1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Минимализам или поедноставување на животниот простор (Declutter your home)

Дискусија во 'Дом' започната од efrosinija, 26 март 2018.

  1. efrosinija

    efrosinija Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2016
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Инспирирана од youtube туторијалите и од разни блогови на тема: how to declutter your life, how to simplify your home, project minimalism... сакам да ја започнеме темата и да можеме да поразговараме што ве гуши во животниот простор, жто најмногу натрупувате и од што најтешко се откажуватеиако знаете дека не ви е потребно и нема никаква функција. Имате ли некакви совети како да сенамали натрупувањето на непотребни и работи кои ретко ги користим.. Тоа се однесува на козметика, гардероба,флаери и се што се провлекува низ домот а не е функционално и се чува за да секој случај :( Колку рапарени шољи за кафе имаме, филџани,непотребни рекламни флаери, долен веш .... да не набројувам 363076.jpg
    Тоа что кај мене се покажало досега како функционално е кратко и интезивно расчистување.одвојувам 15мин. ,земам кеса за ѓубре и започнувам по ред низ собите. Без емоции и сентименталност.Најмногу работи фрлам кога ќе се изнервирам или ке фатам некоја емисија на тв за луѓето хрчаци.:D
    Ајде да видам како вие се справувате со мимимализмот и дали кај вас вреди тоа за една фрлена работа се купува нешто ново. Импулсивното купување е најлошо. и треба да се избегнува. Лошо е и за хаосот по дома и за новчаникот.Секој ден да си даваме подршка и да си кажуваме кој што исфрлил и како си го поедноставил животниот простор
     
    На mira.mira, Someonespecial, КикиМаус и 6 други им се допаѓа ова.
  2. efrosinija

    efrosinija Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2016
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Може и со слики да покажувате пред и по хаосот во домот и како вие се организирани работите.
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Јас дома “воведов“ минимализам, пред се, со црни кеси в рака, од оние најголемите. И ќош по ќош, фиока по фиока, исфрлив се што е небитно, старо, бескорисно. Ако имаше нешто солидно, го дадов кому му треба.
    И така цела куќа. Наеднаш се осети почист воздух.
    Потоа почнав со покрупни делови, од мебел, од додатоци во кујна, од ходниците...
    Сега е основен мебел и само она што е потребно. Кога ќе влезеш во соба се гледа голем простор, едноставност и среденост,
    Големите теписи ги заменив со малечки, наместо 4-5 саксии, ставив по 1, 2 впечатливи, старите големи завеси ги заменив со помали, поедноставни и помодерни, обновив разни делови (нови постели за гарнитурата, во вц разни додатоци, во кујна заменав пластики, вметнав помодерни и попрактични работи).
    И други идеи, да не ги набројувам сите, ама ова го правев дел по дел, а сеуште си работам на тоа..
    И така куќата ми стана почиста, посредена, поуредна, а морам да нагласам дека сега многу полесно и побрзо ја чистам и одржувам.
     
    На bertold, Bebac, Cka и 18 други им се допаѓа ова.
  4. efrosinija

    efrosinija Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2016
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Одлично..си решила голем проблем.А до кај си со расчистување на гардеробата? И таа знае да направи неред насекаде и во гардероберот..исто така и козметиката која е со поминат рок итаа што не ти одговара. Па фрижидерот . Еве јас сега конкретно мислам да ги потрошам сите залихи од замрзнувачот, зимници и други работи..Проблем се и средствата за одржување на домот...по неколку средства за иста намена:^)
     
    На bertold му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.048
    И јас сум на ваква мисија! :D

    Со облеката раскрстив, фрлив/донирав се што не носев, обувки исто. Пред некој ден исфрлив и козметика препаративна и декоративна тоа што не користев, ама ми стоеше за да се најде нели.
    Садовите почнав да ги пребирам, нешто веќе исфрлив, ама имам уште многу.

    За мене лично периодов ми беше повеќе посветен на declutter your pantry :D преминав на друг вид на исхрна и се што не ми се совпаѓаше со новиот режим го дадов на други.
     
