1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Минимализам или поедноставување на животниот простор (Declutter your home)

Дискусија во 'Дом' започната од efrosinija, 26 март 2018.

  1. efrosinija

    efrosinija Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2016
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Дали чувате дома залихи на козметика,шампони ,млеко за тело.... Шо правите со нив? Дали ви се случило да имате отворено 2-3 шампони на пример.Јас ненормално многу купувам парфемчиња секакви и може дома имам 20тина отворени и недоискористени и повторно кога ќе влезам во маркет или парфимерија пак да купам. По 3-4 креми за раце, за лице, за чистење на лице....да не набројувам.Долг е списокот.Сега сум решена,а колку ќе издржам незнам:( дури не потрошам се што имам од залиха дома, и препаратива и декоратива да не купувам. Којзнае дали ќе издржам во тој мој личен предизвик.
     
    На bertold му/ѝ се допаѓа ова.
  2. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.994
    Допаѓања:
    14.383
    Пол:
    Женски
    правам залихи од производи кои се на акција или кога одам во дм зашто дм во мојот град нема. Инаку не.
     
    На efrosinija му/ѝ се допаѓа ова.
  3. efrosinija

    efrosinija Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2016
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Кај мене залихите се создаваат од отворени и непотрошени,па повторно ќе купам и се така во круг:worried:
     
  4. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Nemam nesto koiznae sto. Ukrasi, vazni,.... po nekoe tek tuk, prazno e lesno za cistenje. No zatoa vo sekoja soba imam komodi, vgradeni plakari,.... I ima mnogu stvari ama ne e prenatrupano. Pod cela kuka imam podrum kade ima parno I se e ubavo slozeno vo kutii I napisano fermani na list sto ima vnatre.
    Najveke imam sadovi, servizi, casi, tavi, tendzerinja,.... vo toa uzivam.
    Garderoba visok nemam. Cela godina nosam ista garderoba taka da sezonski alista nemam. Odnosno imam edna plasticna korpa so kapak vo kojagi cuvam letnite za na odmor.
    Lani bev 2 meseca na leten I nemav alista da oblecam. Tamu iznakupuvav I na vrakanje gi podariv na nekoj od mesnoto naselenie, sto ke mi se toj vid na letni raboti koga doma nemam kade da gi nosam.
    Sega pak planiram da odam podolgo na leten odmor I pak nisto nemam za oblakanje :lol: ama tamu ke kupam I isto ke gi ostavam. Za partali nevredi da plakas avionski prevoz. :!:

    Kozmetika nemam mnogu. Sampon I conditioner eden brend koristam, moze da imam po 2 sisinja ama, tolku.
    Sminki samo onie koi mi trebaat, parfemi nekolku.

    Najveke, ubedlivo najveke oprema za site sportovi X3, za vo +, za do -10 I -25. Kacigi za tocak, za motor, za skianje, za kajakarenje.... beskonacno


    Navidum nema nist ama podrumi, garazi,.... prepuno. :o
    Neznam dali kukata e proektirana za tolku stvari. :D
     
    Последна измена: 1 февруари 2019
    На Biljarkata, mira.mira и efrosinija им се допаѓа ова.
  5. efrosinija

    efrosinija Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2016
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
     
  6. efrosinija

    efrosinija Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2016
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
     
  7. efrosinija

    efrosinija Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2016
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Ајде феминки,кажете дали почнавте со пролетното расчистување на непотребни работи? Јас сега сум во фаза на расчистување на кондури кои не ги носам а стојат подолго време за ,,недај боже,,:(. Исто и со средување на фиоките.Едвај чекам да почнам со расчистување на гардеробата .Нели викаат работи кои не се користеле 2 год. значи дека и не ти ни требаат. Кога ќе исфрлам некои работи имам чувство како да сум ослабнала некое кило:D и полесно се дише.Сакам некои работи да ги сведам на минимум.Ајде еден предизвик-да напишете кој од што се растеретил и какво е чувството. И минимализмот не се состои во тоа да исфрлиш 1 работа а да купиш уште пет и со тоа пак да го затрупаш личниот простор.
    ;)
     
    На cresa-jagoda, SofiMar_ и marchi-cool им се допаѓа ова.
  8. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.994
    Допаѓања:
    14.383
    Пол:
    Женски
    чекав пролетно расположение за да си направам чистка. Освен гардероба и простор е пожелно да се преуреди. Е сега кај мене нема многу украси вазни чуда сувенири рамки со слики... Кај останатите како е?
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  9. efrosinija

    efrosinija Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2016
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Тие тракаташки по дома само го гушат просторот и собирачи на прашина се.Со расчиствање се внесува и нова енергија во домот.Барем јас имам такво чувство.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  10. efrosinija

    efrosinija Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2016
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Со оглед на тоа дека темите во кои се кажува шо се сме купиле претпоставувам дека тие исти членки и фрлаат поприлично работи или подаруваат.Ајде да ја заживееме темата и да си кажуваме кој што расчистил по дома.Јас еве вчера фрлив една ташна која беше многу износена и кожата и беше испукана.А имам ташни кои стојат и воопшто не ги носам па планирам и од нив некоја да фрлам.Само ми стојат и мислам дека имам а уствари немам ташни.Само се залажувам.:(
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    Редовно исфрлам предмети и алишта, кои подолго време не ги користам. Ме нервира чување непотребни ствари, зафаќаат место и создаваат неред.
     
