Женски, прееска најдов некој мидер за слабеење со микро гранули. На пенти е...Сте слушнале ли вие за ова???? Барам но никаде неможам да најдам ништо. Јас го земав 480 денари е....
Не е мидерот за слабеење туку за стегнање и надворешно и визуелно да те намали во обем. Ти го истакнува и подига задникот, а те стега на стомакот и долниот дел под газот. За вистинско слабеење само здрава исхрана и вежбање. Не верувајте на друго. Неможе никаков надворешен мидер да се слабее па што сака нека има во него
Знам за што служи мидерот ама Sunshine88 има пишано дека купила мидер со некакви микрогранули, па затоа ме занитересира што е различно од другите мидери. Цената не е висока како за мидер без разлика каков е, макар и само да е добар за затегање.
Препораки од каде да се купи добар мидер? И како да се избере правилна величина? Еден број помал од облеката која ја носиш општо или?