    На efrosinija, bertold, mira.mira и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    449
    Пол:
    Женски
    Многууу сакам ова да го направам претрупано ни е дома ама од моиве никакооо не можам ништо да сменам, кога си 'дете' друго е.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.967
    Допаѓања:
    10.182
    Уште не сум нашла соодветно решение за сите зачини што ги имам дома. Дефинитивно тоа ми е едниственото неуредно место, до толку што од претрупаност и лош распоред скоро секој ден ми паѓаат ствари, кршам пустам :| Ама ете немукает...

    Другиот дел дома ми е сведен на минимум па за редовни чистења прелесно се средува, а кога ќе размислам дури и за потешки генералки нема многу филозофирање.
    Додека живеев дома кај моите најголем проблем ми беше чистењето. Прашина бришење сто саати, триста дрангалашки. Усисавање исто, милијарда теписи, се нешто спушти-поткрени. Во кујна пола работи не се користат и дремат така.

    А додуша и не е само за полесно. Сакам едноставност со убави детали и форми. Тоа ми важи при избор на било што каде што ми е важен дизајн.

    Немам дома работи што стојат така „да се најдат“, буквално се се користи постојано.
    Ако имам нешто убаво го користам пред се за мене, не чувам да се најде за пред луѓе.
     
    На bertold, do-re-mi, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Кој го интересира повеќе на тема поедноставување во домот (delucttering) препорачувам The life-changing magic of tidying up.

    И дечкиве се добри ако ве интересира минимализам, имаат документарец, еве им го и вебсајтот - https://www.theminimalists.com/films/

    И јас се трудам да не чувам нешто што не ми треба од проста причина што ме нервира ако нештото ми фаќа прашина, па така да, немам многу укравчиња, сувенирчиња и слично. Се' што е околу мене користам речиси секојдневно. Ни на крај памет не ми е да трупам работи што не ги користам/не ми требаат, од типот, 10 чанти (а носам само 1-2) или 20 пара чевли (а носам само 3-4 пара).

    Ми се допаѓа идејата дека ако за се' во домот има место, тогаш лесно е се' да си биде на свое место. А уште полесно е ако домот не е преполн со све и свашта. Ме фаќа блага клаустрофобија ако сум некаде каде што се' е пренатрупано со работи, особено со работи што се гледа дека никој со години не ги користи.

    Чиста работна маса (тоа значи само лаптоп, тетратка и чаша со пенкала) и чиста масичка до креветот (тоа значи само ламба, полнач, можеби некоја книга и шишето со вода) ми се нешто што морам да го имам, инаку се вадам од такт.

    Во кујната, посебни делови за посебни работи - пример, во едно креденче имаш филџани, во друго зачини, во трето суви прехрамбени производи, во четврто леб, итн. И креденчиња што се всушност ненатрупани и прегледни, инаку се нервирам и нема да ми се готви.

    Единствено во сектор козметика имаме мал проблем :D, ама и таму се обидувам да се контролирам откако претходнава година подарив еден куп работи што не ми беа ни почнати, а стоеја така со месеци, па дури и години.

    Обожавам кога голем простор прераспределувам наменски со повеќе помали кутичиња, ова особено ми доаѓа практично за козметика затоа што сакам да знам кое каде ми се наоѓа.

    Имате во Џамбо едни бели корпички од 25 денари, пластични се, имам сигурно 4-5 такви, и во секоја корпа ми стои нешто различно. (пример, една корпичка ми е со маски за лице, друга со парфеми, трета со млека за тела, итн.)

    Во Џамбо, а и во оние продавници за 99 денари, имате кутии со капаци што се затвораат, па повеќето ситни работи што се неопходни (пример, документи, полначи, слушалки, клучеви и сл.) можете да ги чувате таму.

    Постов ми е од се' по малку измешан, од минимализам, до уредување/организирање, па до поедноставување, ама се надевам не ја утнав темата. :D
     
    На bertold, ku4ence, gjoker4e и 12 други им се допаѓа ова.
  9. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.869
    Допаѓања:
    25.317
    Пол:
    Женски
    Jas seuste ne sum pocnala so minimalizmot . Da se razubavi vremeto i se nepotrebno ke isfrlam . Ionaka imam mal prostor za ziveenje , pa ke pocnam od nepotrebna obleka , a potoa i nekoi stari ukrasi , stari cinii i casi . Od mebel , ne planiram nisto da isfrluvam , bidejki se mi e potrebno , mozebi sankot keotpadne ili ke go zamenam so nov , bidejki ovoj e pretesen za cuvanje raboti , nema skafcinja ili fioki kako bi " sokrila " kutija za leb , kesi za gjubre , dodatoci za vo kujna i slicni drangulii .
     
