1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Миризливи стапчиња, свеќи...

Дискусија во 'Дом' започната од Dala, 17 септември 2012.

  1. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Како ви се допаѓаат овие миризливи стапчиња,свеќи...И дали ги користите?
     
  2. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Миризливи стапчиња,свеќи...

    Епа ако не коменнтирате да почнам јас...

    Веќе илјадници години во разни религии се палат миризливи стапчиња, а во христијанството таа улога ја презеде темјанот. Верниците мислат дека тоа има позитивни последици за нивната душа, а сега биолозите открија дека таа навика позитивно влијае и на човечкиот мозок.

    Меѓународниот тим научници од универзитетот „Џон Хопкинс“ и Ерусалимскиот универзитет во најновото истражување тврдат дека палењето темјан активира досега малку познати канали во мозокот и на тој начин ги ублажува напнатоста и депресијата. Извесно е дека ова откритие ќе започне создавање нова генерација лекови кои ќе се засноваат на вдишувањето.

    Наспроти распространетите обичаи на палење миризливи смоли за верски цели, научниците досега не се досетиле да се позанимаваат со влијанието на таквата практика на човечката психа. Резултатите постигнати преку опитите со глувци ги изненадиле сите: во мозоците на овие мали животинчиња се генерирале различни хемиски споеви кои ги довеле до состојба на совршен мир. Д-р Џералд Вајсман, еден од водачите на истражувањето, на шега коментираше: „Веројатно Маркс не бил далеку од вистината кога религијата ја нарекол опиум за масите. Морфиумот се добива од афион, канабиноидите од марихуаната, ЛСД од печурките, а сето тоа се користело во рамките на различни верски церемонии“.

    Откритието дека чадот од темјан позитивно влијае на одредени мозочни центри би можело да помогне во разбирањето на настанувањето на болестите на нервниот систем. Новото научно истражување дава и биолошко објаснување за илјадагодишното опстојување на верските обичаи, независно од времето, културата, јазикот и просторната оддалеченост.

    Палењето темјан навистина ќе ве направи посреќни и попозитивни. Но можете да ги испробате и следниве миризливи стапчиња:

    Лотос: Цветот на лотосот е симбол за чистотата и духовноста, а лотосовите стапчиња шират златна аура која им помага на луѓето да го отворат своето срце и да почувствуваат бесконечна љубов. Имаат ненаметлив пријатен и лесен чад кој се поднесува без никакви тешкотии.

    Сандалово дрво: Мирисот е многу егзотичен и традиционално се користи во јогата и медитацијата. Го смирува умот и ги отстранува сите негативности, па помага во внатрешната рамнотежа. Во Индија правот се користи во козметички цели и како афродизијак.

    Кедар: Дрвото на кедарот е познато по способноста за издржување на најтешките промени на температурата и влажноста. За северноамериканските Индијанци ова дрво претставува мост меѓу небото и земјата, а чадот ги пренесува човечките молитви до боговите. Стапчињата од кедар се користат за постигнување внатрешна стабилност.

    Темјан: Со темјановиот чад христијаните ги бркаат разните злодуси и останатите злобни суштества. Впечатливот сладникав мирис брзо се шири низ просторот, а вдишувањето на чадот ја отстранува депресијата и ја намалува болката. Користете го кога сте настинати или вознемирени.

    Јасмин: Мирисот делува смирувачки и создава субјективно чувство на топлина. Ја отстранува депресијата и го опушта телото кое е изложено на поголеми физички напори. Јасминот помага и при главоболка или при проблеми со дишните патишта.

    Роза: Илјадници години ја доживуваме како симбол на убавината. Опушта и загрева, го отстранува стресот и го враќа доброто расположение. Помага и против несоницата и проблеми со вените.
     
    На dc15, angelche16, Valerin и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. teletabis4e

    teletabis4e Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    27
    Миризливи стапчиња,свеќи...

    ОБОЖАВАМ, периодов особено со мирис на лаванда.
     
  4. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Миризливи стапчиња,свеќи...

    Ги користев едно време,многу често.Ама некако многу јако мирисаат и ми смета,почнува глава да ме боли.
    Инаку имам уште дома,со мирис на ванила.
     
  5. LetsTalkFashion

    LetsTalkFashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    879
    Миризливи стапчиња,свеќи...

    Јас стапчиња не користам , ама во последно време почнав многу да користам миризливи свеќи. Не сум користела нешто многу различни туку почнав да ги купувам тие на Aura свеќите од малинка многу се убави , цела соба ми мириса ако запалам две мали и горат негде по 10 мин и ги гасам бидејќи е доволно. Сум купувала и од оние што се како украсни ама не мирисаат.
    Некој да препорача некои ? со мирис на ванила / лаванда / малинка или пак со нешто др незнам :rofl:
     
  6. bela.hrizantema

    bela.hrizantema Активен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Миризливи стапчиња,свеќи...

