Никаде не напишав дека е болест,очигледно не ме разбираш. Таа напиша не постои доктор што ќе ја праша дали чува миленик дома,јас тврдам спротивно дека има такви што прашуваат,ако се јави некоја алергиска реакција во текот на бременоста,по раце по нозе. Само повеќе е да се правиме паметни со сила
Јас членката што ја цитирав имаше пишано дека е бремена и двајца доктори досега не ја прашале дали чува милениче, значи збориме за рутински прашања. Во рутински прашања во бременост не спаѓа прашањето Дали чуваш милениче дома. Какви црни алергии бараш
Девојки ме интересира нешто.Имам мачка во дворот и сум љубител на животинчиња,ама ме плашат со една работа!!!Да се пазело да не случајно лапниш влакно од мачка е добро ама јас од пусти страв и мисла бегам од мачките.Незнам зошто е тоа така кажано ама умирам од страв кога сум во близина на мачка....Што е вистина и како да се припазам од тоа зошто мачката ми е во дворот ја галат влакна ова она.....Поздрав девојки
Па бидејќи е во двор би те советувала да си внимателна, не од влакна, ништо не ти е од влакна од мачка. Туку веројатно не е вакцинирана и се дружи и со други надворешни мачки. Не мораш да бегаш, едноставно миј раце ако ја погалиш пред да ги допреш до уста.
Многу ти благодарам за советот.Искрено од кога сум бремена мачка немам погалено )) не затоа што не ги сакам туку баш заради моја и заштита на бебето.Ја хранам но галење не.Избегавам скрос.И така ќе биде барем додека се роди бебето.За тоа немав проблем повеќе ме уплашија за влакно тоа ми беше страв.Фала ти уште еднаш
Немаш гајле од мачката, реално проблем е токсоплазма, ама за да закачиш токсоплазма од мачка, треба прво таа да ја има, па да чистиш измет со голи раце, да го допреш изметот и после рацете во уста да ги ставиш. Би ти рекла повеќе да внимаваш летово на салати, како марула на пример, најчесто токсоплазма се добива од недобро измиена салата, мачките ни приближно не се "опасни" колку тоа.
За со мачката тогаш немам проблем,а за марулата прочитав и на друго место.Имаме во дворот ама јас искрено не ја јадам не дека не ја сакам туку затоа што е во дворот и е во близок контакт со кучиња и мачки..Па избегавам ти благодарам уште еднаш
Луѓенца и моето маче е улично и вакцинирано со се и ампули за се! Па добро кој на денешницав чисти измет без лопатка? Го чуваме дома и на тераса и секое влевање/излевање надвор и го дезинфицирам газето и и ги бришам шепичките оти копа во песок… Планирам бременост и не ни помислувам да ја дадам,дури и ја бацувам, а за галење па да не зборувам, инаку секогаш јас ја чистам песокта со лопатче и директно во кеса.. Не гледам проблем земајќи го во предвид фактот како живееле нашите баби со овци, крави и еден тон кучиња
Рутинско прашање е на неонатологија. Прво прашање беше каков беше пораѓајот, второ дали имам мачка дома, трето дали имам наследни болести кај родителите, четврто беше дали имаме умрени браќа сестри, дали сум пиела лекови у бременост, дали некогаш сум се дрогирала, дали некој од родителите е пушач... Оти прашале, не знам, има у картонот таму на листа беа сите прашања. Може уште имаше, ама не се сеќавам.
За токсоплазма да испитаат. Не знам дали имало потреба да се испита, мене никој не ме праша после двата пораѓаи, а и во текот на бременост, а имаме мачка. Ама толку е ретко да се фати од домашна мачка (што не лови храна сама) што нема потреба од прашањето. Ако се сомневале на токсоплазма поголема е веројатноста да се има фатено од зеленчук и овошје, конкретно од марула, затоа не се препорачува таква салата во бременост особено надвор од дома. @Babyby кај мене за секој случај чистеше мм песок дури бев бремена, од моја параноја што читав работи за токсоплазма, ама ако е домашна и прочистена мачка немаш потреба за загриженост. Искусен ветеринар ко ми кажа како се пренесува и дека немам потреба за загриженост, сфатив дека шансите се скоро 0 за такво нешто.
Ова не е по пораѓај, туку на детска клиника, поради детска жолтица. По пораѓај ништо не прашаа, ама при прва болест, да.
Токсоплазмата може да има влијание меѓудругото и на црниот дроб, ако бебето ја префатило, ама пак ќе речам од домашна мачка скоро нула се шансите. Не е наивна инфекција, сериозен паразит е, повеќе треба да се внимава на темелно миење на овошје и зеленчук и контакт со улични мачки. Мачките ја фаќаат од јадење живи глувци, птици, итн, домашните нема како да фатат. Моите деца по раѓање имаа жолтица до 3 месеци, ама не ме прашаа искрено за тоа, причината ја бараа во мајчиното млеко и крвните групи. Кај големиот сега поради друг здравствен проблем испитавме и токсоплазма, и беше негативно иако 3 години се немаат разделено со мачето.
Нормално прашуваат ако земеме во обзир како се чуваат милениците кај нас. Вакцина шо, таблета шо, скитање по улици... итн. Домашна мачка, вакцинирана, прочистена, која не е во контакт со диви глувци, гулаби, други мачки, постои 0% шанса да има и пренесе токсоплазма. Бремени или не, совет не јадете марула што не сте ја измиле сами и не сте 100% сигурни дека лист по лист сте ја миеле. Луѓето токсоплазма најчесто добиваат баш од недоволно измиени продукти. А измет од мачките верувам никој не зема да чисти со голи раце, па со тие исти раце да земе да јаде, а неизмиени после (со голи раце!) чистење измет. Основна хигиена е, после сопственото вршење нужда да се мијат раце, па и после сечија нужда чистење.
Верувај дека и налик тие што изгледаат чисти средени се уствари тие што не мијат раце. Ретки се тие луѓе што после прошетка на своите миленици истите и ги мијат ги средуваат, кај мачките не само во изметот туку и во делот нА бркпвите устата може да ја има бактеријата со тоа што они душкаат, а за кучињата да не правам муабет цело крзно го бутаат надвор кај што другите мочаат па после легнуваат со нив во кревет ама битно сопствениците се пресоблакаат кога ќе дојдат дома, а миленичето не треба да се среди. Исто така и во месото може да има токсоплазмоза затоа и нагласуваат да не се јаде живо или полу живо месо, не е само овошје и зеленчук. Што значи бремени најубаво дома да си јадат
Цела брменост си ја поминав со мачето дома, дури мачето ми беше најдобра другарка додека бев месец дена на боледување Е сега мачето е од раѓање дома само, нема никаков контакт со надворешна средина и јаде само купечка храна, сепак не ја пуштав во спална никако и песокот го чистеше само маж ми.
Не знам за другите, и куче чував, и мачки само сега, мачките надвор не излегуваат, со мене спијат. Па се подразбира дека кога чистам измет нивен мијам раце, како што мијам и после моја нужда. Логика ми е. И за животните што се шетаат надвор постојат доволно хигиенски средства, пример кучињата, после прошетка да се исчистат. Јас мачките немам потреба да ги чистам прво пошто се мачки, второ пошто се само дома, па сепак преферирам еднаш во ден да ги избришам со влажни за миленици. Инаку не е само токсоплазмата, од недоволно зготвено месо и салмонела постои што не е помалце опасна, така што и јас би рекла бремени посебно да внимаваат од каде јадат. Јас небремена не јадам храна за која не сум сигурна како е спремана.