  10. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.994
    Допаѓања:
    14.393
    Пол:
    Женски
    jas mislam deka sakate da ni ukazete deka e vreme za proletno cistenje :D epa i jas nemam pocnato. "proceslav" pocetokov na mesec mart isfrliv eden cel kontejner svasta no toa bese samo pocetok. inaku mene najgolem nered mi e vo kujnata.nemam dovolno prostor za skladiranje na site namirnici i posatki.
     
  11. SofiMar_

    SofiMar_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    2.516
    Допаѓања:
    66.318
    Пол:
    Женски
    Јас може да се каже дека сум минималист. Најмногу мразам соба пренатрупана со се и сешто. Сакам празен простор, нешто што е неопходно. Колку попразна е собата толку ми е почисто, попрегледно и поубаво се чувствувам. Сакам кога ке земам да чистам да не морам да поместувам 1000 работи.

    Но, имам лоша навика работите што не ми требаат не ми се фрлаат и ги чувам во една соба што ја користиме ко остава, демек ке се најдат некогаш ке ми затребаат, а тоа никогаш не се случува.
     
    На Izaabella, gjoker4e, toogood и 2 други им се допаѓа ова.
  12. efrosinija

    efrosinija Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2016
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    И јас со козметиката имам најголем проблем...најубаво ми е да не влегувам во ДМ;)...кога и да влезам таму не излегувам со празни раце.Што и да е ќе купам и затоа имам 3-4 млека за тело 5-6 део спрејови, шминки, кармини и кремови на лице.На секои две недели нов каталог и нови попусти нема крај.Исто е и со средствата за чистењњ.За иста намена имам барем 2-3 средства.морам да поработам малку на тоа.:(:)

    А после забораам на работите што ги имаме и повторно купуваме нови:D Во најлош случај никогаш може и да не ни затребаат а прават неред. не знам дали го користиш правилото дека ако нешто не ти притребало година дена значи не е потребно воопшто;)

    Да, пролетното чистење е добар почеток...;)

    НОВ
    А после забораам на работите што ги имаме и повторно купуваме нови:D Во најлош случај никогаш може и да не ни затребаат а прават неред. не знам дали го користиш правилото дека ако нешто не ти притребало година дена значи не е потребно воопшто;)
     
    На Doozy и marchi-cool им се допаѓа ова.
  13. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.779
    Допаѓања:
    100.089
    Пол:
    Женски
    Неколку години веќе го практикувам .
    Со тек на време , т.е. на сезони,исфрлам вреќи со работи.Сега веќе и немам што да фрлам.Најмногу ми беше жал за некои работи од мојата младост ,кои веќе не можам да ги носам,а скапо се платени .Исто за чевли и сандали,чанти...ама ги преболев.Работи кои не се користени последни 5 години,исто така одат во контејнер.Ќе ослабнам??Ќе се врати модата???Нема шанси и ич не е битно.
    Едно време подарував но од причина што си го видов работите во контејнер,веќе не давам.Подобро јас да ги фрлам отколку други...подарував и во Црвен крст,разбрав дека пред да се достават биле добро прочешлувани.
    Со мебелот имам мака,сакам да го сменам и поедноставам ама секоја преправка,добравка или ново парче мебел бара инвестиција,а долго време не бев во можност да се луксузирам.Ниту пак сега тоа ми е приоритет.
    Со козметика воведов ред,ми помина фазата на експериментирање,сега знам што ми треба.Тоа ми донесе и заштеда ,или непотребно купување и трупање.Сега точно знам кое каде е ,зашто е прегледно иако ќерка ми знае да ми направи хаос.
    Шампони 2,маска за коса 1,регенератор 1...се се врти околу минимални бројки...
    Голем проблем ми се документите,чувам сметки од минатитот век,би сакала да можам некако да ги скенирам ...замислено никогаш направено.
    Фотографиите исто така ми се проблем,албумите ми заземаат цело едно шкафче со тенденција да се прошират на околните фиоки...
    Проблем со кој не можам да излезам на крај се и оние плетени работи ,гоблени и ред други работи од мајка ми.Ако ги фрлам ќе доживее инфаркт ,не сакам да се играм со неа...
    Тоа се сетив во еден здив,...
     
