Минималистички стил

Дискусија во 'Мода и стил' започната од KittyAgnes, 11 март 2021.

  1. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.236
    Јас обавезно барем еднаш годишно правам „чистка“ на плакарот и тоа е обично сега на пролет. Тоа што е оштетено или излитено го фрлам, а тоа што е уште здраво но по некоја причина не ми се допаѓа повеќе, го подарувам или го донирам. Самата помисла на натрупани нешта во плакарот ми создава немир. :tmi:
     
    На KittyAgnes му/ѝ се допаѓа ова.
  2. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.206
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно ова е мојот стил на живот. :D
    Во плакарот најчесто преовладува црната боја (дури имам 3 исти ролки). Немам многу облека, па ми е многу лесно да се спакувам бидејќи знам точно што би носела во секоја ситуација. Не сакам шаренила, не сакам накит или додатоци. Обично носам само рачен часовник, да имав можеби би ставила и некој едноставен пар ситни обетки. Од ташни, користам само една (црна), која планирам сега да ја сменам со малку поголема, а за подолги релации кога треба да носам повеќе работи со мене си земам ранец.
     
    На KittyAgnes му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    48.840
    Пол:
    Женски
    Го сакам минимализмот особео Скандинавскиот стил на уредување на домовите но само во поглед на уредување а не и на облекување. Едноставно не можам да се замислам со 3 пара чевли и 2 пара фармерки. Купувам се што ми се допаѓа а не по потреба. За мене облеката најчесто има емотивно значење и спомени и не сум сигурна дека можам да се откажам од тоа. Како стареам избегнувам да носам многу шарена упадлива облека но не значи дека сакам постојано да сум закопана во црна или сива боја иако ми се секогаш прв избор. Ако видам дека нешто ми се допаѓа во пастелни бои или е шарено не значи дека нема да го купам само затоа што не е сиво, црно или бело.
    Од друга страна за дома ми се допаѓа да има што помалце мебел и украси, станот да ми е уреден во чисти прави и неутрални линии. Не сакам масивно дрво темни бои и украси на секој чекор, што помалце тоа подобрно иако не можам да кажам дека го живеам Скандинавкиот начин на уредување.
    Како и да е ми се допаѓа овој нов тренд да следење на минимализам најчесто поттикнат од зачувување на природата и не потребно уништување на природните ресурски иако не знам дали некогаш би можела да му се посветам целосно и да исфрлам се што е непотребно.
     
    На KittyAgnes му/ѝ се допаѓа ова.