1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Минута од вашето време за вечна љубов!

Дискусија во 'Дом' започната од Ms.Sweet, 4 август 2010.

  1. Ms.Sweet

    Ms.Sweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Јања и нејзиниот сопруг беа избрани од Центарот за социјална работа како најподобни посвоители на две близначиња. Меѓутоа нели како во сите наши институции, нешто мора да тргне на лошо. Комисијата при Министерството за труд прво ги игнорира, за подоцна не да ги одбие, туку да ги врати на почеток!? Што е навистина чудно, затоа што ако некој не е подобен треба да биде одбиен. Па по се изгледа дека нашиве комисџии се научија на кешова мотивација, што и сигурно ја добивале чим вака лагано прават што сакаат и си играат со животите на децата.
    Во овој случај нема да ја добијат, затоа што некој не сака да купи деца, туку да посвои.
    Затоа е изработена алтернатива на петиција со име и презиме и матичен број. потребно е да се испратат на filantropija@danu.biz со наслов За поддршка на акцијата Минута од вашето време за вечна љубов меѓу двете близначиња и мама Јања-

    Така е затоа што Јања има поддршка од интернет портал распространет во повеќе балкански републики.
    Целата акција можете да ја прочитате тука http://www.ringeraja.mk/statija/minuta-od-vasheto-vreme-za-vechna-ljubov_672.html
    Интервјуто со Јања овде http://www.ringeraja.mk/statija/intervju-so-janja-batich-alijas-agnes77_649.html

    Да ја потпишеме петицијата и да овозможиме бајката да има среќен крај!
    Да ја спречиме продажбата на деца во Македонија и да им овозможиме детство!
     
  2. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Леле луѓе се наежив кога го прочитав интервјуто. Само не ми е јасно зошто мора да дадеме матичен број :^)
    Се надевам дека Јања ќе ги посвои близначките. И ми се допаѓа како размислува околу посвојувањето, и јас сум за тоа децата да дознаат рано и од посвоителите дека се посвоени.
    Девојки, ќе дадеме поддржка, нели? :)
     
    На Whitecloud95 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Понекогаш се прашувам зошто оние луѓе кои одлично би се грижеле за своите деца и навистина заслужуваат да бидат родители, не можат да имаат деца. А онаа Французинкана си ги убила сите 8 бебиња. Нормално дека ќе и дадам подршка и ќе ја потпишам петицијата. Од интервјуто се гледа дека Јања е подготвена да го почувствува мајчинството и дека ќе биде одличен родител. А собата е преубава :)
     
  4. girl12

    girl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    43
    сесилија се разбира дека ке дадеме подршка ! :)
     
  5. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    vredi da se dade podrska,navistina e zalno
     
  6. jasmin

    jasmin Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2009
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    35
    Секоја чест на Јања за желбата и силата да се бори за близначињата.

    Под други околности веднаш би се вклучила во иницијативата, но мислам дека ова не е правилниот начин да се организираат вакви акции. Постојат еден куп веб страници за организирање на онлајн петиции, а во случајот се бара од нас да си ги испратиме името, презимето и матичниот број на некоја приватна словенечка фирма (http://www.danu.biz)? Има ли таа фирма политика за приватност и како можам да бидам сигурна дека моите лични податоци ќе бидат безбедни?

    А и Ms.Sweet, ништо лично, но целта на твојов пост е да и се помогне на Јања или да се изрекламира дотичниот портал?
     
  7. Ms.Sweet

    Ms.Sweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Не ми беше целта да изрекламирам нечиј сајт, туку интервјуто на Јања што го прочитав на порталот (кој нема допирни точки со фемина) ме натера да ја отворам темата, бидејќи човечки е да се помогне.
     
  8. Janja

    Janja Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Поздрав од мене ... најпрво се извимувам пошто уште не знаем македонски, но разбирам македонски ама уште не зборувам... случајно сум приемтила ваш портал, благодарам за ваша поддршка.
    Видим да имате иста прашанја као у сло, зошто матичен број ..ако било би само име, презиме и адреса, то би могла преписати и из адресара на тел. бројеве ;)

    наша процедура уште нее завршена, након нас је комисија одбила,они су наше документе и документе од дјевојчиц слали на други центар и сега тамо пише предлог за нас, који исто треба да биде на комисија ... тешко ми је заиста тешко, дјевојчице могле би веч пола године имати семејство и родителска грижа али тако ... ;( ;( ;( а што је најлошо, сите луѓето знајо што се догаѓа али нитко не може или не жели ништо урадити ...

    уште еднаш пуно хвала за ваша поддршка
    пуно поѕдрава, Јања
     
  9. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Мислам дека Јања конечно е заедно со своите деца или се лажам?
    Ако случајно некогаш отвори пак фемина и се наврати на темава (гледам има само едно мислење) или општо ако не чита сакам да пише и да ни се пофали .