@Lovely93 Спојлер Мислам дека Фејза умира на крај, најверојатно последната сцена, ама веќе се стари со побелени коси. Не разбрав како што, веројатно е веќе во брак со Билал, оти е облечена во бурка. Набрзина ја извртев последната епизода на турски и незнам што и како се случувало.
Спојлер Во право си и јас видов ќе пука еден во неа (првиот актер сто го глумеше Шефкет во Кога лисјата паѓаат) тука е и ќерката на Фејза и Билал која е веќе возрасна. Завршува стварно безвеза, ама и не се чудам многу зашто повеќето турски серии што ги откупуваат кај нас завршуваат така.
бидејки еднаш во неговото такси се качи една девојка бегајќи д емре и беше истепана и дојде емре ја теглеше да излезе од таксито и и се закануваше и на билал му фрли пари и му кажа гледај си ја работата и билал му излезе и се степа и затоа мисли дека не е добар изгледа е некој насилник. гледај после реприза го дава тоа вечерва
Само оваа серија ја загледав други не гледам и не сум гледал... Нез ама мислам дека насловот на серијата го промашиле.. секоја епизода, пукање , брцање со нож . закани , викање на сред улица и пред сите , и други глупости се случуваат, барем засега, а Мирниот сокак се вика серијава до сега 300 лоши работи се случија во тој "Мирен сокак" или можеби нешто друго сака да каже насловот не го разбирам...
Фејза:Билал потребен си ми биди до мене Билал: (ваква фаца праи) ок ке бидам Абе фрчат емоции на сите страни во филмот
Спојлер: крајот на серијата како јас го разбрав И јас малце гледав за да видам што се случува.Во 37 епизода завршува првата сезона во која Билал и Фејза треба да се земат мегутоа Фејза е уценета од од тој што го глумеше Шефкет во Лисјата да не се мажи со Билал.На свадбата Билал вика “да“ и Фејза иако го гледа тој на врата со пиштол на појас и она вика “да“ а Шукран знае за случката и трча да ги спречи додека овој не пука ама Шукран ке закасни и тој ке пука во Билал и мислам дека нема да има брак меѓу нив. Подоцна Билал запознава една женска и се жени со незе а Фејза, не разбрав, дали е силувана од тој “шефкет“ (мисла селим се вика) и останува трудна и се мажи со него. Он подоцна завршува во затвор а Фејза се развдеува од него и живее сама со својата керка, облечена со марама и работи како шнајдерка. После 23 години се разболува и оди во болница. Билал има син со таа жената кој станува доктор. Керката на Фејза ја посетува во болницата и таму се запознава со синот на Билал и се договараат да се земат. Докторов го вика татко му (Билал) да одат да ја запросат невестата. Вратата ја отвара Фејза и на врата доага Билал со синот да ја проси керката на Фејза. Бидна просидбата и на излегување од дома, керката на Фејза влезе дома а синот на Билал отиде по колата а овие двајца си правеа муабет на вратата. Се појавува “шефкет“ бившиот маж пуштен од затвор и ги гледа овие двајца заедно,, влага во двор со нож да го убие Билал и Фејза се фрла пред него и овој ја убива и така безвеза завршува.
Мајка ми ја гледа серијава. Мене воопшто не ми се допаѓа. Сите женски во серијава се вљубиле во Билал како да е бог знае што, па и кога го видов крајот мило ми е што не ја загледав
Кој ужас, Бог да чува е серијава... Некој па имаше пишано дека Билал и Фејза ќе имаат заедничка ќерка па после тоа (на старост) ќе биде Фејза убиена. Очигледно тоа не е точно, вистинскиот крај е уште бетер.
Да се надоврзам Хасан таткото на Шукран ке умре а пред тоа ке разберат сите дека има уште една керка и која е ..Сестра и на Шукран ке сака да си оди ама Садет нема да дозволи и таа ке остане со нив да живее татко и на Фејза ке се освести и ке почне да соработува неш со Шефкет а инаку Фејза ке почне да работи кај него по препорака на Лејла...Нешо и Емел ке биде врзана со овој Шефкет ке кова неш а он па за да ја добие Фејза...После тоа и мајка и на Фејза се појавува во филмот но неможев да сфатам шо ке се случи со нив Ваа сестра и на Шукран ке отвори кафетерија таму ке работи а ке си се плетка со Емре и ке крие а Емре оди со неа за да и се одмазди на Шукран...Билал ке има жена и таа на порагајот ке умре ете ви го цел филм
После ке се појави и еден убавец кој ке ја сака Шукран и она него вајда ке ја побара и за жена ама неш ке му се случи изгледа на тој..овој Керим ке си заврши во затвор