Ја ќе ви кажам на сите дека никогаш не сум ја видела Мирка со "маслосана коса".... Косата и е секогаш убава, а за стилот на облекување ќе кажам дека порано сварно имаше некои утки,но веќе многу долго време ја немам видено несредена....Секогаш си е со некое саатче,алка, убава ташна,кошулка и сл.
Така е! Ни јас не сум ја видела со мрсна коса.. Одамна! Особено откако се породи многу посредена е и некако ко посимпатична. Малце ослабнала, а Роџер ја сака бре! А за тоа коментарот погоре со мобилниот, сакам да ви кажам дека таа всушност контактира со Роџиевите менаџери, спонзори и слични ствари за кои и она е задолжена, а верувам дека тогаш има најмногу време да ги среди тие обврски, и притоа да е присутна на мечот, за да знае Роџер дека е таа тука. Не мислам дека бидувајќи со децата Мирка сака да го мине времето на телефон праќајки меил-ови и пораки до надлежните. Порано размислував незрело и љубоморно за неа, но веќе одамна на неа гледам како на жена која беше присутна на СЕКОЈ меч што Роџер го одиграл, а кога се породи не присуствуваше само на еден турнир на кој тој играше. Мирка е со Роџер 10-11 години, тој имал само 19 години кога ја запознал, таа му е се во животот, пораснал покрај неа.. Сметам дека е најважната личност во неговиот живот и во неговата кариера.
Taa e vo negoviot zivot dosta dolgo kako sto znam,ocigledno na nego ne mu smeta nejziniot stil,iako moram da primetam deka kosata i e sekogas sredena,a za stilot...sekoj so svoj vkus
Ова фустанче е многу интересно(инаку оваа прилика е за нејзиниот роденден) ...Мислам дека Мирка со тек на време се поубаво се облекува А иначе на третава слика Федерер е
Мирка е прекрасна! Фасцинира колку го бодри и поддржува својот сопруг, како секогаш се соживува со неговата игра. Сигурно тоа е резултат на фактот дека е поранешна тенисерка, а сега најголема поддршка на Федерер (освен некои како мене ). Во моите очи се прекрасен, заљубен пар, со преубави дечиња и се надевам дека уште долго ќе имаме можност да ги гледаме, т.е. дека Роџер уште долго време ќе не воодушевува со својата игра на тениските терени.
Јас знам за Мирка уште од 2009та. Одкога ја заврши нејзината кариера, таа е и менаџер, жена, мајка. Мултифункционална жена на која и завидувам. На секој може да му се случи да погреши за стајлинг и нормално дека ќе биде полничка, 2 пати бремена на близнаци. Некоја да е така ко топка за пилатес ќе се стори ( без навреда да се разбереме ). Таква им е срежата. Да имаш 4 деца, да контактираш и менаџираш све живо и диво, не е лесна работа. Јас капа и симнувам.
Мирка е огромна поддршка, од моментот кога се заедно Федерер има подем во кариерата, пред неа нема освоено ниту еден грен слем
Не ми се допаѓа како изгледа Мирка, дебелка е и грда според мое мислење а за облекување искрено не сум ја загледувала.
Баш сега ја гледав на гугл.. Она ако е дебела... одам да се обесам некаде Дебела била некоја, чечкалица некоја друга, стап за чукање ореви, даска без цицки... епитети имаме за извоз.. Па грда? Да не и завидуваш малку? Иако убавината е релативна, женава е далеку од грда.. Не можете ни вода да и носите