Дали ја следите ситуацијата во Минесота? Вчера беше убиен уште еден човек 37 годишен маж, Алекс Прети. Има многу видеа по интернетов. Првично, демек имал пиштол и бил закана, но од видеата може да се види дека не го ни допре пиштолот, немаше време, го опкружија, го легнаа, 6 или 7 од агентите, едниот му го извади пиштолот од појасот, и потоа го застрелаа неколку пати. Го убија, на улицата, како да е ништо. И потоа почнуваат приказните, исто како со претходната жртва Рене, бил закана, имал пиштол, терорист. Уште луѓето поделени, некои се ситат, така му е кога носел оружје. Оружје за кое истите тие се први да апелираат дека тоа е нивно право. https://www.bbc.com/news/live/cjd0vl1d9vrt Што мислите за целава ситуација?
Не дека имаме време за да се замараме и со нивните проблеми таму во Минесота, туку ај еве од ова шо е објавено значи ликов се спротивставувал на приведување од службите со оружје во него, ваљда очекувал да го остават тој да ги испука нив.
Ликот не ни го имаше допрено пиштолот. Дали секој во америка што носи пиштол треба да го испукаат?Не го ни приведуваа, бранеше една жена што ја гурнаа само, они го легнаа на земја и го упукаа. 6 или седум души сите наоружани до заби, на еден човек. Ако веќе си решил да имаш време и да коментираш бар изгледај некое видео.
Wow критичкото мислење е навистина мртво. Ова е буквално егзекуција на сред бел ден на улица. Многу језиво.
Те послушав и одделив од своето драгоцено време да погледнам некое видео и го видов истото шо и ти го прераскажа тука, тргнат на протест со огнено оружје земал да спречува насилно полиција додека ја врши својата работа и во цела таа гужва кој го знај дали пробал да посегне по пиштолот шо го носеше во себе или да одземе оружје од полицаец... како и да е треба ич да немаш во глава за да го направиш се ова шо го направил овој.
Кој го донел законот, го гласал и поддржувал да можеш слободно да носиш огнено оружје кога веќе имаш дозвола? Викаш дека тоа ги оправдува што го убиле? Значи според тебе, ако некој има оружје на себе, овие го видат тогаш можат слободно десет пати да го застрелаат? Интересно. А дали виде дека му го одземаа пиштолот од појасот, го легнаа доле и го држеа шесторица, и го упукаа во грб? Апсолутно никаква закана не беше човекот. Ништо што би барало употреба на толкава сила не направи. Мило ми е што толку од жителите на Минесота се надвор, не дозволуваат да им бидат испрани мозоците со лаги, што веруваат на своите очи и уши, на она што го виделе. Се надевам ќе успеат да издејствуваат да се пак слободни.
Од негова страна не е во ред тоа што се вмешал во работата на полицијата и не дозволил да си ја извршат задачата.. Ама тоа не ги оправдува полицајците за да го убијат, иако носел оружје не го извади за да мораат да пукаат.. Не беше и само еден полицаец па да не може да го собори, плус тие полицајци треба да се доволно обучени и да знаат кај треба да го удрат за да го онесвестат и така да го приведат, евентуално да пукаат на место кај што нема да го убијат туку само ќе го ранат за да можат да го приведат..
Па не го убиле само дека носел огнено оружје во себе и овие онака го испукале, човекот насилно спречуваше работа на полиција со огнено оружје во себе, потоа при негово апсење даваше насилно отпор и во цела таа гужва кој го знај дали посегнал по истото тоа оружје или носел и друго. Шо сакаат нека прават, шо не ме боли глава за овие.
Што воопшто бараш на темава тогаш? Имаш други теми, оди слободно дискутирај таму, Они не се полицајци, они се собрани од улица шуто и рогато што едвај имаат некаков тренинг, поима немаат што прават. Не знам што работела таканареченава полиција, буткаше жена на улица кога човеков се вмеша да и помогне веројатно бидејќи има некаква човечност во себе и плус бил медицинско лице кое работело на интензивна нега. И колку само ги нашприцаа со пепер спреј, не гледаа ни кај одат ни што прават, не пак опасност да бидат и да треба да ги убијат за да се заштитат себеси. Одвратни.
Ќе дискутирам кај шо ми се дискутира. Абе сега можиме да велиме и дека се марсовци, но реалноста е дека се службени лица и секое попречување на истите при должност подлежи на санкции.
Па, упорно потенцираш дека не се замараш со овие, немаш време, бла бла... А пак си тука. Протестираат луѓето, секој има право на протест без да биде убиен. Изгледа ептен се уплашени за нивните животи баткиве, многу веројатно се во погрешно поле на работа.