Јас наскоро влегувам во 4ти месец, чуваме дома ротфајлер. Нема жива сила што ќе ме натера да се ослободам од него. Он е стално со мене, маж ми е долго на пат, да не беше Роки ќе побудалев сама.
Од четвртокот сум во мкд и искрено оболев слушајќи и гледајќи околу мене. Ваква бројка на улица не било никад. Имате челични нерви девојки ова да го гледате. Јас сум веќе полна јад, душава ме боли. Плачки секој ден. Сум се одвикнала и сега ме скина немоќта. Па уште комшијата кога го удри со камен љубимецот на внуциве кои ги следи насекаде низ град направив граѓанска војна. Или ќе завршам затвор или ќе си одам, трето нема.
Моментално сме на гости. Таа спие, а тој не мрда од неа. Секој чекор и го следи и ја чува. Да имам услови би и зела куче, ама од мачорон наш дебел, нема шанси. Ќе го бара дома сигурно, ептен се поврза. Го храни, го гали, па како се буткаат, смешки се.
Здраво еден совет. Бремена сум 31 недела,а керкичкава сака папагалче да и земеме. Дали е опасно за мене и бебето кога ќе се роди? Да напоменам дека ќе бидеме сами мм е во странство па јас ќе треба да го чистам кафезот. И ако може која раса е побезбедна за чување?
Не се препорачува папагал во бременоста,бидејќи може да пренесат токсоплазмоза. А, тоа е опасно! Штом немате досега, не го земај додека не се породиш! Мое мислење. Јас така би направила.
Абе каков совет глупост е тоа папагал токсоплазма ќе пренел. Прашај ја барем како ќе го пренесе? Кај ќе го фати? Што луѓе ќе бевте на се верувате и ниту проверувате информации кои ви ги пласираат.
Не сум ни ветеринар ни експерт, но прочитав дека папагалот и мачката се најголеми преносители на токсоплазмоза.
Во принцип треба изметот да им го внесеш во хранопроводник, а ние не јадеме говна нели? Има толку миленици за вдомување што овие заплашувачки реплики не носат ништо позитивно. И оние што имаат мачки и папагали читајќи те ќе помислат да се ослободат од нив ако се лекоумни. На тој начин неколку мачиња ќе останат на улица ради “страшната токсоплазма”. Ајде малце практични да бидеме и да направиме нешто добро. Доста е од вакви контра кампањи кон животните многу од нив и животот го изгубија благодарејќи на овие глупости.
Бремена сум и чувам мачка дома! Плус 7 други мачки хранам секој ден околу куќа! Ги обожавам и мачките и кучињата. Така да немам никаква намера некого да плашам.
Лесна бременост до крај и миј ги рацете после чистење на песокот. И продолжи да ги храниш и понатаму. И кажи и на девојката да си земе папагал не еден туку три дома да и пеат без грижа никаква.
Благодарам! Сопругот го чисти песокот, а јас и давам храна и се гушкаме! Останатите мачиња секој ден имаат храна и вода! А членката мислам ќе купи папагалче.
Имам мини шнауцер, моментално сум 8ми месец бремена, до сега е постојано со нас многу е паметна,со нас спие со нас шета на гости скоро секаде е со нас, само кога сме на работа седи сама дома, прекрасна е, си лежи со мене стално околу стомак ,со главата се потпира на стомакот, како да знае што има внатре, но ме загеижува тоа што некако како да не обожава деца кога ќе и се приближи дете и ќе осети дека е заинтересорано за неа одма рже не сака, незнам дали и како би го прифатила бебето, секако не планирам да смениме ништо во односот кон неа но незнам што би правела ако не се здружат ....
Ќе биде ок, ние имавме мачор кој не сакаше галење. На почеток ќе е бебе мало, нема да го гњави, после како ќе расте бебе ќе го научи кучето што сака а што не...
Мислам дека ќе се здружат зошто друго е надвор она вас ве брани и затоа кога и доаѓа некој посебно деца да галат ржи. Мене искрено многу ме нервираат ми трчаат накај мене со родителите да го галеле..абе прашај прво и го вадат од памет и после знае да заржи и лае на непознат. Тоа е се самоодбрана така што не се секирај
Треба време. Нема да има проблем. Ние кога си дојдовме дома со бебе првите неколку денови идеше во друга соба и сама се тргаше на страна, па после цело време идеше кај креветчето, кога го научи неговиот мирис почна да иде и до него. Се' е тоа процес. Шнауцер е твоето, ние со лабрадор дома се прилагодивме. Ќе бидат најдобри другари ќе видиш. Не прави споредба со тоа како реагира на други деца и луѓе. Попаметни се многу повеќе од ние што можеме да замислиме.