Здраво мамички, имам едно прашање околу стомакот (пред да забременам имав рамен стомак): Откако се породив (царски) постепено стомакот ми се намалуваше, што значи за брзо почна да ми се враќа во нормала, само малку ми беше како опуштено кај операцијата, овие 2 недели, после 2 и пол месеци од пораѓајот заприметувам стомакот ми е како 4-5 месец од бременоста. Од што може така да биде?
Девојки од кој мидер сте најзадоволни, сакам да земам некој целосен со ногавици ама не знам каков немам никогаш купувано мидер.
@mariz не ми отвара сликата што ти е прикачена на предходната страна од мидерот..Сакам да пробам да носам почнав и да вежбам а дали ке има резлутати после скоро две години ке видиме
Јас имам покас на Babyono ама не знам од когљ треба да почнам да го носам. Царски се породив пред 10 дена па ваљда треба да почекам уште некој ден дур прекине ранава да боли? :/ пошо мислам ќе ми прсне а кога ќе го видам стомаков каков ми е ко спаднат уште толку ми иде да прснам
здраво мајки, јас се породив царски пред 27 дена еве денеска, но стомаков уште ми стои како 3-4 месец да сум, кога сум станата онака ми е тврд , папокот исто оптегнат како трудна да сум, ме фаќа страф да не ми остане вака, кажете искуства???
Стварно од кога се почнува да се носи појас или мидер после пораѓај ( спонтан или царски)??? За синко бев многу голема и носев мидер мислам после 10-15 дена од пораѓај, не се сеќавам. Ама веднаш се вратив во првобитната состојба. Немав нити стрии нити ништо. Ама бев 22 години. Сега сум 35 недела не сум воопшто голема, и немам воопшто стрии, +9 кг, ама сум +14 години од тогаш па не знам како ќе е еластична кожава.
Со синот купив мидер кој никогаш не го употребив. Беше пеколно топло и многу се потев во него, неможев да го носам воопшто. Сега ке видиме што ке се случува. После 8 години кожата како ке се однесува
Јас од Chicco имам земено, ама немав навика да го носам. Генерално сегде им појаси и мидери, само колку ќе бидеш упорен со носење.
Мене доктор ми кажа да не носам. Прашав зошто и ми рече дека со тоа стомачните мускули ќе се стегнати постојано и ќе овисне стомакот уште толку. Требало да се носат обични високи гаќи кои ќе ми бидат над раната. Со тек на време ќе се повлечел стомакот немало потреба од ништо.
Јас го имам појасот Babyono од Бебе Супермаркет. Поради добро искуство на сестра ми одма почнав да го носам. Гинекологот ми кажа дека не препорачуваат носење на мидери и појаси за да не се покрива раната од резот, да дишела за побрзо да заздрави... Но јас го кренав над раната, баш околу струкот го носам уште од 6 ден после породување, по околу 4,5 часа дневно. И одма има резултати.
2,5 години од порагајот со царски рез. Слаба сум, моментално 52 кг, меше напред немам нно имам малку вишок кожа, не е којзнае колку ама кога носам прилепен фустан ми се познава. Лани барав во СараФешн во Бонссаи и други такви продавнички и најдов С величина, но мене С величина ми е голем т.е воопшто не ме стега. Дали постојат помали величини на мидери и каде да најдам?
Мамички здраво . Ме интересира што ви кажале докторите дали смее да се носи пост породилен појас/мидер и кај може кај нас да се најде ?