    Еве денес се осекам некако депресивно, :( а со ова ме потсетивте да запалам миризливо стапче ,инаку имам од цимет и портокал,а сакам да пробам и други мириси,па пишувајте кои ви се најмногу допагаат.Понекогаш и мене ми смета јакиот мирис ама убаво ми замириса целиот стан,па ајде да одам да запалам да ми се подобри расположението :) ,се надевам.
     
  7. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Миризливи стапчиња,свеќи...

    Мене најмногу ми се допаѓаат од чешне(clove) и од јагода :mm:
     
  8. Madonna

    Madonna Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    148
    Од каде најчесто ги купувате..јас порано купував од SEVA , ама некако ми беа како стари..стоени и мирисот откако ќе го запалев стапчето не беше онака чист ..него како стапчето да примило влага ..неубаво.
    Каде може да се најде низ градов квалитетни стапчиња :^)
    Инаку најмногу ми се допаѓаат со мирис на лотос..боровница,јагода..
     
  9. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Во Карфур има преубави миризливи мали свеќички со најразлични мириси, околу пакетче со 4-5 свеќички беше околу 50 денари...мирисите ме воодушевија.
    Јас сакам посвежи мириси, а најчесто свеќички палам зимно време за да ми ја затоплат атмосферата :)
     
    На PeaceLoveBasketball му/ѝ се допаѓа ова.
  10. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    една девојка ми подари стапчиња со мирис на роза пред да заминае на магистерски студии во Швајцарија и уште не сум ги искористила-треба да си купам држач, се продава во Сева и е 70 денари :)
     
  11. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Јас често навечер си палам свеќи со различни мириси и мноооогу ми е убаво - супер мирис и убава атмосфера прават! :$
     
  12. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Многу често. Ме смируваат. Сакам и свеќи и стапчиња со овошни мириси, ама и од ванила и чоколадо не се на одмет. Со години наназад си ги купувам често и за поклон. Сериозно многу ме исполнуваат.
     
  13. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.983
    Мене па воопшто не ми годат. :(
    Ми се лоши од разни мириси и често повраќам (поготово од мирис на ванила)

    Најубаво ми е кога ми мириса на омекнувач низ дома. :)
     
  14. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Ги обожавам дома имам мали романтични свеќи во црвена и бела боја..кога ќе снема струја тие ми се први за користење + си имам мало фенерче и многу добро изгледа а и мирисот е одличен :)
     
  15. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Не ги сакам баш, ама еднаш имав купено на мајка ми подарок за осми март миризливо... нешто како во чашка такво нешто. и мирисаше на од кај да знам, цитрон, нешто такво :emo: За никаде :doh:

    А и за роденден ми подарија еднаш свеќа миризлива, на ванила мирисаше, ама никогаш не ја палев, и сеуште стои таму, не би сакала целата куќа да замириса така :puke:
     
  16. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    181
    Вака сакам да прашам.Спроти Тренд во Скопје сити мол има една продавница за такви твари.Не ми треба за по дома туку за во бања (спа центар ми е вецето :D ) дали знаете колку се цените и што нуди продавницата (не сум ја начекала отворена)
     
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Миризливите стапчиња не ми годат, а свеќи имам многу, во различни бои и големини, ама вообичаено ми служат само како украс.
    Преферирам Air Wick фрешери, а омилен ми е овој :)
    [​IMG]
    Доста долго траат, мирисот е прекрасен и не е премногу јак, а е доволно траен.
    Следен сакам да си го купам оној од лаванда - многу релаксирачки ми делува тој мирис.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Миризливи свеќи ептен сакам. Имам неколку дома, ама несакам тешки мириси, затоа што ми се лоши од нив. Омилени ми се од ванила. Jaс ги купувам во Jumbo, но има и низ големите маркети. Исто знам татко ми дома еднаш донесе едни помали и од бонбони, со виолетова боја се, се ставаат на шпорет за дрва или електричен шпорет (не е важно) одозгора, врз некоја рингла или плочата и целосно согоруваат, а преубаво мириса. Мирисот е нежен и лесен.
     
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Обожавам кога собата ми мириса на убаво. :mm:
    Имам прилично голема колекција на миризливи свеќи, кои веќе неколку години си ги собирам и си ги редам во (да го наречам) плакарче, комодиче - како сакате. :D
    Многу ми се убави за око и прекрасно се вклoпуваат како декорации. Омилен мирис од свеќите ми е онаа на Air Wick со мирис на црешка. Никогаш не ги палам - прескапи ми се и некако жал ми е да ги палам и да ги потрошам, па си стојат така за украс. :)
    Имам и стапчиња, со најразлични мириси, ама сепак лавандата е на прво место. Ги мразам оние со мирис на роза зашто мирисот не можам да го поднесам. :doh:
    Омилени ми се стапчињата со мирис на јасмин и верувајте, имам дебела залиха од нив. :$
    А од оние фрешерите Air Wick мислам дека претпоставувате кој ми е омилен, го отеков - лаванда. :D
    Нема поубав мирис од оној на лаванда - нема!
     
  20. girl.9

    girl.9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2012
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    478
    Имам ама не ги користам. Секогаш користам Air wick