до ден денес кога и да го видам пак се врти и ме гледа, а јас се правам дека не го гледам. Никако неможам да го заборавам, а не знам дали и тој чувствува нешто..