Како може да имате по 20 години и повеќе, а прв пат да слушате за мизантропија... И после зошто таа постои...
Токму така. Најголем душман да ми е, не би го замразила, и како очекуваш да знам за тој збор? И не е ништо ни чудно ни срамно, може има нешто што и ти не го знаеш, а другите го знаат.
Човекот е несовршено социјално суштество па многу често генералната омраза на голема група луѓе е всушност приказ на некоја лична фрустрација. Јас не мразам луѓе, ама многу карактерни особини ми пречат. Општа култура. Не ми е јасно како до сега не си го сретнала зборот, ако ништо друго, оваа тема се обработува во средно.
Ако мизантропите мразат луѓе, пошто се и самите луѓе, дали тоа значи дека се мразат и себеси?! Силогизам на дело
Јас не ги „мразам“ сите луѓе, само огромното мнозинство кое го сретнувам. А не сум ниту некој љубител на животни, само не ме нервирааат до степен како човечишта (прв пат го користам овој збор, глупав да ти бил, ама соодветен). Задоволство ми е да се грижам за цвеќиња.
Јас лично се додека не почнав средно не знаев што значи тоа да МРАЗИШ одредени особи. Пред тоа буквално колку и да ми згрешиле луѓе, не можев да мразам па дури и простував, иако ме советуваа дека тоа е лошо. Е сега е обратно. Ме советуваат дека треба повеќе шанса да им давам на луѓето ама џабе..пробувам, ама колку поише пробувам толку поише не ја поднесувам таа личност. Затоа и ваљда секој втор викенд сум сама дома
Луѓето се прости (соодветна тема да се изнесе овој факт ) и концептуално не ја сфаќаат мизантропијата. Мизантропија подразбира недоверба, одбивност и избегнување, пред омраза. Да мислиш дека мизантропот седи и цело време го мрази човештвото е исто како да мислиш дека филантропот нашол покрив над глава за секој бездомник што постои, го искоренил гладот во светот (или во неговото место на живеење), и ги сака апсолутно сите луѓе, никогаш не се замерил со никого Каде го има тоа? Крајности не постојат во реалниот живот, тие се во главите на ограничените. Всушност, високо интелигентна индивидуа носи мизантропија во себе (како и филантропија). Оние другите веруваат дека мизантропија е нешто што се чади со темјан и се една од причините зошто ја има во светот.
Во последниве две години мн. се оддалечив од луѓе кои ми беа повеќе од блиски. Не знам зошто ми станаа одбивни. Не е дека ги мразам ама ете почнав и да не им верувам поради оправдани причини. Голем интроверт сум и кога одам на места каде што има голем број на луѓе се гушам, батериите ми се празнат. Сакам да помагам ама не и да ме прават будала. Мразам нечовечност, мразам лицемерие, полтронство, камелеонство, психичко и физичко малтретирање, обвинување без доказ или оправдана причина, синдром "Јас сум во право и никој друг!", енергетски вампири и ред др. "човечки" к-ки.
Последниов период почнуваат се повеќе и повеќе да ми стануваат одбивни луѓето, дури и блиски роднини и пријатели. Се повеќе имам потреба да шетам сам во природа или виртуелно да гледам што се случува низ светот. Неможам да опишам колку бес и негативна енергија се ствара во мене кога се наоѓам во гужва или сум опкружен со луѓе кои ми се одбивни. Спојлер Мислам дека кога би отишол во дискотека би полудел, не мислам туку сигурно.
Не мешај гужви и дискотеки со другиве чувства. Многу интровертни луѓе не поднесуваме гужви, на некои истите сериозно негативно им влијаат и поради анксиозност. Мизантропијата е друга работа. Верувај и виртуелно ти се осеќа бесот и негативната енергија и тоа премногу. Да си ми познаник би била загрижена за тебе, ама најсериозно. Сфати дека не си поразличен од сите други во некоја чиста, морална и позитивна смисла, туку страотна слика оставаш, жално е млад човек да е исполнет со толку негатива и агресивност во себе. Освести се.
Во последно време (од декември наваму), ретко кој ме нервира. Не знам што ми стана Тоа мнозинството за кое зборував, не дека сега ги сакам, далеку било, туку исто како да не постојат. Фокусирана сум на луѓето кај кои пронаоѓам позитивни нешта.
Морав да те цитирам. Немам право да ти се мешам, но си се запрашал ли зошто е тоа така? Дали тоа е само привремено или отсекогаш било така? Мислам ако е привремено во ред, и јас така на моменти се чувствувам, но ако отсекогаш си се чувствувал така и тоа продолжува, тогаш тоа е малце посериозно. Не ме сфаќај погрешно, не те напаѓам. Само чисто ме интересира.
Цитирајме слободно, форум е за тоа, за дискусија. Инаку така се чувствувам во последно време, тоест повеќе од една година. И да е сериозно, и мизантропија да е мене не ми смета бидејќи наоѓам мир и спокој во други работи. Тое е така бидејќи не успеав да бидам како другите деца. Всушност голема приказна се крие зад ова, бидејќи со причина се чувствувам така која не би можел да ја кажам тука јавно.
Сфаќам. Може баш затоа и те цитирав, пошто секогаш начинот на кој се чувствуваш води корен од некаква приказна или причина која не можеме јавно да ја искажеме.
Да ми се допаѓа се што прават дефинитивно не ама да се полнам со таква негативна енергија како омраза само затоа што не е се онака како мене што ми се сака прво за мене не чини. Најмалку што можам да добијам е да научам како не.