    На bertold, Bebac, efrosinija и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Regina.Phalange

    Regina.Phalange Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    1.430
    Пол:
    Женски
    За минимализам слушнав брзо по мојата 1ва година во средно.
    Собата ја делам со брат ми и беше по боја поделена.
    Плакар, маса, ѕидовите, столчето, креветот, наткасната, еднакво поделени, едно розево едно сино. На ѕидовите имавме постери, 3 полици, фиока под секој кревет, и се беше полно.

    Летото, морав да променам нешто, повеќе учев дома и собата беше гласна, во бои и предмети. Ова видео ми даваше поддршка и го пуштав секој пат кога ќе чистев.

    Бидејќи почнав доста рано, бев мотивирана и немав огромна материјална поврзаност, првата година наполнив лесно 50 кеси и повеќе. Смешно е што имам многу помал дел од брат ми, а немаше крај на предмети. Собата цела ја префарбавме бела и направи огромна промена, а и брат ми доби инспирација па и од кај него почнаа да излегуваат кеси.
    Моите кутри, потешко се откажуваат од предмети, секоја кеса ја прегледуваа, не им се веруваше што се фрлам, ама до ден денес за ништо се немам предомислено:!:
    Наредните години главен проблем ми беше облека. Мала бев уште, немав свој стил и секој месец имаше кеса за давање. Мајка ми не стави граница за купување и морав сама да научам да знам кога нешто ми треба или го купувам од досада, и сега купувам со идеја точно што барам.

    Најтешко за давање ми беа книгите, но после подолго слушање на подкаст од минималистите, сватив дека можам да сакам и читам книги и со помала колекција. Пред година почнав да ги продавам или донирам:rock:
    Имав над 300 и две години ми беа во кутија недопрени(facepalm)
    Сега сум на 70 и се обидувам да ги прочитам и зачувам само оние што ги сакам и би ги препрочитала.

    Навистина ми има многу помогнато, и физички и ментално:inlove:
    Само би додала, предметите кои немаат веќе место кај вас, да не ги фрлите и да се обидете да им најдете нов дом. Голем дел од играчките и облеките ги оставав со татко ми во домот за деца без родители, а неколку кутии мајка ми даде на пријателка која беше самохрана мајка. Лектири и книги за деца дадов во библиотеката во моето основно училиште и некои во поголемата. Малку повеќе одзима време, но ако ги фрлите создавате повеќе губре, а вака знаете дека и некој друг ќе им се радува и ќе му бидат од корист:sun:
     
    Последна измена: 25 април 2020
    На dayla, Dentina и marchi-cool им се допаѓа ова.
  13. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Еееејјј мојата темата, не знаев дека ја имаме :l::l::l:

    Јас сум на ова minimalism journey некои 4-5 години. Се преселив од дома во нова дома со само еден куфер и за кратко сфатив колку малку работи уствари ми требаат. Секое доаѓање дома правев нова и нова чистка, алиштата ги сведов на минимум, моментално пола ми се дома, пола со мене, во еден среден куфер. Чевли, козметика, сувернири, глупости и тракатанци, средено. Зимово на накитот му седнав зашто порано изработував накит и имав доста голема корекција, и тоа е расчистено. Малку се навлеков на declutturing, ќе си признаам, ама мене ми вреди. Кај и да е ќе треба пак да се селам за потрајно и знам дека мнооогу мнооогу брзо ќе иде.

    На почеток срце ме болеше за сите работи на кои беспотребно сум фрлила пари. После преминав во друг мајндсет, научив лекција дека треба повнимателно да пазарам и тоа и го правам. За алишта сум посеееебно пребирлива, мора сите услови да ми ги исполнува инаку не го купувам па не знам што да е. Искрено, ми олеснува овој минимализам многу работи. Не се шеткам по продавници за онака, имам помалку за средување и чистење, пакување е прелесно, и се што имам ми значи или го користам. Мајка ми ме зафркава дека сум станала ладнокрвна со работите, ама на крај краева, тоа и се, работи.

    На сите блиски им одржав лекција дека не сакам да ми купуваат ради реда поклони. Или ќе се консултираме дека е нешто што ми треба, или пари и готово. Глупости од Базаро и ситници кои не ми се ни допаѓаат, не благодарам.

    Мене минимализам ми оди во прилог на други лични вредности од типот на поеколошки начини на живеење. Жал ми е општо кога ќе сфатам и дома колку работи имаме во кујна на пример кои не се користат ама тоа е општиот менталитет кај нас. Да се има 3 сервиси за јадење, 10 тенџериња од кои 3 се за фрлање ама оризот во тоа црвеното најдобро ми излегува, да се има 10 млека за тело и сл. За мене ова не е. Дечко ми е со ист менталитет, и мило ми е што наидов на таква поддршка зашто тешко е кога живееш со некого со кого не делите исти вредности и приоритети.

