Каков живот живеете мирен без многу проблеми, предизвици, ризици или драматичен, брз, многу луѓе, дешевки, немири и слично?
Мирен живот. Самата си одбрав таков. Се дистанцирав од луѓе кои не ми се потребни и со кои животов би ми бил драма и полн со свашта. Потребна ми е сигурност, стабилност и спокој.
Исполнет и интересен. Не сакам мирен живот, сакам динамика, раздвижено и различно, брзо секојдневие. И истиот не го нарекувам драматичен.
Мирен, со повремени 'драми' да не заспијам. Ако е пак цело време драматично, пак ќе развијам анксиозност. Не фала...
Мирен живот. Немам многу пријатели а и искрено не ни сакам, не сум таков карактер. Кога слушам на други како им минува едно секојдневие не можам да се замислам како би реагирала во истите ситуации, изгледа прагот на толеранција не е на моја страна .
Колку е драматичен не знам, јас така го доживувам поголемиот дел од времето. Во реалноста може да се каже дека е мешавина од двете, некогаш преовладува едното, некогаш другото. Не би сакала ни екстремно драматичен, ни екстремно мирен живот. Непотребна драма мразам, но не сакам и живот каде што нема предизвици и немам простор да пораснам како личност.
Јас сакам да мислам дека ми е мирен кога тоа постојано некоја драма дрма. Едно е што планираш, друго е што испаѓа.
И јас животот си го доживувам како драматичен, иако објективно гледано можеби и не е така. Инаку, преферирам мирен живот. Знам дека можеби треба само да ја променам перспективата, и ќе го имам
Отсекогаш сум сакала мирен и стабилен живот. АМА, летово направив толку многу глупости да ми е секој ден драматичен и интересен, така да за сега ќе си дозволам драматичност и расфрланост.
Брз и динамичен, по малку и драматичен. Сакам кога сум константно зафатена и го сакам чувството на исполнетост.
Јас сум некаде граница имам некои периоди мирен живот без многу луѓе, кавги а имам и многу бурни периоди па и патам си од анксиозност динамиката ми повеќе одговара за да не мислам на тоа.
Во последно избрав баш мирен живот да живеам, не знам можеби и поради бременоста, се дистанцирав од луѓе и од проблеми, најмалце што ми е потребно се стресови. Ама некако дистанцава како да ја премина границата зошто никогаш до сега не сум чувствувала одбивност од луѓе, а сега чувствувам.
Ова прашање често сум си го поставувала сама на себе.Ќе згрешам ако изберам само едно, затоа ќе кажам одговор на прашањево е златна средина. Или најдобро опишано имам мирен живот со неколку проблеми и предизвици, ама на моменти се претвара во драматичен. Тогаш и турските серии може да ми завидат.
Пред 2 години ми беше мирен, ама со ненормални околу тебе станува драматичен сакал ти или не. И за жал не секогаш можеш да се ослободиш од таквите луѓе.
Се натпреварувам со времето, мислам дека тоа и кога тогаш ќе ме убие сам си го направив ова, се пуштив во некој води од кои нема назад па сега гледам колку впрочем е вреден мирот