Мирниот сокак (Сител ТВ)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од cresa-jagoda, 30 септември 2014.

  1. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    5.016
    Допаѓања:
    24.883
    Пол:
    Женски
  2. Nezamenliva

    Nezamenliva Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    110
    "Мирниот сокак" е приказна за двајца млади чии различни животи ќе се спојат во еден ист свет во кој и двајцата ќе мора да трпат жртви. Билал е млад дечко кој е израснат во традиционална и многу религиозна фамилија и работи како таксист во сиромашната населба. Неговиот татко е мртов, па грижата за него ја превзел Хасан. Од друга страна, Фејза е убава и разгалена девојка која доаѓа од модерно и богато семејство. Нејзиниот татко е богатиот Неџметин Бег. Билал и Фејза одат на ист универзитет и учат на иста насока, но нивните животи се тотално различни. Другарката на Фејза, Лејла е тајно вљубена во Билал па во една кладба меѓу двете другарки, Фејза вели дека она ќе биде првата што ќе го заведе Билал. Но ништо повеќе нема да биде кажано на шега. Малата игра прераснува во голема љубов меѓу Билал и Фејза, во која и двајцата се менуваат. Билал повеќе не ја гледа Фејза како само богата и разгалена девојка, а таа почнува повеќе да се интересира за реалигијата и традицијата. Таквата промена на Фејза почнува да им пречи на нејзиното семејство и пријатели кои не може да ја прифатат нејзината врска со таков човек. Модерната девојка во име на љубовта ја облекува бурката и застанува на страната на традицијата.


    Улоги: Selin Demiratar, Kutsi, Güven Hokna, Sinem Öztürk, Gökhan Mete, Yeşim Salkım, Paşhan Yılmazel, Hakan Eratik, Fatma Karanfil

    [​IMG]
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    9.091
    Пол:
    Женски
    Серијава се гледа дека ќе биде како останатите сиромашен се вљубува во богата и таа во него и пречки од семејството, ништо посебно + ќе биде досадна и долга исто како имитација на џивотот бесмислена.Мојот прв впечаток не ми замерувајте можеби ќе ми се смени мислењето :D
     
  4. ristovska123

    ristovska123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    64
    Од како почнаа да ја даваа не ја гледам,ама утрово онака репризата ја гледав и многу ми се допадна серијата и актерите исто така :D
     
  5. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    2.370
    Пол:
    Женски
    Многу ми е филмски направен филмов, поглуп не сум видела. Оваа богатава со овој таксистов се среќаваат на секој чекор, ај 1,2,3 ама ова е претерано, како да си закажувале во толку саатот дојди овде, во толку саатот дојди онде, а не дека е случајно па и во толкав милионски град се не се во село со 10 жители |( . Поготово вчера или неќна незнам кога беше му давав последна шанса на филмов :lol: и баш убаво се сеќавам дека рекоа дека таксистов вози само ноќна смена и тап господинов носел патници на гробишта сред бел ден |( .
    Глупости, а си мислев дека ќе биде многу убав. Штета. :|
     
  6. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    5.016
    Допаѓања:
    24.883
    Пол:
    Женски
  7. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.064
    Не разбрав како умре Јусиф,поради каква грешка?
     
  8. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    3.193
    Пол:
    Женски
    ^
    Нешто во врска со водата (кога падна во неа,играјќи во нејзина близина), после ја испитуваа.
    Мислам дека немало систем за прочистување.
     
    На vickyy90 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ristovska123

    ristovska123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    64
    На Билал сестрата
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    5.016
    Допаѓања:
    24.883
    Пол:
    Женски
    А кој е татко на бебето? :?:
     
  11. Nezamenliva

    Nezamenliva Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    110
    Ја смениле глумицата, а? :?:
     
  12. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    10.721
    Пол:
    Женски
    ^ Значи најмногу се нервирам кога ќе ги сменат глумците на сред серија. Ми се одгледува и серија и се`.
    Таман ќе се навикнеш и ќе ги сменат. А баш ми е симпатична сестрата на Билал.

    Инаку, ја гледам серијава, чисто за занимација. Интересна ми е, не е напната, нема некои ликови кои предизвикуваат нервоза (освен маќеата на Фејза) и онака ми е релаксирачка за гледање, за разлика од другите серии.
     
    На IamSexyAndIKnowIt, kikav, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  13. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    5.016
    Допаѓања:
    24.883
    Пол:
    Женски
    А тој Керим што и зошто сака да му наштети на татко и на Фејза ? :?:
     
  14. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    22.028
    Керим на својот татко му рече дека тој ќе им се освети за све и ќе направи сите во фамилијата на Фејза да патат. Најверојатно меѓу родителите имало во минатото некои проблеми.
    Инаку филмот ме нервира, како може сите да трчаат по Билал како кој знае кој да е, а Фејза како да нема друга работа и го демнее него на некој чекор. Реално која толку богата и разгалена девојка би трчала по еден сиромашен таксист, кој што во исто време ја избегнува. И капак беше тоа што она ќе сведочи против таткои. Значи како и да е неможат некои луѓе од вчера што ги знае да и значат повеќе од својот татко кој што правеше се за неа.
     
  15. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    5.016
    Допаѓања:
    24.883
    Пол:
    Женски
    Зошто да не сведочи против татко и, што ако татко и правел се за неа, зарем не е во право Фејза што е од страна на правдата, кога може да помогне правдата да биде задоволена (иако детето веќе не може да се врати), зошто тоа да не го направи? Сепак детето немаше да умре, доколку татко и на Фејза ги почитуваше еколошките стандарди и прописи. :^)
     
  16. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    22.028
    Како на филм...
     
  17. Nezamenliva

    Nezamenliva Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    110
    ^ Изгледа дека оваа глумицава што ја ставиле, во турција ја викаат "лагер" зошто во сите серии влегува на замена 8)
     
    На Barbie20 и Chimera им се допаѓа ова.
  18. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    620
    Допаѓања:
    755
    Филмов е само еден од оние кои само означуваат бројка и ништо повеќе..
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.011
    Пол:
    Женски
    Страшно глупава серија! Мислам, која е тематиката? Фејза трча ко луда по овој, а овој ко машко никако не реагира и возвраќа, само ја лади, а таа упорно вжештена. И на што личи ни имале некаква љубов ниту било како возвраќање, таа да се однесува како да имале љубов и да му кажува поетски работи? Се гледа дека и тој се чуди што е со неа. Мислам да беше заинтересиран досега требаше да реагира... а ако бидат на крај заедно (а ќе бидат), тоа ќе се случи се некако одеднаш сигурно и овој пак ладен ко ладен... и крај. Што љубов е таа жити се... Нема смисла серијава, дефинитивно не вреди да зафаќа ударен термин. Нека ја даваат таму во 9 сабајле ако толку решиле. :D
     
    На Marossa, tace73, Elissa и 2 други им се допаѓа ова.
  20. simez05

    simez05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2014
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    Јас мислам дека серијава не е мн популарна кај нас (и на СИТЕЛ тв) како што е "Сила" мислам дека 100 пати повеќе гледаност има "Сила од Мирниот Сокак затоа пред да почне "Сила даваат раклама од серијава и ја раскажуваат ( што се случува во неа ) прв пат гледам вака да раскажуваат серија а векје е почната :^) /. Сега е до кај 15 епизода кај нас а има ептен многу епизоди (2-3 месеци )- сигурно ке трае кај нас (исто така и "Сила") но засега мислам дека нема многу гледаност - Мирниот Сокак :emo: