1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Минималистичко планирање на оброци

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од efrosinija, 2 ноември 2017.

  1. efrosinija

    efrosinija Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2016
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Купување на намирници, размислување што да правам за јадење, правење оброци, да расчистам за време на подготовките и по оброците, се работи кои ми одземаат многу време во еден ден. Убаво е да се готви за вашето семејство, особено ако сакате да јадете здраво, но постојат начини да го направите тоа со далеку помал стрес, време и енергија и со ист или уште подобар резултат.

    Една од техниките за постигнување на ова е неделно планирање на менијата. Знам за оваа техника веќе некое време, многу имам читано за тоа. Но, јас никогаш не го применував успешно.Дали вие ги планирате вашите оброци на дневно,седмично или месечно ниво.Мислам дека со планирање на оброците се заштедува време, енергија и пари.Што мислите вие околу тоа?
     
    На Petra777 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.565
    Пол:
    Женски
    Јас не можам да планирам.
    Уште поважно, не сакам да планирам.
    Сакам да зготвам тоа што ми се јаде. Може нема да ми се јаде грав во петок, туку во среда..
    Или сред недела ќе ми се пријаде нешто што воопшто не е на менито..

    Од друга страна, знам за луѓе што дури и готват викендот за цела недела..
    И тоа не верувам дека некогаш ќе го практикувам..
    Дури и најтешкото јадење може да се спреми од вечер, а не во недела..
     
    На Animali, senza.parole, muchacha_a и 11 други им се допаѓа ова.
  3. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    28.329
    Имам слушнато за таков план што да се јаде во текот на една недела, дури познавам и личности кои го применуваат и велат дека е успешно! Пред време занеш што ќе се готви, колку време ти е потребно, кои намирници ти се потребни и помалку се фрлаат неискористени намирници, оти нели пазариш за една недела се што ти е опходно.

    Јас не готвам така, туку спрема расположение, гледам и што имам на располагање, колку време имам, што пабарала фамилијата за јадење, па и гледам да не се поклапам со храната во градинката за да не мора малата и таму и дома да јаде исто.
    Најмногу готвиме ориз и компир, еднаш неделано грав (или во петок или во понеделник) и тоа е единственото што го знам за исхраната во текот на една недела, дека 100% ќе се готви грав, ориз и компир. Другото е спонтано!
    Инаку храната ја сакаме тазе приготвена, нема готвење од денес за утре!
     
    На muchacha_a, Arendelle, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.995
    Пол:
    Женски
    Јас си ги планирам оброците- ручеците воглавно, неделно
    Пазариме за цела недела, и однапред имам план кој ден што ќе се руча
    Бидејќи сме со работно време, да не кажам цел ден на работа, сакам барем еден оброк- ручекот да е асален
    Си правам план кој ден што ќе се јаде, гледам барем два пати да има манџи- пр. компир манџа или грашак, или пак гравче.
    Олеснително ми е што почесто и мајка ми доаѓа кај мене, па таа готви, кога не е таа, гледам навечер да направам
    Има ден кога сме на пржени јајца, или ќе ставам да се подгреат пастрмајлии,ама и тоа е дел од планот:)
    За мене оваа опција ми е супер, преку недела докупувам леб, овошје ако снема,месо купувам неделно и терам со таа залиха.
     
    На Bozica1980, Sesil, Dust и 3 други им се допаѓа ова.
  5. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.077
    Допаѓања:
    81.907
    Пол:
    Женски
    Не планирам за цела недела ,ама за секој нареден ден знам што ќе зготвам .Ретко да немам зготвено и да се јаде што има во фрижидерот .Пазарам како имам потреба секако секој ден сме излезени и има се по маркетиве .
     
    На joy1, Dust, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.965
    Не планирам ништо.
    Готвам според тоа што ни се јаде, и зависно од расположението во тој момент.

    Пазариме еднаш неделно.
    Немам желба да се макнам секој ден по маркети, кога и да ми текне да спремам нешто да не трчам по намирници.
    Готвење викенд за цела недела :shake:
    Сакам свежо приготвено па не мора да е нешто комплицирано.
     
    На boomsleng и Dust им се допаѓа ова.
  7. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Ние сабота недела/размислуваме што ни треба, па едно списоче и одредени продукти одредени места зависно од цени нели.
    Земаме се што планираме да се зготви и точно знам кој ден што имаме. Ептен кога немаме време купуваме готова храна, ретко е тоа.
    Мирна глава цела недела.
    Обично и од вечер спремам, а некогаш и после работа, риба на пр. колку и да сум уморна си ја готвам во 17:00.
    Од ден за ден не би можела, има и други работи што чекаат.
     
