1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Минимален Личен Доход

Дискусија во 'На работното место' започната од vinozito1, 28 февруари 2014.

  1. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Има измени во врска со законот за минимална плата.
    Што мислите дали работодавците се придржуваат кон овој закон?
    Дали постојат казнени одредби за оние кои не го почутуваат овој закон, односно го прекшуваат?
    Како се одразува врз работникот?
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Деновиве хит за контрола на државните инспектори за труд е обврската за исплата на минималната плата согласно со измените на Законот за минимална плата (Сл. весник на РМ, бр. 30/2014), кои влегоа во сила на 18 февруари 2014 година.

    Од колегите на терен добиваме информации дека се бара доплата на минималната плата од 8.050 денари на 8.800 денари (односно соодветен износ за дејноста текстил и кожарство) за месеците јануари и февруари 2014 година, a според некои инспектори доплатата е задолжителна само за февруари 2014 година. Овие разлики се јавуваат читајќи го истиот закон.

    Првото толкување (званична информација од официјалниот сајт на Министерството за труд и социјална политика) јасно ТВРДИ дека новата минимална плата се применува од МАРТ 2014 година.

    Сметаме дека се работи за законски став бидејќи во поголемиот дел од месец февруари (до 17.02) не беше во сила новата одредба, па според тоа работодавачот и работникот го започнале месец февруари согласно со претходно утврдени правила кои ја дефинираат минималната плата.

    Постои и сосема спротивно мислење на претходново (на Министерството за труд) на еден домашен консултант според кој измената на Законот ќе се применува ретроактивно од 01.01.2014 година !!??

    Сепак Законите се читаат така како што пишува и се применуваат според нивната содржина.

    Тоа значи дека измените на Законот за минимална плата не може никако да се применуваат ретрокативно. Истото го смета и Министерот за труд според кој од март 2014 година ќе се изврши покачување на минималната плата.
     
  3. Florenca

    Florenca Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Мислам дека вработените нема да имаат никакво покачување на платата , за тоа се свесни и оние што го донесоа законов . Едноставно може по договор со вработениот да му исплати онолку колку што мора задолжителен минимум , а разликата до договорената сума да му ја врати работникот на рака. Ако не се сложува вработениот може и да загуби работа. Единствен бенефит од ова зголемување на минималецот ќе има буџетот. Сега придонесите од плата ќе бидат сразмерно зголемени па така и касичката ќе биде по полна , па ќе има повеќе парички за можеби уште некое спомениче :(