1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мирот

Дискусија во 'Канта' започната од jassna, 27 мај 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. jassna

    jassna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    2
    Еднаш еден човек ми рече сакај чедо , сакај за да бидеш сакан ...така и правев сакав , премногу го сакав но тој не ме сакаше јас не бев сакана од него .

    Тој не ја знае мојата тага за него несакам ни да му ја покажам зошто знам дека е со друга , ме боли мислата дека тој ја сака неа а не мене .Целата младаост ми помина со плач ,пискотници од плачот на моево срце кое премногу го боли вистината ...сакам да му помогнам но тоа полека се гуши и испушта вресок со бол како од жиг нанекое подгреано железо ,кое полека го удира и го жигосува ,,Господе помогни ми градите ке ми пукнат од гушењето ,очите крвави немаат повеќе солзи за плакање . Бледа сум усните темносиними трепереа како и моево тело ,ги вртев очињата и гледав наоколу каде сум , што правам сега зошто ми е тешко..но немав сили да прозборам не геледав ништо предсебе ,ми се вртеа работиве , не ги препознавав .Тешко ми е и болот ме убива полека ,се молам да ми помогнат но и тие незнаат како ,ги гледам со замаглено светло во моиве очи ,ги гледам далие тоа ликот на мајка ми која бесконечно испушта солзи, плаче и нешто зборува мрмори со усните ,но не ја слушам .Единственото нешто што го слушав е одчукувањето на моето срце кое забрзано чукаше.Ме избива ладен пот се тресев и тогаш заспав .

    Се разбудив некаде далеку ,далеку во еден убав но мрачен свет во кој влаедееше мирот ,талкав наоколу се губев и пак се враќав но немаше никого освен јас ,се зачудив каде сум? ...имаше ливада голема ливада во која цутеабезброј миризливи цвеќиња ,имаше и чудни бубачки кои летаа на кои им се возхитував седнав и ги гледав .Облаците се претвараа од една во друга боја се беше весело и убаво , незнам колку време помина , но единственото што го знаев е тоа дека се ми изгледаше како таму да не постои времето . Така гледајќи реков “зошто не си тука со мене во оваа прекрасно место “ одеднашкако цвеќето да се разбуди се заврте и ми рече “не тагувај девојче, многу тага имаш во себе заборави го минатото и продолжи со животот ,”.

    Јас се зачудив ,како е возможно тоа ,цвеќето да зборува ,во далечините се слушаа пискотници некоја врева ,некој плач , некоја болка ,го слушав гласот на мајка ми ,која плачеше и ме проколнуваше да се вратам .Но незнаев како со самата мисла продолжив да го следам гласот .

    Се вратив со мислите и полека ги отворив очите таму беше мајка ми ,татко ми и моите сестри кои плачејќи се насмевнуваа и ми рекоа се врати ,жива си .

    Татко ми ме погледна во очите , ме бакна и ми рече “која сила те врати во живот ќерко моја “ ,јас незнаев што да му одговорам , со мојата рака му ги тргнав солзите од образите и му реков “те сакам тато “.

    Поминуваа денови јас сеуште немав сили да станам од креветот сите се шегуваа со мене сакајќи да ме развеселат но јас сеуште ја носев болката во себе иако се вратив од смртта.
     
  2. plavusaaa

    plavusaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    45
    аиииииии... :sweat: ова е вистина или што...????? колку е тажно :|
     
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.051
    Што е сега ова??Дај појасни за што се работи..мене не ми личи на тема за дискутирање :^)
     
  4. bilkata

    bilkata Администратор

    Се зачлени на:
    4 октомври 2008
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.679
    Кога отварате тема, искажете мислење, побарајте совет или поставете прашање.

    Темите треба да поттикнуваат дискусија. Од првото мислење на оваа тема не станува јасно дали се работи за вистинска случка и дали и каков совет се бара, па затоа е заклучена.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.