Ози , на последниве слики ми се допаѓа , навистина следам тенис и немам замерки за Надал (иако сум фан на Џокович ) А за Мирка : Ма дајте искулитајте , женската си е кежуал , за на ред карпет требало да се потруди повеќе (да се надеваме во иднина)...Па што и ако е полничка ? Небаре за неа нема облека.. .. Во секој случај супер ми е што не обрнува внимание на облеката..
Како очајна домаќинка ми е Знам не може сите да бидат модни икони ала Бекамица ама и ова не е работа Федерер не ми е кој знае што ама кај не го давам за оваа на некои слики како мамичка му е
Немав претстава која е жената, прв пат ја забележав на финалето на Ролан Гарос. И ми се допадна како изгледаше. Сега ги листав сликите постирани од вас, и навистина на некои фотки изгледа глупаво во комбинациите. Сепак, како што самата кажа, повеќе време посветува на сопругот и децата, што не е чудно дека нема време за вежбање и средување, за разлика од холивудските ѕвезди чија основна обврска е да дремат по неколку часа во козметички салони. Да, за гала вечерите на кои присуствувала, можела да побара стручна помош - како што гледам се дружи со Ана Винтур ... сепак, тоа е нејзин избор.
Дури и тој подобро се облекува од неа. Искрено, јас верувам дека секоја жена може да се среди ако сака, па уште како што сте споменале погоре оваа била и поранешна спортистка, воопшто не треба да изгледа вака како што изгледа. Најверојатно тука игра мрзата.
Тој и на терен е секогаш стокмен! Сите тенисери коментираат дека се восхитуваат на начинот на кој тој се држи на теренот, никогаш не му е растурена косата, ниту изгужвана облеката, ниту пак му тече пот како од чешма...
Него не му треба некоја манекенка или спонзоруша. Веројатно он ја сака бидејки го разбира, подржува во се и кога имаш разбирање не ти е важно дали е малку пополничка или не.
Оваа тема треба да се префрли во исмејување на туѓите недостатоци затоа што сите се фрлате како ги цените луѓето според она што го носат во себе а не според надворешниот изглед а тука сте ми отвориле тема наменета за исмејување на жената, дебела била, немала стил....тоа ли ви е најважно во животот
смири се девојко. Никој не ја навредува Мирка, зборуваме за нејзиниот стил, гледаш и сама дека некогаш стварно не води грижа за себе.. Но никој не ја исмејува.. Не настапувај така остро, прво разгледај! Јас што ја отворив темата и што сум страстен фан на Федерер ја сакам Мирка и мила ми е, но треба да поводи сметка понекогаш, бидејќи оди покрај човек со беспрекорен стил! Макар што сега гледам дека секогаш е средена..
Да не коментирам за нејзината убавина, љубов....дрн дрн таа си знае и си живее како сака, али во нејзиниот стил ја приметив таа европска скромност. Значи не пати од комплекси да е холивудски шајн, си носи тоа што си сака и како се чувствува. Нормално забележувам дека на свечености се средува а онака за по секој ден е повеќе спортски тип. Како бивши спортист не ме ни чуди дека патика и е позгодна од штикла. Свесна е се што може да има ама едноставно не робува на модата и ужива во животот. Полничка е ама убаво и стои
А бре жени, жени, можте до утре да си редите овде ваква е таква , има нема стил ама важно си има убав маж кој ја сака?? Си има. Среќна си е во животот и исполнета?? Очигледно. И што сега ако не е како Викориа Бекам страчка никаква безизражајна.
Не викам дека мора брендирана облека да носи, али може колку толку да се уљуди.. Маж и милијарди има може да си најде некој стилист, па макар некое модно списание да разлиста. Според мене Федерер е еден од најубаво облечените спортисти ако не и мажи воопшто. Не и обрнувам многу многу внимание ама неможам да не и забележам на невкусот во облекување. Кога ќе ја видам во ложа, стално ми е ко "од на нива да дошла", некогаш е и со крајно маслосана коса - побогу жено, цел свет те гледа, у прва ложа на Вимблдон си седната, не идеш на пазар по крставици...а камоли па на друго место... [а и искрено крајно незаинтересирано ми делува, последниов пат, цел меч го помина зјапајќи во телефонот, кога и да ја дадат али тоа е мање битно ]
Абе не дека и он е убав ама оваа ли му е жена??? Ноу комент за начинот на облекување.Сепак иако не е позната жена е на мноогу познат тенисер,не и доликува да шета облечена како за на пазар.