  8. efrosinija

    efrosinija Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2016
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Мислам дека и не е толку тешко да седне човек и во недела навечер, релаксирано со чајче или кафенце, да седне и да си испланира што ќе готви цела недела..мислам дека е поисплатливо, а и не се замараш секој ден што да зготвиш...и тоа одзема време и создава дополнителна нервоза
    Може дури и тематски да се деновите
    Например-понеделник нешто со мелено месо(Мусака,полнети пиперки,плескавици...),вторник со пилешко(Ориз тава,похован стек, ,среда jajцa(омлет,прчени кришки..,четврток-тестенини, петок нешто чорбесто, сабота нешто полесно (за да имачвреме и да шетнеш некаде, недела нешто покомплицирано,риба, некое месо..
    еве еден мој план

    понеделник -мусака
    вторник-пилешко со ориз
    среда-омлет со сланина или кобасици
    четврток -потпечени макарони
    петок-грав
    сабота пица
    недела пастрмка со компири
     
  9. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.324
    Se pravi spisok na ruceci (blago i ovosje) za cela nedela.
    Se pazari vo Petok i se zakacuva planot (spisok) na frizider.
    Gotvam spored spisokot, sekoj den.

    Ova e red vo mojata kuka koj egzistira od prviot den vo mojot brak i odlicno funkcionira.
     
    На duffi, muchacha_a, supergirlmb и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Arendelle

    Arendelle Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    7.404
    Пол:
    Женски
    Јас сум без план, вообичаено пазаруваме сабота за текот на наредната недела, само докупувам преку недела нешто што ќе се потроши или ако некоја нова идеја добијам.
    Можеби за некој е подобро со план така подобро функционира, но не можам да мислам, листа да правам и слично, сепак гледам разновидна храна да биде застапена. Кај мене испаѓа од денес за утре.
     
  11. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.494
    Не планирам ама дома не останувам никогаш без месо, компири, брашно, квасец, јајца, сирење, млеко, путер...
    Па кога нема што да се готви или месам или месо со компири правам.
     
  12. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Оваа недела вака
    понеделник -чорба гравче, некое мевце и салата
    вторник-тавче гравче со кобасичка и салата
    среда и четврток ориз и пилешко со салата
    петок каша со ќофтиња.

    Готвам недела навечер, вторник навечер и четврток навечер.
    Викенд различно се прави зошто не се знае колку ќе сме дома. За денес има риба пире и салата. Утре кај свекрва на ручек.
    На дете од наш ручек давам делумно. Пример од оризот давам ама пилешко посебно домашно му спремам. Гравче без запршка и тоа само што зготвено, не стоено од денес за утре. За него готвам секој ден.
    Инаку да, вака е најлесно да се има и намирници со време и енергија за други работи.
     
    На efrosinija му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    21.529
    Кога бев во фаза на слабеење, си планирав оброци ако не за цела недела, тогаш за наредните 2-3 дена сигурно. И тоа некако ми остана во навика. Ама верувам мене ми е полесно зошто само за себе си планирам. Во принцип, има одредени работи што ги јадам за појадок, а одредени за ручек. За појадок најчесто јадам јајца (со зеленчук) или овесна каша (со овошје), а за ручек најадам најчесто варен зеленчук (брокула/карфиол/морков/обичен компир/сладок компир/пченка) или мешунки (грав/грашок) во комбинација или со месо или ориз. Тоа е некоја шема што 80% од времето ја следам, а секако вметнувам тук-таму и од оброците на моите дома (кога немам време или едноставно ми се допаѓа нивниот избор). Измеѓу јадам овошје, јаткасти плодови, пуканки, семиња, чоколадо, итн.
     
  14. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Секогаш ги планирам оброците на неделно ниво. Помалку стресно и порационално ми е така.
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. efrosinija

    efrosinija Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2016
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    И поприлично поефтино. Јас многу често си носам и на работа јадење од дома.Ем поздраво,ем поефтино .А и реално здосадуваат истите пецива од пекари секој ден. Станува еднолично.
     
    На Emma2 и Queen8 им се допаѓа ова.
  16. efrosinija

    efrosinija Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2016
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    МИ что најчесто носите?Ме интересира дали си ги планирате и оброците за на работа,Факултет...?Што најчесто носите?
     
    На Queen8 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Да, дефинитивно. Пецива речиси и да не купувам. Се трудам да не ми е еднолична исхраната, пред се’. За доручек, си комбинирам нешо со млекце, јогуртче..., или интегрално лепче со тенок слој домашен мармалад.
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. efrosinija

    efrosinija Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2016
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Ајде давајте предлози за неделно мени.Да размениме малку идеи, да ни се олесни во планирањето.
     
    На Queen8 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Доручек: 1. кисело млеко/јогурт со овесни снегулки и семе од сончоглед, 2. Млеко со мусли, 3. Смути, 4. Лепче со путер и ајдамер и 5. Лепче со мармалад. Таман за 5 работни дена...
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. efrosinija

    efrosinija Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2016
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    А за ручек?:)
     
    На Queen8 му/ѝ се допаѓа ова.