    На bertold, Bozica1980, efrosinija и 3 други им се допаѓа ова.
  14. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    Го практикувам често ова, ми пречи кога се насобираат ситници низ собиве. Последно ги спакував рамките за слики, во кутија, оставив само една за заедничка фотографија. Така и за другите нешта.
     
  15. efrosinija

    efrosinija Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2016
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    За Црвен крст и јас истото го имам слушнато, ама ако на некој му е потребно и го искористи сепак е чекор, значи сепак не е за џабе дадено ...до контенјери ми е најжал да оставам бидејќи не сакам да си ги гледам работите расфрлани по улица..
     
  16. efrosinija

    efrosinija Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2016
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Јас викендов ептен направив генералка..исфрлив еден куп глупости од оние ,,за секој случај,,.Имам уште за фрлање ама следен пат.Сега уште кондурите и гардеробата да ги средам , ташни имам од пред 10 год. и не ги користам.Има една страна Моја гардероба незнам дали е ефикасна и дали некој воопшто купува од таму.Ако има некој искуство со тоа нека напише. Попатно нешто и да се заработи . ;)По други држави знам дека одлично функционираат такви страни.
     
  17. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    412
    Се мислев каде да пишам за дилемава што ми се мотка по глава во последно време па темава ми се виде како најсоодветна. Посебно затоа што и идејата ми се роди од неколкуте книги за минимализам и поедноставување на животот што ги прочитав пред некој месец.

    Имено кога ги причитав книгите, земав кутии и почнав соба по сова да ги полнам со работи кои не сум ги користела со месеци. Скршени и оштетени работи исффрлив одма. Алишта и чевли донирав во црвен крст. Ама пак ми останаа бајаги работи кои се буквално нови, и греота е да се фрлат. Најмногу ми е проблем да ги фрлам затоа што се трудам да бидам low waste и да создавам најмалку можно отпад. Па фрлање на совршено добри работи не ми е логично.

    Минималистиве во книгите пропорачуваат ваквите работи да се продадат онлајн или на „гаражна распродажба„. Па онлајн продадов се што беше поголемо и што вреди да се однесе до потенцијалниот купувач. Проблем сега ми се ситните работи, кои се ефтини и нови да се купат. Не ми е воопшто до парите, и џабе би ги дала, ама волонтери немам.

    Сега се мислам да организирам гаражна распродажба дома. Да изнесам се во дворот и да продадам се за џабе пари, или без пари по нешто. Ќе ме направат луда комшиите, па и моите рака на срце нама да скокаат од радост, ама фрлање на еден куп работи ми се коси со се во што верувам.

    Вие што мислите, ќе мипомине ли ваква идеја. Дали воопшто ќе дојдат луѓе? Се мислам да ставам постерчиња по маалото 2-3 дена пред тоа и да пишам на facebook.
     
    На efrosinija му/ѝ се допаѓа ова.
  18. efrosinija

    efrosinija Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2016
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Идејата ти е одлична.Само незнам со оглед на нашиот менталитет дали ќе има заинтересираност од пусти срам...Ама ти сепак пробај си ништо не губиш.Може ќе почнат после тебе и други да организираат гаражна продажба.Пиши обавезно што си одлучила и каков бил интересот ако решиш да правиш.Со среќа
     
  19. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    412
    Сега сопругот ми даде друга идеја. Имено имало пазар за стари работи „бувљак“ во Куманово, многу бил посетен. Па се мислам да понесам тоа кутиите и да ги дадам на некој од продавачите без пари. Па ќе си ги продадат. Нема многу да спечалам а вака денот барем ќе си го сочувам. Башка и на некој ќе му помогнам да спечали нешто од моите дрангулии.
     
    На efrosinija му/ѝ се допаѓа ова.
  20. efrosinija

    efrosinija Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2016
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    A каде продаваќ