abe ti nema da go dushkash izmetot shto ti e jas kucheto go zedov 20 jan, a zadnji ciklus mi beshe 8 jan. i najnormalno se de chuvame toj celo vr e uz mene, nishto do sega pozitivno ne mi ispadnalo. izbegavaj da galish sumljivi machki. machki shto ne gi znaesh. ako sakash da si chuvash svoja najpametno ti e da i ispitash izmet i raat si posle.
Само песокот таа да не го чисти поради опасноста од бактеријата токсоплазма, другото во ред е, и јас сум цел живот со мачки и да чукнам од дрво до сега сум немала проблем ги сакам многу и си чувам мачка иако сум сега бремена, се надевам и ќерка ми ќе ги сака толку многу..
Ние чуваме дома куче, кое шета и во двор и внатре, плус е самојед не знаете колку само се митари.. Последната бактерија во урината што ја имав, не знам и јас која беше, докторот ми вика маж ти месар да не е, кај може да ја закачиш, викам не е месар, епа чувате некое милениче дома и јас викам да, ме искара рече надвор... а и реално така е.. кучето си се шета по балкон каде што се суши долниот веш, толку треба.... плус ова куче седи и надвор не е само внатре како во стан....
trihinela da ne bilo? Site kje ve karam shto gi osuduvate zivotnite a e vasha krivica. Mileniche e isto ko dete da imash. Mora da e vakcinirano prochisteno i redovno da se praj krvna slika i bris. kucheto ne e krivo ako zakachi bolest ili bakterija. gazdata e kriv ako ne primeti deka neshto ne e vo red so milenicheto. domashnoto mileniche koe vlaga vnatre bara poseben tretman, redovno banjanje i tn. a ne ok e dur ne sme trudni posle ish kuche ne ni trebash bolesti nosish. epa da str go chuvale ko shto treba nemalo da ima bolesti. koj da se grizi za vasheto mileniche ako ne vie??? ne si ja zimate seriozno ulogata na gazdi, toa e problemot. ne kucheto. ne bolestite.
Znaci mir da se nemalo aman veke posle zika so se tresev edna nedela sega izleze i so mackite problem.jas nemam macka ama odam do kaj moi rodnini sto imaat cetiri macki i gi cuvat nadvor.znaci mackite ne se vakcinirani od nisti necisti se se bhtaat sekade i se nasekade po nivniot dvor sekadr se pikaat lokaat a izmetot neznam kaj go ostavaat.daleku od toa jas da cistam po niv ama mozno li e da se zarazam od bakterijata posto mackite se nasekade okolu mene koga sum kaj niv na kafe.i kakov e toj test sto se pravi mojot ginekolog nisto ne mi spomna
Таксоплазмоза. Се добива при контакт со изметот на мачките. Се препорачува после контакт со мачки, посебно се мисли на уличните, да се мијат раце.
TORCH se vika testot neli? Za kolku vreme stigaat rexultati idprilika? Jas pravev samo PRISCA vo 13 nedela.drug test nemam praveno
ТОРЧ е комбинација од повеќе тетсови, вклучувајќи ја и таксоплазмозата. Јас добив резултат за 2-3 дена. Најточно би ти кажале во лабораторијата каде ќе го правиш.
Fala ti mila uste utre ke zakazam.se preplasiv od ovaa bakterijata.se izvinuvam za latinicata od mobilen sum.pozdrav
Не се зaкaжувa, си oдиш сo упaт oд гинекoлoг дo институт зa јaвнo здрaвје или микрoбиoлoгијa, бесплaтнo е зa трудниците, зa 7 денa имaв јaс резултaти.
Не знам како беше, на с не ми е дома резултатот во картон ми е... Во право си за ова, јас не ги осудувам животните, нашето куче има третман како хотел во 5 звезди, ама пак ако шета и надвор по двор, на улица кога го шеташ, ти реално не можеш кучето да го бањаш секој ден... сега ние си го чуваме ама само во двор, ограничен и е влезот внатре од причина што сум склона на бактерии...
Мн јасно дека треба да се испитува, ама муабетот ми беше, колку и да го одржуваш, ако кучето е надвор 80% од денот и се шета навака натака, и брка желки, змии, бубачки, ежиња, копа коски.. ќе закачи нешто како и ние што би закачиле нешто ако функционираме така, ние со секојдневна хигиена пак имаме закачено нешто...
Onda se raboti za nevaspitano kuche. pak vina za toa snosi gazdata. i mojot dva pati goltna koska i sledeshe lekari, barium rtg, ispituvanja kup ama potoa sledea lekcii i sankcii. jas bremena go vospituvav bidejki toa beshe periodot koga treba da se vospita. izborot beshe moj. dali kje ostavam kucheto da golta se i svashta i da mi nosi bolesti doma ili kje go vospitam da ne izigrava pravosmukalka i utre raat da sum so deteto. ova ne e kritika. ova e sovet.
Добро бре луѓе, што е со оние трудници, доилки што живеат на село. Што сакле неќеле мораат да го допираат добитокот. Да хранат, молзат , чистат. Низ двор шетаат мачки, кучки, кокошки, свињи..ај сеа да не набројувам. Како бе на нив и нивните деца не им е ништо. Толку деца се израснати со животни заедно, па се здрави прави , некои од нив и со свои фамилии. Јас сум израсната на село, не сме чувале добиток зошто не сме живееле таму, ама затоа сум се мешала со тамошните деца кои имале добиток, сум се играла по нивни дворови. Сум фаќала, жаби, риби, мачки, зајци. Што не. Во градовиве има многу други поопасни работи за трудници и бебиња од домашните миленичиња што верувам секој ги чува како дете. И јас имам мачор. Тоест кај мајка ми. Си седи кај мене во скут. Чат пат се галиме. Не чистам по него. И тоа е тоа. Да не треба на улица да го фрлам. Тој никад не ни искочил никаде.
Имам мачорче и премногу го сакам , научено е со нас да спие и скоро по цел ден е дома, редовно го прочистуваме и слично, останав бремена и сега читам по интернет за паразитот што го пренесувале и веќе ме фаќа страв. Читав дека се пренесува само доколку е заразен со иситот паразит, но да ве прашам некој што знае повеќе дали доколку го има мачотот ќе има некакви симптоми?
Имам пишувано на темава, пребарај ми ги коментарите. Мачка чував пред бременост, а сега истата си игра со ќерка ми. Превентивно направив TORCH испитување одма на почетокот на бременоста, и токсоплазмозата беше негативна. Паразитот се пренесува преку изметот на мачката, па бремени жени не треба да го чистат. Се друго си е ок. Не се секирај. Ако мачката е вакцинирана и прочистена, ако не шета надвор, направи тест и не чисти измет. И уживај во бременоста!
Здраво, ве молам некој да ми одговори на прашањето, значи мојата сопруга е бремена веќе 3 месеци а пред 2 дена купив папагалче мал александар и кафезот е поставен во дневна соба а не во собата каде што спиеме, дали ова влијае нешто негативно кога жена ми ке биде присутна во дневна соба ? благодарам!