Пред некој ден ја видов една од рекламите за оваа нова турска серија, кога го видов Картал во истиот тој момент си реков еј Саваш. Порано имам гледано повеќе турски серии и не верувам дека секој актер кој сега би го видела одма би ми текнало како се викал во одредена серија, ама овој Саваш ми останал во сеќавање. Само некој нека ме потсети на името на серијата. А и Хурем (во серијава како Селин) е во главната улога. Совршен пар А добри им беа рекламите пред да почне серијава, успеаја да допрат до мене и да ме привлечат, одамна не сум гледала турска серија. Денес беше првата епизода од серијава. Кратко за серијава (извор Канал 5): Селин е девојка која живее во мало гратче во Франција. Вљубеник е во природата и во сите убавини на животот. Сопственик е на работилница за парфеми која што е свртилиште на прекрасни луѓе, и на Французи, и на туристи. Заедно со мајка и', создаваат оригинални мириси што ги импресионираат луѓето и тоа им причинува големо задоволство. Нешто за што потајно сонува, е да го создаде мирисот на љубовта, но свесна е дека тоа нема да се случи додека не се заљуби и не ја вкуси љубовта со сите нејзини мириси... Картал е млад бизнисмен од Турција, пораснат како посвоен син на Азис Алкан, негова десна рака во бизнисот и животот воопшто; сопруг на неговата проблематична ќерка Есра. Амбициозен, успешен, посветен, пожртвуван... сé додека не го почувствува мирисот на љубовта. На едно службено патување во Франција, неговиот живот се претвора во бајка. Ја запознава жената со најубава насмевка, со најнежна златно-свилена коса и со најсветли очи од кои што грее љубов и копнеж за живот со страст. Дали некој знае како е оригиналниот наслов на оваа серија? И дали некој знае што ќе се случува понатаму во серијава?
Оригиналниот наслов е Gecenin kralicesi и серијава е преубава Ја гледав пред година - две на нет и ја препорачувам на секого
Правиот превод е ноќна кралица ама нашиве си даваат некои свои имиња. Мирисот на љубовта ќе се спомне во првата-втората епизода а уствари станува збор за цвеќиња и парфеми. Иначе да, интересна приказна малку е поинаква од овие сегашниве серии почетокот е и со Франција нешто поврзано.Првите две-три епизоди се пресмешни после ќе си видите сами. 15 епизоди има ама кај нас ги цепкаат многу така да ќе бидат доста повеќе.
Спојлер Селин ќе се омажи за „таткото“ на Картал. Но подоцна ќе се покаже дека тоа го организирала со таткото и за одмазда од минатото. Картал ќе сака да се разведе од жена му, ама она нема да сака. На крај Happy end
Спојлер Селин ќе има дете од Картал, Осман и со него ќе дојде во Турција ама ќе го мафтосува напочетокот.
Под кое име е на ју туб,ја барав не можев да ја најдам, дај линк ако можеш. Јас на мувтекс ја гледав негде до кај 10 епизода, после мувтекс го направија да се плаќа и така не ја догледав.
Еве тука ги има сите епизоди со српски превод https://www.serije.online/browse-kraljica-noci-videos-1-date.html