Прашање до тие што го следат стилов: Колку често одите во шопинг и дали имате одредени продавници во кои секогаш влегувате, бидејќи знаете дека ќе го најдете тоа што ви треба?
И јас тука се препознавам. Кога купувам облека скоро секогаш гледам да е еднобојна, без некои дречливи нијанси и сл. пр. црна, бела, кафена, крем, сива. Во тие бои најчесто се облекувам. (Можете да препознаете од модни критики ахха) Не ставам многу накит, или само обични кругчиња обетки, од најмалите или ништо. Прстени едно време ставав, но не ги лакирам многу често ноктите и не изгледа убаво така неналакирана. Имам една-две алки кои секогаш ме нервираат и ги ставам во ташна пола саат откако ќе излезам со нив и така. Од обувки, секогаш скоро купувам црни, поретко бели а никогаш нешто вау. Секогаш неутрални бои. Црвена штикла никогаш немам облечено ахха. Кога се работа пак за мебел, за уредување, сакам многу детали. Сакам украси, сакам ѕидни слики полно, сакам цвеќиња во соба, сакам полици со книги, обожавам собата да ми изгледа полна.
jas gi sakam site boi i gi nosam, nekoja posebno omilena nemam i sareno nosam.. edinstveno ne sakam svetki, sljokici i sl gluposti po oblekata , nakit mn retko nosam,osven edno prstence i casovnik i mali obetki
Пижамите по кратки ракави од Вајкики јас ги носам ко маици. Преубав материјал и многу се лесни за носење, ко ништо да немаш на тебе летно време. Меѓутоа една година им е издржливоста, потоа некако ја губат формата. Ама не се многу скапи, 300 денари, така да не ми е проблем секоја година да си ги обновувам. А обичните маици од Вајкики што ми се купени, досега најиздржливи се имаат покажано. Имам неколку бели маици со некој натпис на нив, перени на 60, скоро секој втор ден, ниту материјалот има пропуштено, ниту па натписот на нив обледено со години веќе. Така да маици преферирам од таму, имаат basic колекција секое време, само различна нијанса. Пред некој ден начекав крем и си ја купив. Додека панталони во последно време само од Зара онлајн. Секогаш сум се чувствувал напнато додека барам и пробувам, а сега со пандемијава уште понапната е ситуацијата во салоните. Плус, начекувам огромни попусти, што ми е ептен супер, со оглед на тоа моделот на панталони што ми се допаѓаат, не секогаш е најквалитетен. @Angie1432, темава мислам дека е повеќе за минимализам како стил на облекување, има друга тема за минимализам како начин на живот.
@Ketchup јас па немам навика да купувам онлајн, сакам да си пробам пред да купам. Јас обично влегувам во 2-3 продавници (обично Зара, Манго, евентуално Теранова за тренерки, фармерки и други кежуал парчиња). Забележувам дека претерувам со црната и сивата боја, но најлесни ми се за комбинирање, класика. За лето може бело
Такви продавници ми се Манго, Зара, Бебел и еден бутик кај мене во маало. Кај нив секогаш си наоѓам нешто убаво, ама никогаш не купувам плански. По потреба само, зависи што ми треба или ако нешто е за обновување па да барам замена. Најчесто последново игра најголема улога. Па ако приметам дека нешто е за менување или се уништило, си ставам на ум дека наскоро ќе ми треба ново. Ако видам негде попат или онлајн - влегувам, купувам и завршена работа. Мразам да шетам со часови низ продавници. На крај па ако се случи ништо да не ми се допадне, се осеќам ко да ми пропаднало залудно потрошеното време. Шопинг-терапија не е за мене.
