Девојки, што мислите за нејзиниот стил на облекување и дали и личи да се облекува така како жена на најпознатиот светски тенисер? Знам дека не е многу позната личност, но не можам а да не го забележам начинот на кој се облекува. -невеста.
Мене не ми се допаѓа како се облекува. Иако не е позната,, сепак се појавува во јавноста како жена на еден доста познат тенисер. Целосно ми е без вкус, гледав и некои други фотографии од неа и прилично сум разочарана.
Исто и јас! воопшто не ми се допаѓа. секој меч на Федерер седи во публика и после секој поубав поен ја дава камерата. па мислам дека треба да обрне внимание на изгледот, плус-дебелка е. Таа е поранешна спортистка, не требало да си дозволи да се здебели толку! Намерно ставив слики со сопругот, покрај него како што е онака елегантен треба да грее покрај него! во овие слики има и убави комбинации, но онаа со бордо фустанот долг воопшто не ми се допаѓа! сепак тоа беше прослава после голема победа на Вимблдон, а таа просто облечена!
Кога веке има таков маж и кога веќе незнае да се облекува, може барем да се консултира со некој стилист. Незнам како мозе да си дозволи таква да излезе, со апостолки на прослави... Луге без стил...
Не ми се допаѓа Сепак,на фраерот што си го има за маж изгледа не му смета воопшто нејзиниот целовкупен изглед
подобро ваква која ќе го сака и со која ќе имаат убав живот него со некоја која ќе му ги собере сите пари и ке си замине што не значи дека и таја не е таква...а и каде пишува дека сите познати фаци мораат да имаат убави и слаби партнери ...стварно можда не изгледаат wow заедно ама ако им е убаво што сакаат нека прават
На некои слики не е до толку лоша, ама сепак во глобала е за никаде Додуше, во фаца ми е многу полоша отколку во облекувањето
+ постара е од него.... да не бидам офф се облака------------- ! кај е дебелка, со стилов уште толку си ги истакнува килата + на таа слика со белото фустанче стомакот и е ко лубеница
Јас па помислив дека е трудна Ужасно лош стил на облекување Мислам дека треба да побара совет од Пуфи
трудна беше девојки, да не дојде до забуна. речиси сите слики што ги ставив се од кога беше трудна! И што е најважно- близначиња носеше!
Miroslava Vavrinec Една слика од нејзините тениски денови. Не дека ми е омилен лик но не е толку лоша жената. Со вишокот килограми се бори и пред бременоста но можеби има некој здравствен проблем..сигурно парите не и се проблем за да ги намали тие 5-10 килограми. Освен што е бивша тенисерка потекнува од богато семејство и нејзините родители имаат едни од најпознатите продавници за накит во Швајцарија па на нејзе секогаш може да се забележи некое уникатно парче накит.
Да речам, да не речам... Море ќе речам. УЖАС! Добар пример дека парите не секогаш го купуваат стилот. Не зборувам за килограмите. И ликот и’ е баш симпатичен, ама облеката .
Оф, оваа лепотава од Словачка ич не ми се допаѓа како се облекува. Баш ме утврдува во тоа дека едноставно глобално луѓето од средна Европа не знаат убаво да се облечат...или барем не по мој вкус. Ај сега можеби ќе ги налутам и верните обожавателки на Федерер, ама па ми одговараат заедно овие двајцава. Ниту него не можам да го гледам, ниту нејзе. Без вкус ми се и двајцата евентуално ме асоцираат на горчливо нешто, нит слатки, нит солени а никогаш насмеани. Поантипатични суштества, амин. По мое мислење.
Ај сега не љубоморете на жената. Очигледно дека има нешто во неа што тојго бара кај жена и тоа е тоа. Еве Викторија Бекам е жена нафудбалер, најскапи алишта има па пак е ОДВРАТНА!!! Мене баш ми е супер женава!
Јас мислам дека Мирка го гуши понекогаш! Секогаш е со него, а многу пати додека е на тренинг стои со телефонот враце или пишува пораки. Ама треба да обрне внимание на облеката понекогаш, на некои слики ми се допаѓа, убав накит носи ама некогаш е стварно запоставена, а тој секогаш е со стил! Ама ете тој ја сака...