Провери во индиската продавница во ГТЦ, има голем избор, цените се до 100 денари. Инаку поевтина варијанта се миризливите стапчиња во Џамбо кои ме изненадија со мирисот со оглед на цената - 29 денари за 60 стапчиња. Само мислам дека нема некој голем избор на мириси.
Стапчиња користевме едно време,и 2-3 остануваа сите брат ми ги земаше и изиграваше “волшебник’’ И сега имаме од лаванда и ванила дома,убаво ме потсети темава,ај да запалам едно
Миризливи стапчиња досега не сум користела , ниту пак имам купено, а како што читам овде изгледа се прекрасни, така да ќе си купам со мирис на лаванда за да ги пробам
Моите се земени од My Market, ама мислам дека нема таков во Скопје. Провери во Тинекс и другите поголеми маркети - можеби држат.
Миризливи свеќи сакам и убаво ми мирисаат, ама стапчињата ич... на изгорено ми смрдат кога ке ги запалам
имам слушнато мирисите што се на BIS (saponia) биле многу штетни по здравјето јас ги користев но сега ги оставив откако го слушнав тоа///што мислите вие
Коро компани адреса: Првомајска 9/10 место: Скопје Книготека Ебу-Ханифе адреса: Битпазарска 24 место: Скопје Флорес адреса: бул.Партизански Одреди 21-A/2-3, Порта Буњаковец А-2/3 место: Скопје пребарав овие ми ги даде но ти оди во аптека сигурно има нека низ центар сум слушнала
ги користам кога има некој сто пуши мразам да ми мириса на цигари,и кога седам со маж ми навецер,палам миризливо стапце создава пријатна атмосфера
Дали има кај нас во Скопје од овие yankee миризливи свеќи? И ако може да ми препорачате каде има поголем избор на убави миризливи свеќи. Спојлер може претерав со сликиве