Леле благодарам на брзиот одговор, значи да додадам, јас сум тој што го чисти кафезот и го храни папагалот, жена ми само од далеку ке го гледа, и второто прашање е ако сега додека она е бремена не смета, дали понатака кога ке се роди бебето ќе смета ако е присутвно во собата поточно дневната каде што е папагалот ? :Д
Истерав две бремености покрај папагал, еве и второто ќе се роди, воопшто бебето не сум го чувала подалеку од папагалот. Само ќе внимавате повеќе на хигиена, почесто чистење на кафезот. Инаку моја одговорност е папагалот, цело време јас го чистам
Не се грижи ништо нема да се случи. Моја пријателка истера три бремености и после тоа со бебиња и цело време си чуваа папагал и се си беше во ред.
Јас чувам голем александар, во цела бременост спиевме заедно во иста соба, не до мене и голема е квадратурата, но сепак во ист простор. Само јас не му го чистев кафезот и се чистеше почесто. И бебе кога се роди до кај 3м беше со нас во дневниот простор, но бидејќи сака многу да се дружи, а јас обврски со бебе, мм повеќе е надвор, бебе неразбира, па го снесовме долу кај старите, но каде и да е ќе го прибереме. Инаку е безбедно и кога ќе се роди бебе да е со вас и уште подобро уште во старт да се адаптираат заедно, се разбира редовна хигиена на пилето и редовно собирање на пердуви, ако не дај боже бебе пројави реакција ќе дислоцирате
Јас пред да се омажам значи до пред 1 година спиев со моите мачки, 3 имав. После абортусот правев секакви испитувања и бев позитивна на токсоплазма ама Igg ili Igm беше нз точно како е ознаката ама докторот ми рече дека тоа е од одамна и дека не е сега активно и нема гајле рече значи јас имам прележано и сега имам антитела. Истата ознака беше и за рубеола што ни ставаа вакцини во 4 година средно. Сега во новиот дом имаме 3 мачки и се надвор ама сега не ги фаќам ме караат сите и ако ги погслам одма се мијам раце.
Токсоплазма се добива ако си во контакт со изметот, поточно ако им менуваш песок. Но чудно и јас бев позитивна, демек сум "прележала" но кога чував мачка не сум го чистела песокот.
Моите мачки надвор одат кога имаат потреба дома не чувавме песок, значи се комбинирани и домашни и надворешни миленици се па ете сум прележала
Ви благодарам на сите на одговорите, јас многу го сакам папагалчето а сите ми рекоа да го продавам (освен жена ми), јас прашав и кај мојата матична она ми постави прашање ДА НЕ СЕ ПЛАШИ ТВОЈАТА ЖЕНА ОД ПАПАГАЛОТ? Јас викам не не, туку се страв ми е да не пренесува некоја болест, она после ми возврати леле абе ич немај гајле ништо нема да се случи уживај, но ете, пак, несигурноста стоеше во мене, пошто некои велеа као демек првите 2 години бебето не смее да биде во иста просторија со папагалчето, па затоа сакав со вас подобро да се консултирам, а јас иначе кога го зедов од кај пет шопот ми рекоа дека таков проблем со алергии повеке направиле тигриците (помалите папагали) а дека мал александари и поголеми папгали не :д
Токсоплазма не се добива само со чистење измет од мачка. Може да се фати и од не добро измиена марула на пр.
Оф оф, убаини Затоа мене матичниов ми вика од се што јадеме во бременост, лошо измиениот зеленчук (посебно марула) знае да биде опасен.
Јас затоа не јадев салати надвор од дома во бременост иако единствено за тоа бев стрвна тој период. За на работа обавезно од дома убаво измиен и отстојан во сода, зеленчук носев.
Јас колку марулки па јадев периодов, а мачките надвор шетаат, значи неможи да се допази човек, ексик веќе
Токсоплазма може да има и во сувомеснати производи, паштети и конзерви кои не се добро термички обработени. Исто така и во арско ѓубре, па затоа се советува добро миење на овошјето и зеленчкуот. Исто кога се работи во градина да се носат ракавици бидеќи може преку порите на кожата да навлезе во крвтокот. Така да кога ќе се виде мачките се најмал проблем и неправедно се осудуваат дека само тие шират токсоплазма. Ама ете така останало верување од старо време, па и јас моето маче го избркав во дворот и го галам само со нога. Жал ми е кутрото изгорено е за љубов, ама само да го направам тој фамозен торч и да ми излезе дека имам антитела нема толку да се пазам. Сигурно нема да спијам со него и да го бакнувам, ама нема да бекгам од мачки како ѓавол од крст како сега. Порано сигурно не ни знаеле дека не смеат да фаќаат ни земја, ни било какви животни, си чувале стока, оделе на нива, па живи здрави деца си раѓале.
Исто и јас со мачкиве значи премногу ги сакам и сега со нога да ги галам, исто како што велиш изгорени се за галење. Ама мм само ми вика немој, немој оти не сум разбирала бла бла...
Јас пред да останам трудна цело време бев со моето маче, сега кутрото уште се чуди што го нашло, па ајде мм понекогаш го гали му е жал. Штом ме види веднаш пред нозе ми легнува и ми преди, па ајде со нога (што ич не сакам така)ќе го поиграм малку. А маче како маче, не може да се воздржи ако пуштам рака може и да ме гребни, касне, а секаде шета дека сега е надвор. Плус и од крлежи сега имам страв, па ќе мора ампула да му ставам и во трева помалце да шетам. Ама за бебче се ќе направиме.
Pak, jas, sega mi vikaat deka i vdisuvanjeto na perduvite na papagalot pravelo problem za trudnici, znae nekoj dali e tocno ?
Другар, дури толку му се мислиш и плашиш и си правиш стресови и несоници дај го некаде папагалчето на чување или пак чувај го во соба каде што не престојувате многу. Немам јас некое големо искуство со птици, ама се што ти предизвикува сомнеж елиминирај го или барем нека го избегнува женати. Еве јас без да сакам сум опкружена со птици, годинава ластовичките мн ми ја бендисаа куќата изгледа дека нова фасадата и ми направија еден куп гнезда. Сега сакала неќела сум во контакт и со измет од птици. Не може човек во стаклено звоно за живее.
Според старите верувања носат среќа, беричет, плодност и ја чуваат куќата од гром и пожар. Јас имам 5 гнезда, фасадата ја преправавме лани пред свадба и дотогаш никогаш немало, можеби е некој знак
Ме гребна маче, преку тренерки ама сепак ми се зне бледо линивче. Се измачкав со јод се измив со вода и сапун и намачкав алкохол. Ама цело време не сум мирна се таму ми е умот. Дали може да се пренесе токсоплазма преку гребење, касање? Значи јас не го фајќав на нога ме гребна не знам ни сама како преку алишта. Неделава ќе правам торч ама нема да кажи ако се инфицирав сега.