Се согласувам со Joy1, ми се допаѓа стилот на Фејза, па претпочитам да ја гледам серијава понекогаш. Околу тематиката, веќе сте искоментирале, ништо особено, ништо веќе не видено. А само мене оваа Шукран ми е преубава?
Шукран е ракета, ептен јака. Силиконска уста а мислам и градите дека и се. Кај нејзе ја погодија во таа улога баш со марамата да шета. Инаку во филмот никакви чуства не приметувам кај никого, слаби се на тоа поле. А стилот на облекување на Фејза многу ми се допаѓа.
^ Јас пак не приметив ни силикони ни ништо кај Шукран во оваа серија, може ако ја знаете од друга вие. Иначе мене ми е складна во улогата што ја толкува. А дека ми е поубава од Фејза, поубава ми е... и самата глумица што ја глуми Фејза никогаш не сум ја сакала. А за нејзиниот стил во серијата ќе се согласам. Спојлер Претпоставувам на крај со Шукран ќе остане Билал ако умре Фејза...
^ Па така прочитав, пишав горе во спојлерот ама изгледа никој не виде. Онаа глупавана група Турски Серии на ФБ објавиле нешто во стил „погодете кој од главните ликови ќе умре“ и така дознав... Свашта, се издавало ли така крајот... друго е некој намерно да прочита, друго е да му го избациш пред нос кога и да не сака не може да не види. Колку не ми беше интересна серијава, сега уште дупло толку не ми е... Спојлер Ќе ја убие некој Селим што ќе сака да го убие Билал или да му се одмазди, така нешто... ќе ја прободе со нож.
Тој Селим да не е љубовникот на маќеата на Фејза, само што го смениле глумецот, или јас турски сум катастрофа ?
^ Ич не ми текнува ни мене кој е, а може и допрва ќе се појави. Фејза е пијаничиште, при прв проблем одма ко мажиште седнува у кафана и се опива нозе дур ја држат. Билал машко па ниеднаш не го направил тоа. Ма за него боље онаа со мараматаааа, кај ќе мачи маки со онаа. А сега случајно ми текна, не беше Селим оној што ја сака Фејза и ја убедува дека Билал не е за неа?
Абе ајде, досега десетина сцени имам гледано (ниту еднаш цела епизода) и само гледам како двеве му го билдаат егото на овој, а он ништо не праи, напатен чоек у животов. Се јави некад на една од овие барем? Се фрлаат пред куршуми, ризикуваат, трпат понижувања како со тоа он да им прави услуга ... лимунада тешка. Многу слаби карактери или пак целта им била да ги направат такви.
И не само љубов, и се свршуваат без да се бакнат, па и во брак стапуваат! Но не е во секоја турска серија така, во некои навистина претеруваат... Ај да сфатам полицаецот што не ја баци Сонѓул во Карадај, такво семејство, она ептен срамежлива... но оваа отраканава да не го грабне Билал не ми е јасно. Инаку не е Билал Мустафа Сандал, симпатичен е тој бе, Билал е грд, ништо убаво нема на него. Ни фаца ни висина, реално сеа...
Шукран е поубава од Фејза, само тука со тоа бурката/марамата како и да се вика не знам личи многу грда...
^ Да да, и мене ми е оваа сто пати поубава од Фејза! Таа дека ја дотеруваат и дека главна улога, инаку нема ништо посебно во неа. И јас и дечко ми кога ја видовме првпат Шукран без марама се изненадивме и веднаш се согласивме дека е далеку поубава од оваа. Онаа нема ништо убаво на неа бе, само висока слаба ко мотка, ни харизма, ни фаца црти, ни ништо... И во ниедна серија не сум ја видела позитивна и насмеана, мора да е до неа а не до улогите, бидејќи кој поседува нешто во себе се приметува ма каква му била улогата.
Што сакате мислете, Фејза е супер, а може Шукран е поубава, ама Фејза има ѕвезда и супер е. Види го прикачениот фајл 184793 Види го прикачениот фајл 184795 Види го прикачениот фајл 184801 Види го прикачениот фајл 184803 Види го прикачениот фајл 184860