1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мизантропија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Briar Rose, 4 ноември 2017.

  1. alexa_dimoska

    alexa_dimoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    Не сум мизантроп. Чувствувам генерална одбивност и недопаѓање кон повеќето луѓе со причина и мислам дека многу луѓе истото го чувствуваат, но за да замразам одредена личност треба истата нешто многу гадно да ми згрешила. Не е дека таквите не постојат. Така да, глупо ми е да речам дека го мразам тој или овој, ако првпат у живот го гледам или ако таа омраза не е соодветно поткрепена со разумна причина.

    А за тоа дали би можела да го мразам сопствениот вид, би рекла не знам, но чувствувам како одговорот повеќе да ми бега накај да. Причина - тоа што човекот свесно или несвесно, полека но сигурно го води светот во неповрат. Џабе ни е даден мозок, кога едно куче на пешачки има повеќе сиви клетки од нас.
    Уништувањето и загадувањето на природата, геноцид, војната која отсекогаш се сведувала само на пари и нафта, роботите што се присутни скоро секаде, почнувајќи од еден обичен компјутер кој ти ја дава бараната информација во истата милисекунда. Кој го прави и создава сево ова? Човекот. Епа сѐ додека човештвото е способно за вакви нешта, и јас ќе бидам способна и ќе имам доволно причини за да го замразам.
     
    Последна измена: 13 март 2018
    На theowndemon, Dark artist и Vitaly им се допаѓа ова.
  2. Ex Luna Scientia

    Ex Luna Scientia Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2017
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    847
    Пол:
    Женски
    Јас сметам дека ниту мизантропијата ниту филантропијата не треба да постојат како нешто повеќе од филозофски поими. За да се поврзеш со едниот или другиот поим мора да си доста суетен - да мислиш дека твојот поглед на човечкиот род е релевантен само затоа што генерализираш еден примерок (луѓето кои ги познаваш) и се убедуваш себеси дека се супер/за никаде. Вистински мизантроп или филантроп може да се биде само ако живееш сам, одделен од општеството. Подлабока појава е од само мразење вид и никако не може да се упрости до тој степен - некои луѓе мразат мачки а некои се плашат од кучиња и тоа е во ред.
    Но кога се преиспитува односот на човекот кон својот човечки род станува збор за поединецот наспроти колективот. Колективот наметнува искуства кои не тераат да се определиме како човекољубци или човекомразци само за да не станеме свесни дека не ги сакаме/мразиме луѓето туку сме океј или во конфликт со самиот систем - кој ја прави заедницата таква каква што е.
     
    На Joi и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  3. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Постојат многу профили кои имаат склоност да го развијат ова "пореметување" навика. Растењето во девијантни средини, воени структури, затворски и поправни домови, дисфункционалните семејства контрибуираат за надополнување на алките во големата шаблонска хиерархија.
    Но, она што е најважно од сѐ е дека да се биде мизантроп, значи човекот да се мрази и неприфаќа себе со сите свои предности и недостатоци. Оние кои што се стремат кон совршенство еден ден ќе сфатат дека такво нешто не постои во природата, а не пак кај човекот.

    Недоверба и недопаѓање е едно, а омраза и непочит е нешто сосема друго. Правете разлика.
     
    На theowndemon, Ex Luna Scientia, Joi и 2 други им се допаѓа ова.
  4. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Мизантропија по дефиниција претставува недоверба и одбивност кон луѓе.
     
    На sweet dreams ** и Briar Rose им се допаѓа ова.
  5. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Не. Туку "филантропите" најчесто се најопасната категорија луѓе, зошто вообичаено глумат лудило дека се во перфектен сооднос со сите човечки навики, додека се во суштина нарцисоидни копилиња полни комплекси. :)

    Не знам колку реално може со сигурност да тврдиме дека постои алтруизам денес, но со сигурност знам дека мнозината немаат eлементарно консензуални универзални вредности.
     
    На poenta, theowndemon и Gosh им се допаѓа ова.
  6. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Не ја увидуваш поентата со контрастот или само сакаш да се правиш паметна? :D
     
  7. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Не се правам јас паметна, ти поентираш погрешно.
     
  8. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Сите во одредена мера имаме недоверба и одбивност кон поедини луѓе во зависност од ситуацијата, ама тоа не нѐ етикетира како мизантропи.
     
  9. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    @Nigredo Odor
    На мизантропијата гледаш како на дијагноза. Таа е само одлика. Чувство или убедување налик национализам. Не е симптом на влошено психичко здравје (или не мора да биде), ниту е правило да биде пропратена од девијантни однесувања.
     
  10. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Мизантропијата никогаш не е самостоечка дијагноза, но апсолутно може да биде (и најчесто е) дел од дијагноза. Не пишав дали е пропратена, само ги наведов најчестите тригери, ситуации кои ја предизвикуваат, прочитај уште еднаш.
     