@Mishela исто, купувам по потреба. Не сакам да трупам безброј слични парчиња, ми нема поента тоа. А да, и многу брзо завршувам со шопинг, за неполн половина час можам и да најдам, да пробам и да купам, затоа што уште пред да излезам од дома знам што ми треба. Заштеда на време и на нерви
Само кога имам потреба, и со сигурност влегувам во Ваикики прво. Па ако ми останало нешто друго, после влегувам во другите продавници и разгледувам. Или ако има уште некој со мене. Но разгледувам, и многу ретко земам нешто кое не ми треба. Фармерки обично земам од Лидл последно, бидејќи се покажале во квалитет, висината ми е точна, а и цената е повеќе од супер. Не претерувам ни со обувки, најмногу носам и купувам патики. Но би рекла дека тука најмногу трошам. Чизми ако нема снег надвор, не помислувам да облечам. Други обувки не носам, освен влечки. Летно време сум во патики исто. Затоа гледам да земам нешто што ми е комотно и одговара со се, најчесто спортски. Т.е. 100%. Најчесто земам еднобојни ствари, ахроматски тонови и различни нијанси на сина ми се омилени.
Да и јас сум брза зашто најчесто знам што сакам па брзо селектирам што би можело да ми биде добро. Ама мразам да пробувам, па најчесто онлајн купувам некои работи и ги погодувам од око величините. Излегувам да пробам само обувки, фармерки, капут и толку. Ама и за тоа однапред си знам што модел сакам, сум одбрала на нет и само одам да си потврдам околу бројчето за секој случај и да видам како ми стои. Другото го усовршив да го потрефам вака од око и за маици, кошули, џемпери, хеланки, пижами, шанси нема да мрднам од дома.
И јас секогаш од исто место купувам, знам каде има и што има по моја куповна цена што ми одговара и толку. Мразам шетање по продавници и бирање облека апсолутно, ретко кога го правам тоа, за некоја свечена прилика само кога требало.
Јас обично не пробувам блузи, кошули, јакни, сакоа, сукњи. Знам дека најмалото бројче ми е обично точно. Само панталони и фармерки пробувам, и тоа затоа што најмалите ми се горе точни, но може да ми се предолги. А за онлајн не се осмелувам уште, страв ми е дека ептен ќе утнам.
Најчесто сум облечена во црно,а поретко во други бои.Ем не се мислам толку што со што иде,ем не се секирам ако ми се исфлека. Прво на интернет гледам што има во бутиците,па одам да си купам. Не пробувам облека таму бидејќи си ги знам броевите,а и нејќам многу да се задржувам.
Облекувањето само во црно,најчесто значи страв од бои. Најчесто купувам онлајн ,порано Асос,сега Зара плус уште некои.
Два пати годишно, еднаш во лето и еднаш во зимо. Купувам од два бутика само, кога одам наеднаш купувам повеќе парчиња облека што ми треба и завршувам многу брзо. Искрено немам нерви за по продавници да шетам да разгледувам и да губам време, тоа не е за мене.
Ми се допаѓа ова два пати годишно од два бутика. Фала за инспирацијава баш ќе пробам да го следам твојот пример
Немам многу облека и чевли, никогаш не сум сакала да имам премногу. Исто и козметички производи, додека не потрошам една крема на пример, не купувам друга. Не сакам да натрупувам. Може да немаш многу гардероба, а да носиш разни бои. Јас секогаш носам тегет или црни панталони, имам два пара панталони и едни фармерки. Ама нагоре сите парчиња облека ми се во впечатливи бои или шарени. Со тегет или црни панталони, нема боја што не се комбинира. Е слаба сум на обетки и ташни. Тука нема минимализам.
Јас сум колекционер ко ќе запнам во нешто купувам дури не "соберам" се што имам намислено. Сум имала периоди со марами (над 50 имам), па пред 2 години чизми изнакупив, лани ролки плетени и сребрен накит Пренатрупан ми е плакарот. Годинава со работата од дома сфатив колку непотребни работи сум купувала и сум трошела без врска, а имам и многу работи што не ми се облечени ни еднаш. Намалувам постепено и тоа што сигурно нема да го носам и стоело долго в плакар веќе го тргнав, ама долг е патот до минимализам. А многу ми се допаѓа како и за домот, така и за облеката и општо како начин на живот.
Можеш да се ослободиш од мнг работи Јас тоа направив пред една година, скоро цела гардероба ја продадов (secondhand), ја поклонив и донирав... Сериозно после тоа мнг полесно дишев.. Искрено ова беше зафат кој траеше околу 2-3 месеци и требаше организираност, цел стан ми беше пренатрупан со кеси ама мнг ми е мило што го направив. И најнајискрено се чудев како сум купила некои работи.