Ах да е една мисла добро ќе беше ...ќе бидеме ли секогаш вака среќни како што сме сега ? само да се средиме и се да ни биде како што треба...
Кога некои мисли често се вртат во глава голема е веројатноста да преминат во опсесија. Не сум тип на личност што може да поднесе нешто да ме обземе до степен на вртоглава окупација.
Треба да станам да мијам садови...Уффф ама ме мрзе, едни измиј -други се насоберат. И да го чекам ли другар ми на гости или утре ќе дојде?...ШО ГО НЕМА УШТЕ, А КАЖА ОТИ ЌЕ ДОЈДЕ! Или да излезам...Ама ако дојде па, а мене ме нема...Хммм, шо да правам, шо да чинам.
Во моментов размислувам за тоа колку сакам да си заминам некаде далеку и никогаш да не се вратам назад во оваа земја !