    На Someonespecial, Scott Weiland и DAngel им се допаѓа ова.
  11. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Прочитај и ти уште еднаш. Тврдеше дека постои разлика од недопаѓање и недоверба до омразата кон луѓето т.е. мизантропијата (разлика која требало да ја научиме), а мизантропијата во основа е дефинирана како недопаѓање и недоверба кон луѓето, генерално. Како поим е така навлезена во секојдневниот живот. Отвори која сакаш литература, ќе го сретнеш истото.
    Тие „дијагнози“ како мизантропија, хомофобија, ксенофобија, се непостоечки и измислени. Кај човекот треба да биде присутно некое реално умствено заболување за личните сфаќања и поимања да му преминат во фиксација.
     
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Не можеш да споредуваш ксенофобија и хомофобија со мизантропија.
    Мизантропијата е дијагноза, хомофобија и ксенофобија се одраз на човековата глупавост.
     
    Последна измена: 29 април 2018
    На Nigredo Odor, Someonespecial и Scott Weiland им се допаѓа ова.
  13. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Јас добро читам, ти имаш проблем со правење дистинкција.
    Апсолутно постои разлика, и дефиницијата може да биде сфаќана одделно. Не е мизантропијата егзактна дисциплина, аман, социо - културен, и филозофски произволно изведен термин е. :D

    Повторувам - Ти генерализираш. Ако се водиме според твојата дефиниција сите луѓе кои имаат недоверба во некои (значи пази, некои не сите), луѓе во општеството се мизантропи.
    Одлика не може да биде од причина што зборат го формираат повеќе карактеристики (плурализам).
     
  14. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Анѓе, сѐ од наведеново може да биде составен дел од дијагноза за жал, (но и не мора). Не според мене, туку според психијатријата. Отворете список на болести и дескрипции.
     
    На Someonespecial, Scott Weiland и DAngel им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Секое екстремно чувство кое ти ја искривува реалната слика може да биде дијагноза.
    Сум мизантроп. Не само поради луѓето околу мене и нивните недостатоци... најмалку нив. Општата систуација во светот ме тера да мислам дека сме промашена инвестиција.
    Се надевам дека ќе се 'надмини себе си' егото во нас, но се сомневам.
     
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Знам, ама самото тоа што ова е миз, а другото е фобија озбачува дека се работи за две различни дијагнози.
    Вторите на еден начин се страв од различноста, страв да не станеш и ти исто како нив, да не превземеш некоја особина од странецот која не ти е природна/драга или според твој стандард нормална, или случајно да "не те пробрати" хомосексуалецот.
    Неразумен страв е тоа, кај психички здрави човечки суштества е одраз само на глупавост, на ништо друго.
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Ermmm, чекај малце... нели ти пред некое време се декларираше како мизантроп? :D Од кога тоа ја прогласи за измислена појавава? :?:
    Инаку, заборави и за мизогинијата да спомнеш дека е измислена, најизмислена од сите. :D Дај позајми ми ги очилата со кои го гледаш светот, доста розови ми изгледаат од моја гледна точка... would you please? :D

    Дозата на мизантропија што ми е прифатлива и на некој начин привлечна од аспект на сарказам, ми се сведува главно на fictional characters (Дариа и Џејн Лејн, др. Хаус, Декстер...), и евентуално може да осетам некој tumblr quote од тој стил како relatable - во одреден момент кога сум изложена баш на другиве горенаведени појави (хомофобија, ксенофобија и сл.). :D
    Во реалноста не сакам луѓе со ваков константен став кон животот околу мене ((т.н.) мизантропи) и верувам дека многумина го делат мислењево. Природно е човек да сака да се опкружи со луѓе во суштина полни со разбирање, поддршка; со позитивен став кон животот со кој ќе го инспирираат.
    Сарказам, дури и до граници на цинизам, и антагонизам кон токсични типови на луѓе е едно, а мизантропија е друго. И да, не е самата по себе дијагноза, но кога не е позерство и е долготраен битен дел од нечиј карактер - не е чудно да стане дел и фактор за некаква дијагноза.
     
    На Nigredo Odor, Scott Weiland и DAngel им се допаѓа ова.
  18. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Ти стварно не си бистра како што си мислиш :D Јас не реков дека не постои мизантропија, туку дека не постои како дијагноза како што се обидувате да ја претставите. Тоа може да се дискутира, другото што си го извртуваш, не баш.
     
  19. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    [​IMG]
     
    На DAngel и Someonespecial им се допаѓа ова.
  20. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Ниту ме читаш, ниту ме разбираш. И имајќи го тој проблем, префрлаш ад хоминем. Колку пати нагласив генерално луѓето, човечкиот род? Каде спомнав омраза кон поединци?