Мирен живот. Отсекогаш сум сакала таков. Нормално, убаво е од време на време да се разбие монотонија, но душевниот мир не го менувам за ништо на светов!!!
Златна средина. Ако е многу мирен би ми било досадно, а многу драматичен би било стресно како за мене. Сакам дешавки, сакам да сум зафатена и исполнета, ама после тоа сакам да одморам од сѐ.
Драматичен што дури можам и роман да напишам мирен здравје после 8-9 години или дури ко ќе се пензионирам (Господ да ме поживее до тогаш)
Конечно мирен, среќен и исполнет. Секако има периоди кога нешто се случува, но сега многу брзо се средуваат работите.
Имав многу мирен, монотон живот до пред 1 година, едноставно бев во комфортна зона. Излегов, и сега ми е многу динамичен и полн со проблеми. Веројатно ова ми требаше за да пораснам и запознаам самата како личност. Човек не се расти во комфорт зона.
Можеби комбинација но сепак преовладува смиреноста, драмата ми доаѓа само од други личности,а јас сум смирена, кога слушам на некои како секој ден нешто му се случило во смисла ми се јави другарот од градинка, бившиот од 5то одделение се чудам како мене повеќето денови ми се монотонија без драми и ретки неочекувани ситуации...баш таков живот сакам за секогаш и би сакала да најдам дечко/сопруг ист како мене
Мирен. На моменти ми фали малце динамика, а и ја имам понекогаш. Ама порано имав подраматичен живот и не би сакала пак да се замарам со глупости.
Последниве 3-4 години живеам релативно помирен, досаден живот, има периоди на драматичност, ама далеку сум од животот кој сакам да го живеам, и кој го живеев порано, се прашувам дали со годините се "смирив" некако, или пак анксиозноста со нејзините кочници и стравови, си го направи своето