Јас имам канаринец, златна рипка дома и еден мачор во двор. Сите си ги чувам и милувам. Сега со рипката малку ми е тешка куглата за кревање кога мењам вода. Последниот пат си направив беља па болки. Од тогаш па наваму ќе барам помош. Канаринецот си го чистам најнормално, само гледам да не се распретува да дишам од прашината. Со редовно чистење не се собира толку. Мачорот не се галеше многу дека е слободен агент во двор. Сега а излезам како фластер до мене е. И саде преде и пробува да ми се качи во скут да ми преде врз стомак. Се галкаме ама од далеку.
И папагалите во својот измет имаат токсоплазмоза така да подобро некој друг да го чисти кафезот одколку ти и биди предпазлива со мачорот штом е во двор а не го чуваш дома можат да закачат на крзното црви што де гледаат само под УВ ламба, а на тебе ќе ти се направи црвенило после одреден период
И јас сум чула за мачки папагали па и за кучиња дека не е добро да се има..(уствари се дека не е добро да се чува за време бременост и со новороденче..) Е сега една работа ме чуди до сега еве 2ца лекари ме водат ниеден не ме прашал дали имам милениче дома? Претпоставуваат дека треба да знам дека е штетно папагал? или едноставно ова паѓа во вода и веќе не важи? Пошто по мене доктор треба да те праша и да ти каже што понатака како да се однесуваш итн и што да правиш ако закачиш нешто... Вас ве прашал ли некогаш некој од докториве?
Ако имаш некоја индикација да. На пример да киваш,затнат нод, отежнато дишење сигурно ќе те праша прво тоа...али ако се е во ред никој не се замара Мене после мисед одма ме пратија на испитување и ме прашаа дали чувам милениче Од кога ќе бидне бељата тогаш прашуваат,а некои не ни прашуваат за жал треба и доктор да изиграваш да пребаруваш по нет за да видиш можни причини за било каков проблем
Тоа ме нервира а кога изиграваш доктор одма они навредени. Ја сум со затнат нос крв од нос кивање од кога напрајв тест за бременост сум кажала и пак никој ништо. Реално однкога читам на форумов гледам дека секоја ги има истите симптоми ама па да не е форумов однкај ќе знам? И да што викаш откога ќе биде бељата тогаш бар кажи штетно е папагал не го фаќај и нека биде во различна соба и сл...
Никој не се замара со тоа гледаш они и викаат после три абортуса тогаш дури испитувања основни се прават . А и јас сум за децата да се раснат во друшто на миленици дури и во систина имаше една статија пишуваше ако детето има алергии треба милениче да му се донесе
Мене докторката ми кажа 2 работи само дека не смее. Да кревам тешко и уште нешто, за кое не се сеќавам, ама не обрнав внимание зошто у тој момент знав дека тоа никогаш не го правам. За се друго рече дека се глупости Па според тоа, ако е навистина толку опасно мора да предупреди. Имам пишано и пак ќе кажам, како бе луѓето на село? Нема таму ааа трудна си нема да работиш низ двор. Ризик постои секогаш од се. На клупа у парк не седнувате? Има измет и од птици, кој знае кој се не поминал... А ако ви е страв, слободно прашајте си доктор што и како треба.
Токсоплазма ќе фатите само ако ја изедете, не се пренесува магично. Ако не сте алергични на милениците, не се опасни. Секако, под услов да ви се редовно вакцинирани и прочистени од паразити.
Секогаш кога ја шетам и гледам дека идат родители и деца ја прибирам блиску до мене баш ради тоа, се залетуваат од никаде недај боже ќе се исплаши ќе реагира инстинктивно после ние ќе сме виновни ... А родителите мртви ладни не се замараат да прашат дали може или не. А ако се случи нешто недај боже распрсвање па пријавување....
Знам дека се паметни се разбира кога и зборам планирам се да си тече како порано со галење спиење мазење како што било до сега . Ме интерсира и дали ќе се промени нејзиниот карактер бидејки ја носевме на парење пред еден месец малку повеке од месец ама не е пазено што се случило па не сме сигурни дали е бремена треба деновиве да ја носеме на преглед можеби и таа ќе стане мајка пред мене за прв пат . Додека се роди моето нејзините веќе ќе шетаат по дома
Ова обожава деца ама неодамна едно дете така го галеше и наеднаш почна да го удира. Абе партал се напракв со родителите се испокарав. И од тогаш сум рекла не им давам да го пипнат само поголеми некои од маало што ги знам или родителите им ги знам. А и сега во пандемија со валкани раце зошто да ти го фаќа после дома на кревети ми лежи. Луѓево се кај нас неразбрани. Затоа и после кучињата ни стануваат агресивни. Така што не треба да се секираш со вашето дете ќе е сигурно како што треба
Читам, читам и неможам да се изначудам. Еве да си кажам за мене порасната сум со цел ѕид кафези од канаринци бидејќи татко ми ги одгледувал во едно собен стан и сето тоа во спалната кај што сум спиела, два папагали тигрици и аквариум. Па еве 30 години немам никаква алергија па и ништо не ми фали. Покасно се преселивме во куќа па сме чувале секакви животни од зајаци, кучиња, мачиња (иако беа надвор поради птиците ама јас и сестра ми нонстоп бевме со нив), пак папагали овој пат Розенколис па еве не двете здрави живи весели никаква бактерија не сме закачиле. Кога се задовме со мм една година во станот без животно нон стоп како да фалеше нешто,па реков земаме куче и така за годишнината од бракот зедовме Малтезер (супер се за во стан). И еве не по 5 год. јас сега сум бремена и што треба да речам сега кучето каде. Па ова е негов дом да му прам стресој нема шанси, тој ми е како прво дете, со мене е нон стоп плус со време си е научен знај на спална никако си има креветче си спие во него ама вспална со нас и бебето ќе биди вспална со нас во свое креветче сите заедно. Јас секогаш велам пред да земите било какво животинче треба убо да размислите а не после доста беше ајт на улица или сега бебе ќе имам ти ајт, ако веќе сте зеле или вложете се и воспитајте го оти и тие се како децата или парно за него ич не земајте.
Не постои доктор што прашува дали имаш милениче дома, пошо не е ништо ненормално да чуваш милениче дури си бремена, затоа не те прашал докторот.
Ко демек дури дојде време да е бремена, нема да сфати дали е алергична или не, егзотични суштества се кучињата и мачињата, еднаш или два пати ги среќаваш во живот и тоа баш во бременост