Исто како со две деца. Има голема обврска и кон кутрето можеби и повеќе бидејќи три пати надвор мора да се оди на ден, гушкање на редовна база, ако малата е во раце и он сака во раце, храна јаде само готвена исто три пати на ден, перење, метење секој ден поеади влакна и џогирање. Му се намалува љубомората на почетокот беше најмногу на свет, сега знае ова време на пример да дојде во спална да провери дали е се во ред и пак да си легне без да бара да го гушкаш или кренеш во раце. Препишувам на тоа оти е многу поврзан со нас и најлигавено е по дома од мал
Срце бе, души најголеми се. Сигурно кога ќе подпорасне бебка ќе бидат најдобри другари Мене најмн ме плаши тоа што мојава е многу поврзана со мене, како фластер ми е, каде сум јас таму е и она. Ни во вц не идам без неа. Нз како ќе се справи со тоа да ме дели. А и мн е љубоморна, со мм не можеме да се допреме без она да се напика меѓу нас. Ама сигурно ќе се навикне. Она беше покрај мене кога поминував низ најтешките моменти, никогаш не би се откажала од неа.
Прво, многу тагуваше по мене, една недела бев во болница, кога се вратив плачки он плачки јас! Кога кинкаше ја р'жеше, пробуваше да ја лае. И утредента од сабајле уз кафе, неа у раце он до мене полека,полека ја намириса и сега нема гајле, и носи играчки и ги пушта на нозе да му ги фрла да се играат кога плаче е цел загрижен, у бањање иде демек 'добра си?што ти прават овие бе?' Сега седи лежи до неа не ја гиба( она е у транспортер или гнездо обавезно). Е више не спие у спална со нас со свеки у дневна спие, си се навикна знае у спална не смее, сам не го оставаме никако, и не гледам запоставеност
Едно од прашањата кога со бебе завршивме у болница беше дали имаме мачка дома. После дали сме пушачи, наркомани...
Настрана да ти ја оставам поентава во постов безвредна, бебето ти има алергии со проблеми на дишни патишта?
@Yowannty и вие наркомани а? Мачкин дим се шмрка наутро. Леле какво е пу пу ќе ти го урочам! Убавина, ангел очињата
Ве читам и ви се восхитувам блазе вас јас мислам дека никогаш не би можела така, немам предрасуди многу ги сакам и јас кутрињата но не би можела да функционирам бар така мислам дома кај моите имаме кутре и мн ни се радува кога не гледа ама многу малку поминувам време со него неможам и несакам да се приврзам, тој знае дека го сакаме многу ама ете неможам. Како мала имав кутре од мало го израснавме, не беше сортно како вашите беше мелез ама мн го сакав, татко ми го нашол по пат кога се вракал накај дома само напуштено и ние го згрживме, не спиеше со мене ама голем дел од денот поминувавме заедно во двор имаше куќарка специјална за него, имаше се, но ете дојде и тој ден кога се разбудив слушајќи ги моите како зборуваат за него и што му се случило и не ми дозволуваа да излезам надвор. Успеав да се откинам од мајка ми и да го видам и таа слика никогаш не ја заборавив години поминаа а како вчера да беше. Мн го сакав и нема да сакам пак така ..... Вие пишавте убави работи јас многу пати ја отварам темата и не се осудував да пишам ама ете пишав...
Нема. Имаше 8 дена кога бевме у болница. Сега е 3 год и имаме маче и куче. Јас само преносов инфо од доктор. Претпоставувам дека докторката специјалист по педијатрија и субспецијализација на неонатална педдијатрија е глупача. Може ме прашала дека сака маче да си купи. Ќе те препепорачам следен пат кога ќе праша доктор за дали чуваме мачки со бебе, да им продадеш. Инаку... токсикоплазма мислам е страшната болест која може трудницата со мачка да ја пренесе на бебето. Ама, еј, јас само иам бебе и мачка, не сум доктор, нели?
@***Bony*** секое дете треба да добие можност да расте со миленик, впрочем најубаво и така растат така стануваат подобри, поодговорни, почувствителни. Малата се нишка, малиот ја чува да не ја украде некој
Токсоплазма може само ако си во допир со измет од невакцинирана и непрочистена мачка. Инаку нема опасност.
И тоа тој допир со измет мора да ти помине низ хранопровод. Значи да допреш кака и да пикнеш рака во уста. Мене докторот ми се насмеа кога го прашав и ми рече токсоплазма да фатиш од мачка макар и надворешна да е, шансите се минимални, додека пак многу поголеми се да ја закачиш од сувомеснато, не добро измиено овошје/зеленчук или не добро зготвено месо.
Баш така, само не навлегов баш во детали. Мене не ми е јасно која жена, бремена или не, чисти песок со голи раце, а потоа не ги мие, или пак мачката не ја вакцинира, не ја прочистува, и ја остава со неа да спие и ја бацува итн. Мислам, искрено, верувам дека сите после мењање пелена на човечко бебе мијат раце, а не пак измет од возрасен човек или животно. И да, најголема опасност за сите можни бактерии е храната, и општо ниското ниво на хигиена.
Најбитно е мачката да се заштити од болести и паразити, за да не може да пренесува. Исто и кучето. Токсоплазма може да фати со јадење живи битија, со внесување измет и хранење со живо месо. Ако мачката ја чувате дома, а не во двор она нема шанси да лови глувци или да дојде во допир со заразен измет. И секако најбитно е да се храни со храна соодветна за неа. Вакцинирана и прочистена и стави ја на себе и гушкај ја со стомакот до заби.
@***Bony*** според мене воопшто не е битно дали животинчето е сортно или не, љубовта што ја даваат е иста. Да загубата е многу тешка, ама годините поминати заедно се непроценливи. Јас растев со јапонски славеи, канаринци и папагали бидејќи мајка ми е алергична на животински влакна, ама дознав дека малтезерите се хипоалергени и пред 6 години им однесов дома малтезер. Прво се бунеа па ја засакаа. Кога се селев од дома татко ми ми рече ти оди си Луна немој да ми ја чепкаш мм е цел живот растен со кучиња во стан и не може да си го замисли животот без куче. Чуваа со брат му 2 пинча, ама кога се селеа на ждрепка му се паднаа на брат му кучињава, ние паднавме во депресија без куче и затоа и се одлучивме да си земеме. 2ипол години ни го разубава животот и не можам да се замислам без неа. @FreeMind добро бе бива ли да е толку сладок? Па како ја гледа, поглед полн љубов. Ти викам јас најдобри другари ќе бидат @Yowannty лелее окца најубавиии, прекрасна е!!!
@tetoviranta убаво си им направила на твоите. Се разбира има за се лек ако некој сака да чува животче. Јас на толку нерасни и расни по улица никад не би платила за куче. Моето е од улица па е најубав на цел свет. Мешавина е од све. Мислам дека се доживува себе си како лав. Кога се вози количката и он сака така и се враќаме од шетање. Право бебе е сеуште.
Штом го купив уште во бременоста му го дадов на користење - не го сакаше. Рипаше од него. Може сега пак сака ќе пробам
Нешто околу психофизичкиот развој на бебето пред да проговори и како му влијае кучлето по дома: https://avavhappydog.mk/кучињата-не-прават-подобри-луѓе/