Абе додека бев во болница тетка ми и се јавила на мајка ми овде да и даде една соломонска идеја додека не сум дома да ми го остави кучето во шума за да не “јаде” бебето влакна од раѓање. Мајка ми не можела да поверува што слуша ( она го чуваше како мал додека заврши чипирање и вакцинирање во мкд го сака безгранично многу) и и рекла ако тоа го направи кога ќе се вратам од болница нејзе ќе ја обесам во првата шума ако не го најдам дома. Што не е далеку од вистината Стварно луѓе да не се едуцираш во 2019 година е жално. Само така да лупеташ влакна макна ме бакна и слични глупости. Патем кога бебето почнува да лази бидејќи ги пика рацете во уста треба да го прочистувате од паразити на два месеци ( не на три како сега ). А до тогаш чувајте го кучето здраво и вакцинирано. За да не се појават алергии потребно е првите месеци бебето и кучето да не се во физички контакт ( да го лиже бебето), а поради љубомора која е нормална потребно е секогаш да има некој измеѓу првата година. Потоа кучето станува потолерантно од бебето кое го гњави, а ова бара мир. И така стануваат најдобри другари. Внимавајте односот со кучето мора да остане ист, со многу љубов и внимание и се исто треба да остане. Само минутажа секако ќе се намали, али смогнете сила да го љубите. После месец дена малиов не го приметува плачењето на малата и се навикнува на неа. Кога плаче на пресоблекување или бањање малиов стои пред врата во стил “ што и правите бе?” Почнува да ја брани од “нас” Сонце најмило е.
Оф миличко, моево мислам многу ке му е страв од бебе. Сега кога гледа дете кога лази лае се накострешува цел и бега Од овие поголемиве што одат е таков додека да се опушти после нема гајле Инаку кога сме веќе тука, како го прочистуваш од паразити, со таблетка? Да не му е многу таблетка на два месеци..
Со таблетка да. Вчера го носев на ветеринар мојот ( и он е лесна категорија 4.7кг) и баш не советуваше во однос на бебе што од медицинска страна да преземеме. Рече дека јајцата од паразитите се појавуваат после вториот месец така да во период на лазење се препорачува на два да се прочистува. Сосем безбедно е за кучето. Пинчерите колку ми се медени сонца мали. Е за нив не можам да сфатам дека некој нема време да ги чува и фрла на улица. Па тоа бе пола саат на ден бара шетање и 2 квадратни метри простор. Стоки.
Цела бременост ја поминав со кутрето и еве го бебе здраво и право и да ме бацуваше во уста Кога се породив сестра ми ја донесе кај мене ама не го регистрираше сега кога го носам кај нив веќе реагира кога плаче. Едвај чекам да ги шетам заедно ама прво нека ја средат на фризе па после. Немаше ни кило мислам кога ја земав сега после 10 години да ја дадаме заради бебе нема шанси. Мислам дека многу ќе го сака ама ни она уште нее свесна дека има бебе И не не го дадов кај моите туку јас бев кај нив 8 месеци @FreeMind На оваа тема најмногу те сакам
Па мислев нешто ќе мрчиш или ќе мудруваш кога видов дека си ме тагнала. Кога ти нашата “љубовна” приказна си ја раскажала Десет години ја чуваш машала! И браво
Еј и моево е 4.7 ама слабичко ми е некако немам време да одам до ветринар да ми препорача нешто да го здебелам малку. Јас го чистев претходниот понеделник пола таблетка и ми искака изгледа нешто па во саботата пак пола за секој случај и сега е чист дечко. Ма како ми забранија да одам често се случуваше ни еднаш да не е изнесен надвор по ден два..ама затоа еднаш во недела кај мајка ми е пуштен по цел ден да шпарта сам колку сака кај сака многу е лесен за чување ич ништо не ми бара дури сам си се игра па ке си легне, некогаш жал ме фаќа што не се шета често, сега цел 9ти месец си одиме на прошетки, а ке одиме и бебе кога ке дојде таман да луфтирам мозок на кратко Не знам и јас како им е тешко да гу чуваат посебно ситниве раси..
Тоа мие во крв и плус струка. Спојлер: . Има тежок степен на епилепсија,кога се породив и додека бев во болница имала многу тежок напад кој траел пола саат моите мислеле готово е ама она е силна женска. И никот мие нејзиното име. Бидејки сме со малиот често кај нив ке треба и она убаво да се прочисти од паразити. А иначе незнам дали во Германија има таква течност тука јанима само во ветеринарните амбуланти,како ампула е фактички како 100% сјај и не остава никаква бактерија или мирис од кучето. Се раствара во кофа со вода и се џогира цел стан.
Колку е само убава, душа. Многу е тешка епилепсијата кај куче сопственикот треба да научи да се носи со тоа. Толку е тешко да се гледа. Се надевам ќе си доживее длабока старост исполнета со љубовта која и ја давате. Сликни го средството да го видам.
Ени бе златно ти е како срничка мала, па како си лежи ангел Изгушкај го од мене најсилно! И избацувај го
И мојот пинч најверојатно има епилепсија не ни е испитано ама шо зборувавме со сите ветеринари сите рекоја дека е тоа...е сега има напади ама не се чести и не се долги...ама душа ме боли кога го гледам како се згрчува а не можиш да му помогниш...ама тоа е се живее и со тоа...само нека ни се живи долги години
Да се сликаш ама и да пуштиш слика Мене мојава додека ми беше помал стомакот ми го ставаше ноџето на стомак, сега не и е згодно така па на врат ми се потпира со главче или ми се оптегнува покрај стомак во супермен поза
ааа не ми е дома, во стан сме ние ...Џими е кај моите, си има куќа и двор огромен, цар си е.. ама пак си е мој, растен е со мене... деновиве ќе се сликам со него, утре кај свекрвата сме иначе уште утре ќе ви го пратев срцкото
@FreeMind а ти како се снаоѓаш сеа со куче и со бебуш? Како реагираше кога си дојдовте? Има љубомора?