1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Микродермоабразија

Дискусија во 'Лице' започната од babyblue, 31 јули 2011.

  1. babyblue

    babyblue Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    12
    Здраво, дали некоја од вас има правено ваков третман и колку е задоволна..
    Имал позитивен ефект за лузните и флеките од акни... само не знам дали од еден третман би било доволно или треба да се направат повеќе третмани? :?:
    позз :*
     
  2. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.476
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    И каде може ова да се направи?
     
  3. babyblue

    babyblue Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    12
    Па обично во овие поголемите козметички салони што се прават...
     
  4. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.477
    ^^^ Во никој случај во козметички салон!
    Микродермоабразија е дерматолошки третман што треба да го изведува доктор специјалист по дерматологија, а не некоја козметичарка да прави експерименти на твоето лице. Не можам ни да помислам да дозволам козметичарка да ми прави таков третман, кога има доктори што учеле 10 години за да го работат тоа.

    Микродермоабразија е многу добар третман за тие што имаат акни, јас го имам правено и многу сум задоволна.
    Првите неколку третмани ги направив кај Д-р Анчевски, па потоа продолжив во Скин Солушн ( http://www.skinsolutionmk.com/main.html , http://www.facebook.com/profile.php?id=100002270924008) кај д-р Јорданова, затоа што е поефтино, а и нема толку гужва и повеќе внимание им обраќаат на пациентите.

    МИКРОДЕРМОАБРАЗИЈА се користи за
    -подобрување на квалитетот на кожата
    -фотостареење
    -редуцирање на брчки
    -третирање на акни и останати белези
    -третирање на стрии.

    Кај лечењето на акни ефекти има, ама ако почнеш да правиш третмани треба да бидеш редовна, ако сакаш да има резултати, од еден третман ништо не бидува. Јас направив околу 5-6.
    Ако ти треба број од докторката, пиши ми во ЛП ќе ти го кажам.
     
    На zhap4e, The-Queen, babyblue и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.477
    Заборавив да пишам дека против акни многу добар третман е и хемискиот пилинг, јас сум го правела и најдобри резултати имав од него, само тој третман најдобро е да го правиш кога имаш 2-3 дена слободни ( на пример за викенд ) затоа што после третманот се појавува благо лупење на кожата.
    Инаку третманот е закон :) после тоа кожата ќе ти биде мека и нежна како на бебе ;)
     
  6. Willow

    Willow Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    8
    Јас имам правено микродермоабразија на лузна и сум задоволна ја правев 3 пати кај Анчевски и добив навистина добри резултати ...
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.585
    Допаѓања:
    80.672
    Пол:
    Женски
    A како се движат цените на еден ваков третман?
     
  8. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.477
    ^
    Јас таму кај што правам ( во скин солушн кај др Јорданова ) аквена дермоабразија е 2000 ден од третман, а за друго место не знам како се движат цените.
    Овде и хемискиот пилинг е 2000 ден, ама имаат попусти за пакет и излегува поефтино.

    Сега оваа дермоабразија што ја правам е аквена, нов метод и не боли, а најдобро од се е тоа што после третманот црвенилото исчезнува многу брзо, најкасно за еден саат.

    Порано кога правев кристална дермоабразија, бев црвена 2-3 дена после третманот, а сега немам гајле.
    И докторите сами кажуваат дека аквената е нов метод и многу подобар од кристалната.
    Затоа пред да правите третман, прашајте си прво каква дермоабразија прават, затоа што сите ординации немаат апарат за аквена абразија туку уште работат со стариот кристален метод.
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MeniPedi

    MeniPedi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    1
    На микродермоабразијата и даваат секакви додатоци во името само за да ја наплатат .Прашајте си убаво каква метода е и што всусност се случува додека се прави третман.И ниедна не боли. Како да ти го поминуваат лицето со правосмукалка, такво е чуството. При секоја абразија како метода има вода, и тоа само за да се намали триењето, црвенилото на лицето и полесно да отпаднат мртвите клетки :)

    Јас одам два пати месечно на абразија кај др. Николина во дебар маало и неа цел третман со абразија и чистење на лице и маска и е 1000 денари. Премногу сум задоволна од неа и не ја менувам.
     
  10. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Бев денес во Скин Солушн и направив микродермоабразија на половина грб, рамена и раце за 1000 денари. Не боли, убаво чешка, кожата се измазнува и се гледа отстанувањето на првиот слој. Ама би сакала да уште еднаш да го направам третманов, да ги снема црнките, ама скапо ми е. Не знам, можеби некој работи за поефтино, па кажете ако знаете некој. :)
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  11. preplasena

    preplasena Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    26
    Каде е најефикасно кај Анчевски, Во скин солушн или кај Николина? Ако има некои отидено кај сите три нека пиши разлики и сличности во цена и се разбира ефект
     
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.585
    Допаѓања:
    80.672
    Пол:
    Женски
    Девојки, а дали третманов помага во отстранувањето на стари флеки од акни и дали разликата е видлива уште при првиот третман? :?:
    Пред извесно време имав сериозен проблем со акни кој не беше хормонски, дури ни дерматолозите не можеа да објаснат убаво и на крај тупнаа демек наследно било :^) , па користев разноразни препарати и сега стигнав до некое ниво на дури 80% исчистени флеки, но ми останаа уште, некаде во пределот на рамениците и на почетокот од грбот, па сакав да пробам со ваков третман, преку глава ми е од мачкање со лосиони и вадење лупешки. :worried:
     
  13. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    ^Некои предлагаат хемиски пилинг, ама и тоа е со лупење на кожата (постепено).
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  14. preplasena

    preplasena Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    26
    Дијамантска микродермоабразија

    Дали некој бил на дијамантска микродермоабразија, ваков третман и кај кој дерматолог? Какви се ефектите, колку е цената и дали е подобар од старите методи?
     
