Нема добар стил. НО таа е жена на тенисер, како сака ќе си се носи на негови натпреварувања, ама за црвен килим може да побара совет. Какви жени има во шоу бизнисот што немаат ич убав стил вие за една Мирка која ја има на 5 добротворни вечери во текот на годината се запнавте. Иначе баш ја гледав пред некое време седеа заедно на еден натпревар со Ана Винтроу шефицана на Вог, една до друга и си правеа муабет. Ако оваа не и кажала дека нема стил, ние нема да помогнеме За мене има бетер понеубаво облечени жени кои почесто ги гледаме и се светлосни години попознати од Мирка. Ријана во последно време која ја гледам ми се повраќа од нејзините експерименти. Лејди Гага е чудовиште.
И на мене Роси Јас искрено оној Феде кога ќе го видам и мониторот ми се искривува, што да правам, антипатичен ми е. Одличен тенисер, антипатичен како појава. И со женава се нашле. Оззи знам дека го сакаш Извини, мој поглед, знам дека се смее, ама и кога се смее ми изгледа закржлавено. Така да не знам зошто би и љубоморела на Мирка. А и зошто би се замарала со нејзе. Кога ќе подразмислам, многу се замараме со глупости бе девојки, кој каков стил имал. Ајт има побитни работи на светов. Што е до мене, и вреќи од кафе нека носат, ич не ми е гајле. Ќе си помислам свое ама нема сега главава да си ја трескам кој што како. Секој си има право на свој живот па и на свое немодерно облекување.
Мене не ми е толку лоша. Тоа што очигледно нема сопствен стилист ми покажува дека за разлика од некои други, не е опседната само со лицкање и позирање на црвениот тепих. Била екс-тенисерка, сега се задоволила со улогата на жена на Федерер и мајка на неговите т.е. нивните дечиња. Барем не глуми лудило ко некои други, кои се' се друго освен тенисерки, како Курникова пример, која повеќе пари намлати од спотови, реклами и врската со Енрике Иглезијас, отколку од спортот. Оваа барем не ми личи на фејк. Некако ми е ко селска мома, ама пак ќе кажам, ми делува онака баш народски тип, приземјено, а тоа го ценам. Во ваков брак реално, нема место за две ѕвезди, едната ќе блеска - другата ќе го следи. Што се однесува до стилот забележав сосем малку добри парчиња. Сума сумарум - совршена не е, ама има каде каде бетер.
Ози извини ама имам мислење дека си преоптеретена и љубоморна на Мирка. Го гушела, му пишувала пораки на тренинг, немала стил, запоставена била... Јас како што гледам тој е професионалец и најдобар во својата работа, и паметна личност да знае да одбере со која личност ќе има деца и ќе живее среќно. Стилот не го дава карактерот на личноста. А офтопик не бев со мислење и слики на далеку попознати личности од Мирка. Мирка тука 99% од девојкиве не ја знаат. Таа е домаќинка и сопруга на тенисер. Не е позната личност!
Јас сум преоптеретена со Федерер, тоа го признавам ама Мирка ми е симпатична како личност затоа што му е сопруга и му роди две деца! во мојот фолдер за Федерер имам цела папка со нивни слики, но не ми се допаѓа како изгледа, запоставена е! тоа е факт! И вистина е дека нон стоп му пишува пораки кога не е со него, сепак го следам Федерер Он и Офф Корт! Но ова не е тема да разговараме за мене туку за Мирка и нејзиниот стил на облекување, ако некои не знаат која е не мора да пишуваат! и јас многу работи не сум знаела но тука ги научив!
Мислам дека ако не знаевме која е женава, а да постираше слики без глава во Модни критики за храбри феминки, ретко кој ќе ја пофалеше за стајлингот.
Ози џабе и е какви да носи чанти кога не ја бива. Инаку девојки имате многу оф-топици, пишувајте за неа, а не не е позната, па Ози и љубомори. Мене девојкава не ми се допаѓа, иако не е многу експонирана во јавноста, сепак треба да внимава како изгледа.
Е како би можеле да љубомориме на некоја позната личност? Да ми беше Федерер достапен, реално да можев да бидам со него, па да и љубоморев, ама вака не разбирам како би можела да и љубоморам
Тие работи не може секој да ги разбере, затоа така велат. Јас далеку од тоа да и љубоморам, јас премногу го сакам Федерер и мило ми е што има дечиња со неа, тој во секое интервју ја споменува Мирка.. Ама реално е дека нема стил, некогаш знае ептен да се запостави, а секогаш е забележителна покрај него, нашите магазини не ги објавуваат многу, но светските- да!
Ауууу ужас!!! Треба да научи дека е делумно позната личност, под итно да си најми стилист кој ке ја средува за во јавност....Катастрофа и уште еден доказ дека парите не можат да купат стил!!!
Е сега кој знае знае..кој не сега можеби ќе прочита!(читам неколку офтопици па и јас ќе пишам еден) Јас го обожавам Федерер..со него плачам,со него се смеам..може да ми упропасти дел од денот,може да придонесе денот да ми биде еден од поубавите..Мене ми е харизматичен,пријатен за очи,прекрасна комплетна личност. Е сега за Мирка...ако не беше таа Федерер можеби немаше да биде ова што денес е..Но темата е пред се отворена во Мода и стил,затоа ќе прекинам со офтопикот и ќе продискутирам за нејзиниот стил. Мирка е значи екс тенисерка,жена на тенисер и негов менаџер.Жената нема стил тоа и јас го велам,но погоре прочитав некои споредби со Викторија Бекам.Тука неможе да се направи никаква споредба,Викторија е жена која е во водите на модата,има своја линија,креации,парфеми.. Сепак мислам дека Мирка и не е некоја ептен јавна личност,па не сум се замарала баш за стилот нејзин.. Па баш и за тениски меч незнам што би требала да облечи..На некои слики ми е сосем океј,на некои катастрофа... А за љубоморна,дефинитвно не сум Пред се си го гледам Федерер како идол..
Темава е претерана...зошто и како разберете сами. Мирка ниту ја знам,ниту ја познавам,сега прв пат слушам за неа,а повеќе од јасно ми е дека најмалку е повод нејзиниот стил.Имам чувство као да е жена на нечиј бивши дечко...
Мирка прв пат ја гледам , ама ми се допаѓа. Зарем треба да биде анорексична со излезени жили на рацете и лузни зад ушите, во црно и анимал принт ? Си тера како си сака, тоа го почитувам.
Прв пат ги гледам и двајцата,тука,и типката ми е ок само своја тоа е најбитно,и поубава за разлика од него.(погодени се и двајцата).
претпоставувам на мене се однесува ова!? .. уф ама комплимент добив хехе,фала виножитче...Па мене нешто не ми смета нејзиниот стил, ја поддржувам девојката со примерот за Викторија Бекам (не се сеќавам која точно напиша , извинете)...изгледа ние тенисерките си држиме линија (тренирав и јас тенис но пред многу години)..
Ози, мене женава ми е баш ОК, си има некој кежуал стил и готово Ако не му смета на Роже што има ти да се нервираш , кулирај малку Плус ако телефонот и е цело време во рака додека тој е на тренинг, не значи дека му пишува на мажот, можеби прави нешто друго И да, и јас сум за клуч на темата, сори
Ако сакаат нека ја заклучат, макар што јас не гледам причина за тоа.. ако е така барем кажете кои феминки и какви теми да отвараат да си знаеме кои се привилегираните! Инаку јас разгледував уште некои слики и пријатно се изненадив!
Само на последната не ми се допаѓа... Сигурно мажот и имал удел во изборот на креацииве, поготово на втората слика