Ме изгреба мачево дури и крв ми пушти на ногата.. Не е вакцинирано надвор го чуваме ама на поминување ме грабна се измив со вода и сапун да не треба и на доктор да појдам??
Кај матичен да појдам? Од ко се измив со вода и сапун ми потече уште малку крв и запре затворена е раната а сабајлево правев крвна слика Мир да се немало сега умот само таму ми е
Не паничи. Ќе провериш токсоплазмоза за секој случај со крвна слика за некој ден да не ти е мисла. Немаш потреба од доктор што те изгребало. Мачињата ако не се вакцинирани (вина на луѓето) се преносители на овој паразит кој се пренесува на човек преку секрет. Еве прочитај си: http://zdravstvo.gov.mk/wp-content/uploads/2015/08/Toksoplazmoza.pdf
За ти да си мирна почекај ги резултатите стави алкохол на раната и ако до после ти се јави црвенило, чешање и оток појди види што ќе ти кажат
Читајќи ја темава пола од мозочните клетки ми умреа од простотилок, а другата половина се бореше да заборави што глупости изначита.
Скроз опушти се ништо не ти е. Ако имаш антибактериска течност помини или со ракија за дезинфикација иначе ништо не ти е. Само со измет немај контакт и тестот направи го ако не си го направила досега.
Епа да се приклучам, живеам со куче. Имав една прекината бременост и ми беше тешко многу сите си бркаа работа јас седев сама дома барајќи работа.. се осеќав осамено и си вдомив куче од улица, за несреќа кучето било болно ,подоцна покажа знаци ама беше касно, мораше да се успие беше тешка борба.. и се осеќав како се да бега од мене и бебето и куче и работа и се.. почнав да одам на работа ама многу ми фалеше кутрето и одлучив да помине некое време па да вдомам уште едно да ме теши, после некој месец вдомив од бебче го чувам, спие со нас. Кога останав бремена сите велеа да го оставам надвор да не е внатре ке сум голтнала влакно те ова те она, а само што го вдомив останав бремена. Кучево ги има примено сите вакцини има чип редовно се носи на ветеринар. До сега може сум голтнала кој знае колку влакна уште ништо не ми е. Многу го сакам и неможам да го оделам кога ке дојде бебе. Секако бебе ке е пред него, на прво место ама кога неможев да останам кутрево ми беше бебе.. така да сега го одвикнувам од спиење во кревет со мене и мм, да спие во негово креветче за да ми е полесно кога ке пристигне бебе да нема допир со него додека не стекне имунитет, ама ке се дружат и тоа како. Ке го пазам бебе со 4 очи ама ке го учам да си бидат другарчиња неможам да го исфрлам .. премногу љубов има во тие очиња.. инаку е мала раса, пинчер. Така да го чекаме бебе заедно
@Eni.r малите раси се многу љубоморни, а како ќе се постави твоето куче во однос на бебето ќе зависи само од вас. Значи во никој случај немој да се промените кон кучето зошто ќе го загрозите бебето. Мора исто така да му се посветувате и двајцата само нему во слободен период за да сфати дека ништо не се сменило. Истиот принцип на второ дете. За спиење подобро е за него да си има свое место каде ќе си биде сигурно. Тоа е најдобро за него, иако сакаат со нас да спијат. Моето исто е мала безраса вдомено и е доста љубоморен. Не смеам друго куче да погалам. Така да ќе му треба период на адаптација од мин 6 месеци да го прифати бебето, а потоа ќе бидат неразделни. Пази се од влакна и остали глупости од мал мозок немам ни намера да коментирам. Најбитно е да се привикнат на себе и ние на новиот член и се ќе биде во ред.
Го имам правено тестот пред некое време негативен беше, а досега пред бременост сто пати ме има изгребано истото маче па си велам недај боже да имало нешто ке покажеше на тестот.
За љубомора не збори не дава да ме бакне мм не е агресивен ама доаѓа меѓу нас и се гали лиже демек него да го бакнувам а не мм хаха. Секако нема да го запоставувам ке се мазиме кога бебе нана колку ке најдеме време
Девојки хелп, ме лижна моето куче на устата, во голема паника сум, од страв да не ми пренесе некоја инфекција или слично. Се Деси многу брзо ...
Значи не ми се верува... 8ми месец сум, кучево спие помеѓу мене и мм, секое утро со лижење ме буди, фала богу ништп не ми е . Дај малку информирајте се , читајте... нема ништо поубаво од бременост со миленик, или пак бебе и милениче заедно...
И јас цела бременост ја поминав со кучето, инаку пинчер мал раст...па не знам никој не ми рече немој не чини...
И јас имам пинчер Мене сите ми кажаа кога дознаа дека сум трудна бабски муабет: ' ааа сега кучево надвор а?' , ' а сега кој ке го чува?' , 'чувај го надвор ке голтнеш влакно,трудна си мисли на бебето' , и сега муабети идат, како со бебе? Нема ваљда да го чуваш со бебе заедно? Немој да го доближуваш до бебе, не го пуштај во соба кај што ке спие бебе. Иначе спие со мене и мм у кревет, а креветче тука у спална ке се стави..