  15. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.538
    Допаѓања:
    7.835
    Пол:
    Женски
    Јас имам закажано на дерматолог ама за следната недела така да ке споделам импресии тука.
    Нина ( Николина Лазаревска ми е приватен дерматолог ) и цените на тртманите се движат од 600-900 ден, некако најевтина ми изгледа оваа, ве читам кај другите се по 2000 ден.

    Инаку пред да се направи третманов не смее да има гнојанички или покрупни акни, па поради тоа јас подолг период бев под терапија со антибиотик, авен, и сона, лицето сега ми е исчистено остануваат флекичките да се средат ама немам многу па потоа лузните.

    Среќа почнав на време да одам на дерматолог не експерименитирав многу со креми и лосиони.
     
    На Candice.S му/ѝ се допаѓа ова.
  16. soncicko

    soncicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    73
    Јас го направив третманов и не забележав некоја посебна разлика
     
  17. preplasena

    preplasena Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    26
    На каков, со дијаманти ???
     
  18. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.538
    Допаѓања:
    7.835
    Пол:
    Женски
    Ајде како што си кажав да си пишам тука.
    Бев пред некој ден, ми правеа сува дермоабразија со фореза.
    Имало сува и со вакум. Сувата оди ако лицето ви е со жаришта, а таа со вакум ја прават ако лицетео ви е чисто.
    Јас бев одреден период со антибиотици за да ги исчистам гнојаничките, површинските ми ги нема ама оние што се подлабоко во кожата ( нешто како подкожни ) мораат да се третираат со фореза- за антибиотикот со помош на стуја навлезе подлабински.

    Прво ти го мачкаат личето со некаков гел, и ти пуштаат пареа.
    Потоа се бришат, ставаат посебен гел и ја прават дермоабразијата. Всушност само ти го отстрануваат површинскиот слој на мртви клетки нешто како пилинг би му дошло. Тоа е како турпија- грубо е да кажам турпија ама така му доаѓа, ротира и чувствуваш благо пецкање, . После првиот третман лицето си го осетив многу мазно. Потоа ми нанесоа антибиотик од ампула, и ми правеа фореза- пропуштаат струја преку електроди и ова е најгадното нешто, осекаш метален вкус во уста, ако некогаш сте лизнале батерии знаете какво е чувството. Потоа оние места кои ми беа зафатени ми ги истиска гнојаничките, и ми ги отвори каналите со игла - најболното нешто. Лицето ми беше црвено немате појма колку :!: Потоа пак става антибиотик, и потоа маска или крема со заштитен фактор, зависи.
    Арно ама кога си дојдов дома, лицето од црвено ми стана модро, и така од четвртокот до сеа шетам со сино-зелено-виолетово лице :tmi:

    Ми рече дека е нормално, всушност ме предупреди и поради тоа отидов крај на недела за до понеделник ми се смири лицето. Ми зема 900 денари за двата третмана.


    Она што сакав да го кажам е, имаше едно девојче од Куманово чекаше и она за третман. Кога ја видов прво што ја прашав е дали има пудра на лицето, кога ми рече не останав ваква :o и ми падна чудно и ја прашав ама ти сигурно за третман си или дојде да и напраиш друштво на другарка. Ми рече не бе за третман си правам еднаш два пати годишно да си го одржувам лицето.

    Девојчево имало катастрофално лице пред две години, со дупки ама буквално дупки, лузни флеки и гнојаници. Не ми се веруваше дека такво мазно лице имало дупки предходно. Ми рече докторкава и дала некаква си крема која и ги пополнила дупките - нешто за кое мислев дека е невозможно.

    Ако имате некаков проблем со лице не барајте лосиони и триста глупости, звучи клише ама правец на дерматолог.Ќе експириментирате со креми и лосиони и на крај пак ке завршите на дерматолог.
    Докторкава е одлична, знае да ти обрне внимание и да ти објасни со трпение што и како а и третманите се најевтини. Лицето ми е многу опоравено а сум на почеток на терапија. За година дена ке имам стакло лице здравје боже. :)
     
    На IamSexyAndIKnowIt, ciganka, Candice.S и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. MariaFederer

    MariaFederer Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    6

    На кое место беше во Куманово? :)
     
  20. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.538
    Допаѓања:
    7.835
    Пол:
    Женски
    Зашо во Куманово? Никаде не кажав дека е во Куманово :^)
    Во Скопје кај Нина бев си пишав погоре :)
     
    На IamSexyAndIKnowIt и Candice.S им се допаѓа ова.