1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Миро

Дискусија во 'Религија' започната од mal.ecka, 5 август 2013.

  1. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.254
    Допаѓања:
    124.734
    Бев на манастирот св.Наум и еден другар си купи миро(светено масло)па зедов и јас.Дали некој е упатен и знае повеќе во врска со оваа тема.
     
  2. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Пржењето јајца со тоа се скратува за пола време? :P

    На озбилна нота, мислам, нели се прават кандилца со вода, масло и фитил. Во обична чаша за вода, тапа од пиво... и не знам од што се прави фитил...Сум видела за мртовец кога се чува имаат правено такви кандила. Така да логично горење на едно такво кандило со светено масло би му дошло како горење на осветени свеќи? :^)
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Миропомазанието е Света Тајна во која преку помазување на одредени делови од телото (чело, уши, нос, уста, гради, рамена, раце и нозе) со Свето миро, во името на Пресвета Троица, на крстениот му се даваат посебни дарови на Светиот Дух, кои го крепат, осветуваат и усовршуваат во духовниот живот (Мт.3.16; Мк.1.10; Лк.3.2). Се извршува после Светото Крштение. Тоа што за телесното напредување на новороденчето е мајчиното млеко, тоа за духовниот напредок на новокрстеното новороденче е Светото Миропомазание.

    ТАЈНАТА НА СВЕТОТО МИРОПОМАЗАНИЕ

    П. Што е миропомазание?
    О. Миропомазание е тајна со која се излива благодатта на Светиот Дух врз новокрстениот.

    П. Со каква материја се врши оваа тајна?
    О. Со миро осветено од православен архиереј.

    П. Каква е формулата?
    О. Зборовите: Печат на дарот на Светиот Дух, амин.

    П. Што е потребно да се внимава во оваа тајна?
    О. На мирото да не му биде повредена благодат- та. Ова миро не може да го освети обичен свештеник, туку архиереј и секој свештеник е должен да има миро осветено од архиереј.

    П. Од што се прави светото миро?
    О. Од дрвено масло и други видови тревки и масла.

    П. Каква благодат стекнуваме со миропомазанието?
    О. Се запечатуваме со дарот на Светиот Дух за да бидеме тврди и постојани во верата и во сите христи јански добродетели.

    П. Што да се прави со православните хрис- тијани коишто отстапиле од својата вера и поживе- але во неправославна вера, како, на пример, магоме- танска или еврејска и јазическа, и ако пак сакаат да се обратат на православието, потребно ли е тие пак да се крстат или не е потребно?
    О. Не е нужно да се крстат, туку само да се помазат со миро при што присоединетиот е должен да иска- же одрекнување од својата заблуда.

    П. Се дава ли оваа тајна по вторпат?
    О. Им се дава на царевите при стапување на царството.

    премин портал

    http://www.mpc.org.mk/svetaktuelno.asp?id=3673
     
    На kuc, shushu, Mama25 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Постојат неколку видови на миро:
    1. Миро кое го вари поглаварот на помесната православна Црква, со кое се миропомазуваат новокрстените. (детално е објаснето во погониот пост од Абеја) Ова миро не се продава, а можат да го користат, т.е. со него да миросуваат само владици и попови.
    2. Миро - (осветено) миризливо масло кое се продава во манастирите и црквите, со кое можат да се мачкаат верниците за здравје.
    3. Миро кое протекло од коските(моштите) на миросаните (крстените) луѓе, но некогаш течи миро и од крстови, икони, фотографии, одежди итн. Најчесто течи од коските на великите светители: свети Димитрија Солунски, Свети Симеон - Стеван Немања итн. (Кај нас во Прилеп, најголем благослов за покојник е: Да му/ѝ се коски миросани!)

    Мирото кое си го купила е најверојатно од типот 2. и истото можеш да си го користиш за миросување на челото (правиш крст на чело со маслото, со прст, чепкалка или шишенцето).
     
    На GirlLove, kuc, Witchman и 5 други им се допаѓа ова.
  5. eticka

    eticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    85
    Би сакала да знам и ќе бидам многу благодарна, а верувам и на многу други ќе им биде мило да знаат каде во Македонија, во кои цркви и манастири тече свето миро од коските на големите светители или од икони. Кој знае обавезно нека напише.
     
  6. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Најтешко е да се најде Миро направено над моштите од некој Светец, ама затоа изобилува со огромна позитивна енергија, те препородува.
    Последно си купив миро од Св.Еразмо (на патот Струга-Охрид е), само мириливо масло е, не е од мошти.
    Прекрасно мириса, се мачкам на чело наутро и пред спиење, ме смирува и опушта. :)
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. agios

    agios Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    562
    Надополнување. Извадок од текст кој можете да го најдете на линкот: http://amvon.mk/pomazanija-so-elej/

    Постојат четири видови помазанија со елеј (масло).

    Првото најпознато елеопомазание е она, кое се извршува со помош на елеј, осветен од седум свештеници: тоа, како таинствено, со силата на своето дејство, му дава на болниот благодатна полза и лекување на сите немоќи.

    Второто се дава со елеј, како оној кој се зема од кандилата поставени пред гробовите на мачениците и пред иконите на некои светии, како и она, кое заедно со лебовите се осветува на сеноќното бдение.

    Третото се извршува со крстообразно, т.е. со знакот на крстот со обичен и неосветен елеј, и со кажување на зборовите од достопочитуваното име Божјо: „во името на Отецот и Синот и Светиот Дух“. Тоа помазание го востановил самиот Христос Господ, кога им дарувал на Своите ученици власт да исцелуваат секаква болест и секаква рана, како што се вели: „и многумина болни помазуваа со елеј, и лекуваа“ (Марко 6, 13). Впрочем, ползата од ова последно помазание не зависи непосредно од самиот обред, но произлегува или од заслугите на вршителот, или од верата на оној врз кого се врши: бидејќи во овој случај иако дејствува и свештеникот, но дејствува со обичен елеј, неосветен со посебна молитва. Тоа елеопомазание може да се врши и врз неверници. Барониј (во 193 год.) пишува: „Императорот Север е милостив кон христијаните; тој имаше во својот дворец еден христијанин Прокул, кој го исцели него со свет елеј од тешка болест и беше при него до својата смрт“. Помазание со обичен елеј извршувале понекогаш и непосветени луѓе, како на пример, Симеон Столпник и други слични на него, кои немале свештенички чин, како што се спомнува во житијата на светиите.

    Најпосле, четвртото елеопомазание се извршува со помош на оној елеј или миро, кое чудесни истекува од моштите или гробот на некој светител чудотворец, познат под името мироточив. Помазанието на разни немоќни делови од телото со тоа миро дава брзо и чудесно исцеление од болестите.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  8. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    Еве една книга за животот и делата на Миро во изд. на Taschen:

    [​IMG]