Тазе породени, почнавте со појас или мидер? Јас сакам од денес, земав од Медикус Хелп. Стомаков ми е ко 6ти месец, породена пред 6 дена. Имам зелено светло од гинеколог
Спонтано или царски си? И мене ми дадоа зелено светло ама јас уште не сум ни купила. Каде го купи и што цена? Не знам дали ќе можам да го носам, пошто мразам да ме стега кај стомакот. Ама би пробала.
Јас не би ти препорачала да го носиш, или ако веќе го ставаш, само првите 4-6 недели. Добро е телото само да се навикне да ја користи мускулатурата без дополнителна потпора.
Ништо не носам, а и немам некое големо меше сега. Малку се гледа дека е виснато ама не ми смета врз облека не се ни приметува.
Здраво, би сакала да ве прашам дали некоја има искуство со појасот од медикус хелп? Породена сум царски пред 7 дена па од кога ќе ки извадат конци ако е се во ред здравје сакам да носам појас. Гледам имате искуства со baby ono ама тие се со величина и ако ја утнам ќе биде нефункционален. Овој од медикус е без величина па ме интересира дали е со лепенка и дали стега доволно ?
Може прашањево не ми е за тука ама каде да најдам добар квалитетен мидер што стега убаво и поготово во долниот дел од стомакот?
Здраво девојки, јас го користев мидерот од Локо Кроко за постпартум, ама не го носев цело време зашто потешко ми беше кога го доев бебушот оти стегаше многу. Вака сум задоволна, стомакот ми е вратен (не целосно зашто сепак имам останато некое кило после породување) но ми е каде каде помал отколку на почетокот.
Како тазе породена со желба што побрзо да се вратам во форма, малку повеќе се расчитав околу носењето мидер после пораѓај. Мидерот е во ред да го носите како body shaper но не треба да очекувате од него дека ќе ви ја врати првобитната форма на стомакот. Дури може да ја влоши бидејќи ќе ги направи стомачните мускули мрзливи. Она за кое треба најпрвин да поведете ред е да ја средите дијастазата (раздвојување на стомачните мускули поради наглото зголемување на стомакот) бидејќи ако имате дијастаза колку и да носите мидер или да ослабнете, може пак да не го имате посакуваниот резултат. Инаку на интернет има многу туторијали со вежби со кои се решава дијастазата. Пример вежби
Ова со мидеров и мускулите ми беше прво нешто посочено од матичниот гинеколог, дека океј е да го носам, но не цело време, баш заради можноста да ги направи мрзливи стомачните мускули. Не носев, ми се намали доста сам, но вежбите за дијастаз ја играа главната улога за да се среди.
Колку време ти требаше да ја средиш дијастазата? Јас се породив пред две недели и стомакот скроз ми е вратен назад, ама имам мала дијастаза па почнав пред некој ден со вежби.
Јас читав за овие вежби ама не сум разговарала со матичен гинеколог.. Кога вие ги почнавте вежбите? Јас сум со царски породена еве денес правам 9 недели и не сум сигурна уште дали да почнам.
Кога ќе ти дозволи гинеколог да вежбаш, може да почнеш да ги правиш. Пиши на youtube diastasis recti и ќе ти излезе. Безбедни се секако и за со царски.