Аспираторот се бира според димензијата на просторот, со добар аспиратор не заостанува миризба. За просечна дневна со кујна треба да е минимум 700кубика аспираторот. Е тој аспиратор не е 5000ден и на тоа се мисли кога се прави кујна. Модерните фурни кои се настрана од аспираторот исто така придонесуваат за мирисот. Со добар аспиратор и прозорец макар на кипање И МНОГУ БИТНО соодветно изведен оџак од страна на градежната фирма не останува миризба. Еве 3 години сум во стан и се готви секојдневно, никаков проблем. Ако на ова време вадите плинско на тераса и им усмрдувате на комшиите што луфтираат не сте за колективно живеење. Имам вакви комшии и неколку пати спалната ми има замирисувано на риба од нивното готвење на тераса.
Секој се снаоѓа како умее. Еве во новите згради чаша можеш слободно да си подадеш на тераса од што се гради на секое ќоше неиспланирано. Нема ни метро, а спроти тебе е терасата на комшијата. И најчесто луѓето купуваат кога е во процес на градење. Ретко кој добива онака како што замислил на крај.
Местото е во кујната, ама со овие згради тоа е. И мене ми сметале мириси на тераса, ама немам право да им кажувам како треба.
И да им кажеш е џабе кога се без осет. Нема зошто да ги оправдуваме, нити па да ги жалиме зошто се снашле како знаеле. И јас сакам да готвам без воопшто да има мирис кај мене дома, ама не одам на тераса, туку се снаоѓам како што можам - аспиратор и луфтирање на цела кујна после готвење.
Ве читам за муабетов за трендот и стварно не ми е јасно за каков тренд се работи, зашто таков тренд не ни постои во принцип. И самиот Пинтерест како најголема база да речам, за инспо за ентериери е преплавен со кујни со прозор над мијалник или некаква слична конфигурација на кујна со прозор или прозори. За вакво нешто не постои тренд, тоа треба да си биде правило на проектирање во секој стан и куќа. А кујни без прозори за жал има еден куп, поготово во понови згради. Затоа и ми се допаѓаат постари згради кај што најчесто е запазен овој момент. Си поштувам екс-ју стандарди, каде секоја соба е хумано димензионирана и има прозори, има можност за провев итн, итн. Како и да е, прозор во кујна менува премногу и на тоа му нема замена. Нема подобро од можност за правење провев, а само аспиратор може и да не значи ништо. Поготово ако е од оние послабите што само прават бучава а не влечат доволно. Секогаш е подобро да се одбере некој појак. И ако нема прозор во самата кујна, многу зависи како ќе биде решен остатокот од просторот. Тоа всушност е клучно, зашто некогаш не е доволно ако само кујната е одделена со ѕид од дневната за да има некаква блокада колку да се рече. Доста подобро е ако кујната е некако вгнездена во сендвич меѓу две соседни соби кои имаат прозори. Пример, кујната (без прозор), да е помеѓу дневната и трпезаријата, а во двете соби да има прозори за да се направи провев. Ова е стварно супер опција. Плус силен аспиратор и навистина ќе има разлика. Затоа е и убаво станот да излегува на прозори од две страни, заради провев. Стан без можност за провев (осветлен само од една страна), за мене е хорор и ужас. Живеев во таков и секое готвење беше хорор. Готвење на тераса ми е апсолутно неприфатливо во колективно домување.
И мене воопшто не ми се допаѓаат новите станови поради тие причини. Ќе го занемарам прво квалитетот на градба, тоа веќе сите го знаеме, за жал. И сеуште не ми е јасно како повеќето се стрчуваат по нови згради. Израснста сум во зграда изградена во југословенско време некаде 85, и кога барам за мене стан гледам да е здрада од тој период. Прво дома имаме 3 тараси, од кој едната во кујна, многу од комшиите ја користат како летна кујна што е сосема прифатливо и миризбата се шири во една вертикала, предвидена за кујна. Никогаш не сме имале дома аспиратор, па не било замирисано по собите. Овој нов тренд на градење ич не ми се допага, прво во една соба од 20квадрата имаат предвидено и кујна и трепезарија и дневна да ти е, кујните поставени сосема на другиот крај од станот кај што нема ни прозор ни светлина природна. Тараси? Што е тоа? По два квадрата. Жално, а цени 2000е квадрат. Па уште архитектот на прво нешто му е дали е модерно или не, каков архитект е тоа, би рекла нестручен кој што гледа трендови а не практичност. Во Скопје седам во зграда од 2000г, секој пат кога комшиите ќе отидат во веце ти знаеш, зошто мислиш дома некој ти пушта вода. Немам зборови.