    Кој сака да учи на темава има прекрасни јутуб видеа, тетка Мари Кондо исто, минималистите, се по ред. Можеби малку морбидно, ама она што мене упорно ми се врти во глава, еден ден кога ќе умрам некој ќе треба да ги расчисти моите ствари по мене. Стварно не сакам никој да се расправа со 1000 пара чорапи оти сум ги начекала за ефтино некогаш некаде. :tmi::tmi::tmi: Сум го правела ова јас, не сакам други да го прават за мене.
     
    На bertold, Bebac, dayla и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Женски
    Nie od pred 3 mes sme 5to cleno semejsto...
    Vo stanot kade sto ziveeme momentalno (ke se selime za 1 mes)
    Se mi bese.prepolno,od decata alista,nasi stati,vakum kesi 3 4 od najgolemite...strav da te fati.
    Pod krevetite ima sandaci pa i tamu 1 ton glypostini...ednostavno ke te izmori pomislata a ne sreduvanjeto.
    Pred da se porodam da napravam prostor za bebeskite alista neli... zedov 3 paketa od jajca od market vakymskite kesi i gi proceslav site alista ...veruvajte nemav mesto za.se sto trebase da se trgne.
    Nie gi nosime kaj svekor mi i svekrvami,pa vo ednata soba e haos od kesi i glupostini nasi.
    Po plahari isto.

    Imam uste edno mestence vo kujnata kade cuvam se i sesto(na kos e takvo dlabocko)ama sobira mnogu pa taka toa e za se sto padnalo i ne stanalo...
    Toa e na red pred da se selime.
    Premnogu imame neznam kako ke se preselam:worried::worried::worried::hug::hug::hug::hug::hug:
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  15. efrosinija

    efrosinija Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2016
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Браво.50 кеси.Кај со ги чувала тие работи.
     
  16. efrosinija

    efrosinija Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2016
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Тоа е убаво што го правиш.Ама мислам дека не е добро работите кпи не ви требаат да ги носиш кај свекрва ти.Ако ме ви е потребно донирај го.Без навреда.;(
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    Облека донирам или фрлам, 2 парчиња само досега сум продала. Има ствари што ги чував со години а не ги облекував, или ми поминал мерак, поминала мода , а ако беа класични парчиња ми здосадиле. Оваа година и лани и од нив се ослободив.
    Чанти имам 10тина и иако ми зафаќаат место( закачени на лепенки закачалки на врата во мало собче кое служи како гардеробер) тешко ми е да фрлам ако се во добра соаројба, а се , оти менувам, сакам да имам за разни комбинации облека соодветна чанта
    Книги ми се болка да фрлам , ама белестристика ми е најлесно, стручни фаќаат место доста, а имам и многу книги за готвење од кои по 1 или 2 јадења ке зготвам. Исто и
    Украси минимум, ќерка ми стално си купува пд патувања, јас почнав магнети за да ме потсеќаат на места каде сум била.
    Козметика ако видам дека не ми одговара, порано чував "за секој случај" , сега фрлам па макар и купено прерходен ден.
    Маж ми има некоја хордерска црта ама е поуреден од мене па се компензира. Кај мене многу ствари прават хаос околу мене, оти тешко им наоѓам место.
    Мачката со разни нејзини тракатаници исто зазема место:D. Ако фрлам ќе треба сосе нејзе:devil: Шега.
    Сакам да сум слободна од чувството дека некој предмет е многу важен па не смеам да го фрлам. А да, 2 стари лаптопи се чуваат не знам зошто(n) форматирање и донација ваљда треба.
    Ме поттикнавте со темата деновиве да се ослободам од нешто .
     
    На bertold, efrosinija, Mami3 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Женски

    Toa sto e od kerka mi go davam na devojcinata od brat mi.
    Od sinko gi davam na dve decinja bratcinja sto ostanaa bez roditeli.(ja poznavav majka im,pocina pred 2 godini,pomaloto detence bese so kerka mi vo gradinka i togas veke tatko im bese pocinat,deteto voopsto ne go znaese svojot tatko.
    Sega ostanaa so tetka im kako nivni staratel pa komuniciram so nea i decata se druzat.Pogolemoto e edna god pomalo od sin mi.)
    A nasite pretezno gi nosam tamu zasto se veke iznoseni i od crven krst znam deka ne zavrsuvaat kade sto treba.

    Ne e navreda taman rabota.
     
  19. efrosinija

    efrosinija Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2016
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Убав гест
    Ме натажи со дечињата.Греота
     
  20. efrosinija

    efrosinija Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2016
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Имам еден предлог.Ајде секој ден да пишуваме кој што исфрлил од дома.Или нека биде предизвик.Исфрлете за шоќеток 10 работи кои не ви требаат.Па макар биле и ситници.И мапишеѕе тука што сте исфрлиле или донирале.Предизвикот нека трае до недела.Значи секој ден по 10 работи.