Пошто не можам да си го редактирам мислењето ке пишам уште еден пост. Третманот го правев во четвртокот, лицето ми беше лом, ама бидејки не излагав од дома издржав некако. Одкако ми помина црвенилото и модринките, лицето ми е премазно, дури од еден третман. Денес отидов без пудра на факултет и ми рекоа дека се познава веднаш разлика. Тенот ми е поизедначен, акни скоро и да немам, две три незабележливи. Ама лицето на допир се осеќа мазно. Јас сум презадоволна, петок пак имам закажано фореза.
Само што се вратив од кај Анчевски, правев парење + чистење + микроабразија со кристали и мислам дека ќе умрев од болки.. Моментално изгледам и повеќе од страшно.. Пред 3 недели бев на преглед, ми дадоа терапија Сона, клиндамицин, сумамед (таблети), еритромицин со бензоил пероксид и тетрациклин (креми), и се надевам на толку терапија и третмани нешто ќе се смени во моменталнава состојба.. Има промени, ама се надевам за брзо ќе бидат и поочигледни оти веќе ни сама не можам да се гледам ваква
Извини, сум помешала нешто со ова 'Она што сакав да го кажам е, имаше едно девојче од Куманово чекаше и она за третман.'
Женски, ајде ако има некој искуство со blue light laser или пилинг или микродермоабразија да ми каже како поминал и во која ординација кај кој доктор, меѓутоа исклучиво за лечење на акни... јас се мислам некое време и немам храброст да отидам заради можните последици... споделете ги вашите искуства, можеби ке се одлучам и јас конечно да закажам третман
Потполно те разбирам, и мене ми беше страв да отидам на лекар зашто акните ми беа лоши ама морав.Јас нормално пред да отидам истражував на нет и не би ти го препорачала тој ласер зашто е многу агресивен и имаш долг период на опоравување( плус е доста скап). Тебе ти треба добар и стручен дерматолог со искуство во лекување на акни. Он треба да ти даде соодветна терапија и да ти посочи кои третмани треба да ги направиш. Јас за среќа го најдов на време соодветниот лекар и ме оправи. Со искуство над 25 години е лекарот има работено на клиника а сега веке една година има ординација во аеродром. Ако сакаш ке ти пишам број од него. поздрав
девојки и јас имам ист проблем со лузни и само микродермоабразија помага, денес бев и во клиника некоја кај доктор митановски и ок беше .... се тоа е супер али дали некој знае некоја добра денвна крема за лузни од акни????????????
Еве во оваа тема имаме споделувано искуства, разгледај. lice/fleki-i-dupcinja-od-akni-na-liceto-t198/300.html
Како до чисто лице? Здраво, Бев вчера на третман за лице - микродермоабразија кај д-р Николина Лазаревска и сега лицето ми е многу црвено и со рани што е нормално, така ми кажа и докторката. И сега пак ми кажа да направиме уште еден третман - фореза во четврток, за да ми ги исчисти подлабоките акни. Знае некој како се одвива вториот третман, дали исто толку ќе ми биде црвено лицето и со рани како првиот третман? Зашо во сабота патувам и нејќам страшна да изгледам. П.С. Што е разликата меѓу микродермоабразија и фореза??
леле и јас сакам заради отворените пори, кај николина се чека ли долго за да ви закаже? и колку денови отприлика стои црвенилото
Темава одамна не е ажурирана, ако сака некој да сподели искуство, дали има некои негативни ефекти како ослабување на еластичноста на кожата, и дали помага за пори, флеки, лузни...
Јас си закажав микродермоабразија во Скин Солушн, задутре ќе одам па ќе ви пишам како сум задоволна. Се надевам и јас ќе осетам добри резултати.
Еве сум пак јас, го направив третманот и немам ниикакви резултати дури полошо ми е лицето повеќе акни ми излегоа под брадата тој дел и вратот. Порите повеќе ми се познаваат ситните мозолчиња и црвенилата не ми се исчистија ич и лицето уште повеќе ми се мрси. Џабе фрлени 2000ден. Незнам дали е до мене или ВООПШТО НЕ ПОСТОИ ВИСТИНСКИ ДЕРМАТОЛОГ ВО ОВАА ДРЖАВА. Катастрофа. Изгледа само реклама се прави овде.
И јас правев во Skin Solutions микродермоабразија, но начекав некој попуст накај 700 ден третман, кој траеше 5 мин (рекламирано 30 минутен третман) Никаква позитивна промена на лицето, ништо. Инаку абразијата секако треба да е подолга, они велат третманот трае 30 мин кога прашав за закажување, ама 10-15 минути ми го пареа лицето, 5 минути абразија и 10 минути маска и толку! Просто се запрепастив за што земаат толкави пари, срамота! И да, не ја работи дерматолог туку козметичарка... Едно големо НЕ за Skin Solutions!
Исто и мене 10мин пареа и 10мин третманот и со маска. И тоа болеше силно стискаше, а видов дека 2 девојчиња не работеше со иста четка. Дај препорачете некој асален дерматолог за дермоабразија и хемиски пилинг? Што мислите за Коста во аеродром? Или Нина(Николина)?
Бидејќи не сум била до сега на трермани, сакам да правам микродермоабразија кај др. Николина, па ме интересира дали може дирекно да се закаже само таков третман? Не сакам да одам на прегледи, па повторно закажување и сл.